Ќе брмчи се ќе прави ехее. Ама дека ќе имитира песнички на 5 месеци Јас те бркам тебе по темиве ама рамо за тешење си ми Најсчични се нашиве бебиња Од кога ти намали за млеко пиење? Ноќеска едно и сега испи 130 мл а знаеше до 200 да пие.
Ехеее од декември ми намали. И слабо и кашички јаде или пак незнам да и натемпирам време. Педијатарот вика да си се помириш со тоа дека млеко не сака. Нема ни да сака понатаму. Да се насочам кон кашички, а млеко колки сака толку.на тоа нејадење арно и стави 180 грама за 3 недели
Последица од 4иот скок ни остана нејадење и станување ноќе на секој саат. Сега во 5ти скок си остана ова и плус од некни постојано кенка, кенка и на под, кенка и во раце. Ќе изигравам малку кловн се смирува ама тоа трае 2-3 минути и пак продолжува. Ова кенкањево и плачењето е од скокот?
Да не вади и заби заедно со скокот? После 5ти скок две единици горе видовме, а немаше никаква најава за нив
Ве молам да ми пресметате не се издржува ова ако не е скок не знам што е. Термин 19.12 2021 А родена на 14.12 2021
Подршка мајка... Ние само што излеговме. Се надевам лесно ќе го поминете. Јас се наплашив од овој скок, уште сега ме фаќа страв што читам за 4ти и 5ти, штом овој беше хаос.
Луѓе кажувајте чаре, малава само на цицка спие ова не е фластер, не е лепенка не знам што е по 1 саат лежам до неа за да одспие 20 минути, немам нерви веќе да лежам.
2 недели, ама не беше хаос секој ден, може да кажам секој втор, ама најтешко првите денови. А од скокот ни остана заспивање со плачки, гребење, нервоза..., дневни кратки дремки, лесно спиење, спиење во раце, спиење со мама (никако креветче), будење ноќе на 2часа.. Ама ни донесе и убави работи, обиди за гугање, изпуштање на звуци, смеење, се интересира за околината, детските играчки му се интересни за гледање (посебно шарените), контрасти му привлекуваат внимание.
Многу бе 2 недели. Она и сега се смее и ја слушам и до сега како проба да гуга се смее исто прати играчки. По тоа што го кажуваш ќе има шанси кај нас скокот да бил и некој ден порано ама сега го осеќам на кај јако
Кај нас почна 5 дена порано, по датум на раѓање не по термин. Бебуш се роди 36+3. Индивидуално е. Ај ќе издржиме, најважно е што носат и многу убави работи
Проблем со не јадење во 5ти скок имавте? Ние се ближиме кон громчето, цица колку да преживее... прв пат вака
Офф страв ме фаќа од вчера цицање само во спиење, дур е буден шанси нема да фати. Бебе што цицаше максимум на 2 саати, сега цица на 5-6, а уште сме далеку од громчето