26та недела ХОРОР 2 цели денови премногууу плачеше, си фати температура и бевме на дежурна и нема ништо , денес ќе провериме крвна слика а синоќа полошо неможеше да биде, со саати многу плачеше без прекин, несакаше ич да цица , вриштиии
И кај нас е 26та страшна, среќа утре завршува па се надевам ќе е по старо. Цел 5ти скок се трпеше имаше малку измени во дремките кога 4 кога 3 и некогаш почесто будење со нишање навечер. Ама 26та недела. Исто. Вришеше три, четири дена, не дај боже да не си до него. Дремки дневни максимум 30 мин. За глава се фаќа се тегне... Ваљда има крај
Колкава е? Нормално е тоа мајка, си бара топлина, близина, и мирисаш на сигурност и затоа е тоа така. Моево е 9 месеци па поубаво и подолго спие ако спијам до него.
3 месеца е, во 4ти скок е, ама она и кога сум со неа не заспива она цврсто спиење него плитко и си го бара цицето после 10-15 мин се штрека се буди, преку ден повеќе од 1 час не спие на рати, никакп не бива ни до неа ни на цице ни надвор, навечер едвај се успиваме со плачки пред 23 никогаш не е легната ама навечер не прави така си спие со едно-две цицања до сабајле е сега спие кога како некогаш по 8 саати некогаш по 9. Немам памет веќе што да направам, малеџка е нервозна е ништо не и се погаѓа пошто не е спиена
Знам како ти е, исто беше моево, со плачки нон стоп и спиење како зајче. Додуша, уште лесен сон има ама денски врзува повеќе сега, да не го урочам. Главно кога сфатив дека плаче пошто е уморен, го оставав да ми спие во раце, потпирав перници околу мене и под него и така спиеше сигурно 1-1 ипол саат, пробај така. Инаку нормално е кај 4тиот скок да се случуваат промени во сонот, тогаш има регресија во спиењето и им се трансформира сонот како на возрасните, со повеќе РЕМ фази. Заследи си ја heysleepybaby на инста, еве ти нешто околу ова.
Да да баш и јас ја приметив дека многу лесен сон има односмо она РЕМ спиење, секако пробувам де во раце де со цице шетаме колку што времето ни дозволува, е единствено на меше несака ама ја ставам по малку 5 минути 5 битно да преседи. Фала ти ептен баш ссга одма ќе ја заследам страната
Девојки ве молам ако може некоја да ми пресмета за бебе родено на 12/01/2022 со термин 23/01/2022. Фалаа
Еве 26 недела, моментално кај громчето... мојата жалче е, се гледа нешто дека ја мачи, од како заспа во 8:30 се буди 4 пати, во раце спие на кревет веднаш се буди. Презаспива после долго нишкање а само 1 по полноќ е . Малото како е?
Подобар е, во петок 27ма недела ќе бидеме.. Се надевам дека ќе биде подобро и полабаво. Знам 29та и 30та недела се учат на дистанца ако не грешам. 6ти скок која недела е?
9 скок го поминавме конечно и уште еден ни остана. До сега дефинитивно најтежок ми беше 5-от. Сите беа тешки, во 3 и 4 имавме мака со доењето и цицаше само заспана. 5от беше ужас за заспивање со нишкање по 1-2 саати за да заспие и само што ќе се доближев до креветче-одма се будеше. Денски имаше ептен кратки дремки. 6 и 7 онака, по неколку непреспиени ноќи и во 6от само до мене сакаше да спие. 8от беше -ваков. Денски спиеше одвај 1-2 саати, ноќе журки, некогаш и плачки, 2 заба одеднаш вадеше и плус прооде тогаш. 9-ов исто неколку дена тешко за заспивање па искористив прилика да ја научам да си заспива во креветче, беше ужасно тешко некои си 2 недели ама се научи важно и добро спие навечер (со исклучок на неколку непреспиени ноќи во кои само така будна си лежеше, и ништо не правеше) плус премина од 2 на една долга дремка. Едно што приметив во сите скокови дека проблемиве со спиењето ѝ се поизразени при крајот на скокот, после громчињата. Во сите скокови пораздразлива, повеќе бара во раце и внимание, да сум до неа. Последниов скок и тантруми почнаа. Ова е нашето искуство
5ти скок завршен денес. Толку се плашев, поради траумите од 4тиот, а можам да кажам дека едвај го осетивме. Единствено спиењето навечер во 25та недела беше хаос, се будеше на еден саат, и пробуваше да лази во сон, сега веќе си се врати на старо, на 2 саати се буди. Друго ништо сменето, сама си играше како и обично, не кенкаше и дремеше по цели денови на стомак. Во 5тиов скок почна да се подава кога некој ќе и пружи раце, пее песнички, сака да прави муабет кога некој и збори ама нема глас и само писка. Превртувањата и беа од претходно усовршени, сега во 5тиов почна со обиди за лазење, газе нагоре, и шиба. Кога ја држиме во раце сака да се џитне на стомак и да лази. Исто така седи многу постабилно. Ви посакувам на сите вака лесно да го поминете.