Според дата на раѓање сте во скок,знам по нас нели сме заедно породени. Кај мене не сака да цица, ја врти главата на другата страна мене ова ме мачи, за другото ќе се снаоѓам некако
Повели Бубче 18.01.2022 29.12.2021 По датум на раѓање сте во 2 скок мајка. Еве и објаснувањатаза боите.
Ke saka li nekoja mama da mi kaze,da mi ptati od aplikacija dali sme vo skok? 4-5 dena postojano se budi navecher,zaspiva docna i stanuva rano,nema dvoenje od nego (edvaj vo wc odam,mora da sum mu vo vidno pole...) Roden e 26.07,a termin ni beshe 08.08
По термин сте во црвена зона, тоа е кога учат за дистанца и дека тато, а повеќе мама можат да си одат и сами да ги остават па ги фаќаат паники. И мојата е во тој период, лепенка за мене цело време е тоа ми е познато, ама спиењето… На пола час синоќа ми се будеше и гушнати спиевме. Ептен малку спие, преку ден протестира одвај ја успивам. Еве нека каже некоја мама шо поминала низ ова, се оправаат ли магично работите потоа?
Кај нас немаме проблем сеуште, не е лепенка за мене па и ви завидувам Не ни плаче кога идеме со тато... Ама спиењето навечер веќе се поремети хаха , само на цице ништо друго Може дека од раѓање е со баба дедо тета тетин дада цело време незнам Ние 29 и 4 недела сме по дата на раѓање а по термин незнам како ма да не верувам кога точно.. а по термин 28 и 2 дена Незнам дали да рачунам по дата или по термин, може и да не сме сега Не плаче често кога е сам ама брзо му се здосадува на под па го зимам
8 скок кај громчето вчера беше хорор.Втора дремка сака да ја има ама не сака да заспие.Од 17:30 се мачевме да ја заспиеме и конечно госпоѓица заспа во 20:30.Со пискање со дерење до зајдување. Денес од 16ч ја успивам еве сега заспа.Апликацијата вика уште 8 дена, леле.А почнавме и со градинка па замислите каква е.
Обично по термин се смета, ама и тие не се роботски програмирани, може и порано или подоцна да почне, кај некои бебиња скоковите се поизразени другите не ги сетат. Ама на нашите блиску им беа термините, ти пуштам среќа ништо од овој период да не почувдтвувате. @WhiteAngell мајка со лесно во 4ти скок сте. (Сликата е за тебе)
До сега не осетив ни еден скок, ама моментално сме во 5ти и еве веќе втора вечер по ред се буди на саат ипол - два. Претходно се будеше на 4-4ипол саат за млеко и инстантно продолжуваше да спие. Кога се будеше само се туфкаше и го триеше лиценцето, не ни заплакуваше. Сега се буди и почнува да плаче, рита со нозете, мава со рацете по душекот, врти брзински со главчето лево-десно... ова е тоа скок, а. Немам спиено скоро ич, а веројатно ќе почнувам со работа, dear lord како ќе се издржува. Туку, абер нема ни од вртење ни од седење. Не знае да се сврти никако, ни од меше на грб, ни од грб на меше. Кога лежи на под, лежи претежно само со мешето, нозете ги крева нагоре и не допираат до под, а рацете одма ги шири, колку и да ја ставам на лактови. Абе не зна ни да лежи на меше нормално, никаков инстинкт нема. Неколку пати пробавме ја потпревме на перници, абе инстантно почнува да вришти и паѓа странично, се смкнува надолу, одбива и да пробува да седи. Фактички по цел ден или лежи на грб или е во раце. Треба да ме загрижува ова? На педијатар сме на 11ти, а на ортопед тек на 16ти, се надевам нема место за паника.
Кога ти е во раце пробај стави ја да лежи на меше врз тебе, и кога и зборуваш или пееш да те гледа, да се обидува да ти ја фати косата, лицето. Моето на под никако не сака, да лежи само исто ,многу малку. Цело време во раце и така ја вежбав, кај нас функционираше.
Фала ти. Претпоставував дека е тој скок, последнава недела душата ми ја извади со ноќното неспиење. До сега никаков проблем со спиењето, се будеше само за цицање и продолжуваше, сега се буди на саат време, па ќе се расони, па 2 часа будни во ниедно време...хаос. Ќе помине и ова...
За џапање, граба. Коса како фаќа, ме откорнува. Туку мака ми е што не се ни обидува да се сврти од меше на грб и обратно, не експериментира со потези, со движења на тој начин. Еднаш ми успеа само да ја залажам со играчка, лежеше на меше на под, тропкав над главата, да види од каде иде тропањето, случајно се преврте на грб. Пробувам и така сега, ама не ми успеало повторно. Можно е тежината да има улога? Неколку дена пред да наполни 5 месеци ја измерија 7,800 (со 66 цм). Сега веќе сигурно има накај 8ипол кг. Можно е да си е тешка, па да не може да се поместува? А дали смее на оваа возраст (за 10 денови 6 месеци) да се потседнува апла на газе на 10ина секунди? Пример, при правење на онаа вежба кај што со рачиња се држи за твоите прсти и ја поткреваш да видиш вратот колку цврсто го држи, да ја поткренеш до крај да поседи на газе? Или рано е за тоа?
Секое дете со своја динамика. Кај нас тек после 5 скок усоврши вртење. Инаку претходно исто така правеше, ко да лебди на меше и ич нејќеше. Сега е 7++ почнува постабилно да седи. До пред 1 недела се рушеше цел на која страна ќе го завлече гравитација. Инаку исто не се замара да докачи играчка ако му ја подадеш добро, ако не пак добро Инаку и седењето им е екста напорна вежба затоа и се свлекува. Кога ќе и дојде преку ноќ се ќе почне да прави.
Ќе видиме, само за спиење е хорор веќе некое време Додека е сам не плаче, ќе видиме дали има промена или сме поминале Ќе издржиме па 6ти скок ни следува, дали е од 33 и пол недела или грешам?
Фала ти мила. Значи врти сучи секако сме во скок. Овие 2 ноќа е подобар, ама ако сме на почеток на 4ти допрва ќе биде интересно.
И ние овие денови често се будиме навечер ,дали може да ми пресметате дали сме во скок. Термин 26.11.2021 ,а родени 18.11.2021