Учаеле за дистанца во таа зона, меѓу 5ти и 6ти скок и вриштеле по мама зашто сфаќале дека мама може да си отиде од нив. Мојава или не научила уште или и е гајле зашто скоро излезени сме од црвена зона, ни ме бара ни плаче по мене. Се подава кај сите си седи со баба дедо без проблем.
Ова веќе објаснува многу работи. Веќе во ничии раце не сака, кај сите вришти, штом го земам одма мир во куќа.
И ние сме во 6 скок, навечер ко новороденче цица, ако не и повеќе. Се буди и кенка, презаспива само со цицање. Денски скрати на 2 дремки и тие едвај дур се успиеме. Од каде силата стварно не знам. Со лесно нека ни е...
Познати, непознати, сите подеднакво не ги сака. Вчера гости дојдоа, нејќе да ги погледне (а ги има видено до сега барем 5-6 пати). А гостинката па само го влече, дај ми го па дај ми го детето. Аман мори жено, оно се утепа од рикање поради неа, таа се запнала да го држи.
Значи тешко нас, уште колку ќе трае незнам... Јадење пфф што е тоа жити се, исто правам и фрлам... вчера имаше не толку лоша ноќ да кажам, али синоќа пак исто како и претходните со вриштење. Е лошото сега е што ако не и дозволиш нешто да фати што наумила лелелеле комшиите ќе не разберат солзи, солзи... Настрана со ноќите што викаш ептен се сега срцкасти во овој скок па преку ден кога е активна навистина многу работи научи, почна да се исправува сама без да се држи за нешто и стои ако не ја видам ми р'жи за да ја погледнам што направила. Го испраксира одењето по гарнитура и по ѕидот, сега гледам ако сум ептен блиско до неа се испушта и дава еден чекор и се џитка во мене Па кога ќе каже чао и пољубче ќе даде тоа ми е топење.
Во која недела е 5ти скок да припремам живци со време и има ли тоа црвена фаза измеѓу 4 и 5ти скок? Уствари поедноставно ако може некој да ми израчуна на 31.10.2021 сме родени по термин.
Ние сме прва ндела од четврти скок, до сега импресии: вриштење и плачење како никогаш до сега, некогаш и со солзи. Посебно за успивање кога станува збор. Ништо не го смирува освен количката, едно време во раце заспиваше сега не, се турка, а па цицање никако. Исто и ролеркостер ни е со емоции, се смешкаме си пееме и наеднаш почнува да плаче и да кенка. Инаку бебето ми е 3+++
Пиштење,вриштење, дневни дренки само ако имаш услов надвор ако не прости се. Саат време успивање за 20 мин спиење(ни толку). Кај никого освен кај мене несака, ама мора да се анимира пошто само пишти. Уствари мојава буквално само пишти 95% од времето. Единствена светла точка у се ова е што од не спиење се научи да легнува порано кај 21-22 часот инаку заспивање во 1. Припреми се цело време да ти е во раце. И за константно пиштење. П.с. заборавив да пишам и едно време нејќеше да цица ама после продужи малку помалку од обично ама цица.
А да. Пишувам на ново бидејќи неможам да редиктирам по втор пат. Најстресно и најлошо. Вриштење во сон. Плаче вришти да неможеш да ја разбудиш а не да ја смириш. Чувај живци. И ти праќам сила.
Мојов и сега заспивање навечер само во мене, иначе ако е во друг ќе не разберат и комшиите. Пред 23 часот не заспива. Денски од бебе многу многу и не спие, ќе преспие 30-40 мин и тоа му е. Таман фативме ред ноќе да се буди на 3-4 часа ама изгледа нема долго да трае
Их, солзите најверен другар ако нешто не е по кеиф. Па за облекување па... Порано беше борба со крокодил, сега е уште полошо, цела зграда на нозе се крева штом него пелена треба да му се облечи. Браво за женската, сонце. Син ми уште не се исправа, пред нецел месец почна со лазење. И обавезно да видат сите шо направиле, па тоа треба да се пофали. По апликација имаме уште 2 недели. Ако ги преживеам.