Мајки има ли нешто после црвена зона?? Моето одеднаш денес се утепа плачејќи , станат е од 08.30.. не сакаше воопшто да цица, никако не можев да го смирам, и дојде внука ми и се смири па после пак, и сега цицаше и заспа. Незнам зашто не се смирува кај мене кога го држам, другите кога доаѓаат се смирува или па ако е кај другите исто се смирува малку па поново исто ... Каде грешам???
За утеха, само што излезе од 5 скок се врати на старо. Сега тераме 6 скок не е многу изразен, ќе видиме кај громчето како ќе биде. Издржи мајка нема што друго
Што не чека мама во 6ти скок? И плус што се учи? Ние уште сме со последици од 4ти- освен ноќните вриштења. И како споен беше со 5иот. Го поминавме и 5ти и пак сме како во 4ти скок . Ама изнапишав....хахахха, ама некој ќе свати белким.
Не се потресувај пред време, јас вака се потресував, не го осетив. Да напоменам во 4ти ќе се разведувавме со маж, до толку беше
И за 4ти ми викаа вака ама Бога ми за потресување е. со маж ми да се оставам нема ама сите баби дедовци си добија по една недела најмалце штрајк од слики и видеа и што на ум то на друм. Сега ми е малце криво. Шта чу таква сам . Дај Боже, немам нерви веќе ама стварно немам и ко да знае златна ми е па спие денес. Ептен ја сакам. 2 саата одспа замисли. Ама солзи ми појдоа на очи кога дојде татко ми да ја види после 2 недели а он само што ја чепна почна да вришти. Дур не си отиде не ја смирив. Тоа ми беше единствена светла точка кај неа се надевам дека нема да се поремети. Една вечер нема не проспиена до сега
Аии супер е тоа. Ех да ми се врати тоа време. Абе се будев ноќта и ја гледам она си нанка до сабајле. Без да бара млекце. Ама сегаааа, лепешка ми е на цицка, а иначе е на ад..и капнува по некоја капка. феномен е. Ама јас сум за ремонт, се искичмив, се запоставив скроз. Ќе одам на масажа, морам.
Запоставување is my middle name и нема да го коментирам. Да имаше таква тема и награда прво место ќе бев. Хахаха се пресмеав со ова цицањево. Мојава у задње време не додржуе 2 саати. Ама тоа преку ден само и знам како ти е. Ме болат пупките како новороденче коа беше. Инаку не знам што ќе правам ако не дпие навечер, да не ми е вечерта мирна ќе завршам у Бардовци пошто освен викање,пиштење и плачење ко да ја боли нешто преку ден ретко има нешто друго. Господ на помош
Држи се и чувај се, не само ти сите. Им требале а и сами на себе си требаме. Анксиозност имам на Макс последнава недела дена. Лежам бебе спие и глеам филм и од нигде никаде:"а што ако се покрие со кебенцето преку глава и се угуши" и после си викам"седи тука све ти е у главата" итн.
Мојата се покрива и се смее. Ова после спиење. А јас ја мислам спие. Кога ја видов се пресеков. Имам и вреќа ама претопло е дома за вреќа и затоа со кебенце ја покривам.
И мојата обавезно го тебе кебето а јас таман сум ја успеала идам пушам цигара или у вц и да ја зирнам она будна. И од таму се ваљда и такви мисли. Се ќе пројде, ќе пораснат па ќе ги бараме кога биле бебенца.
Ние 3 ден од 5 скок, почнува разводот Исто и јас со ноќното спиење се тешам и молам бога и тоа да не се поремети. Уште тоа да се расипе и готово, одма у институција сама ќе се пријавам
Немам време ни да се пријавам, во која треба? . Башка не спиеме ноќе, а сабајле во 7 е будна. Шах мат.