Тоа со кебето го поминавме до пред 2 недели. Јас го мислам спие он се покрил преку глава и се смее Е сега неделава имаме друг момент, јас го мислам спие он на нозе Дечкото сака да оди на неполни 7м, станува во креветче, на гарнитура, па дури и од под пробува без раце Кога се држи си стои и по пола саат, ама без раце се исправува 2сек и паѓа на газ, па ај од почеток.. Битно нема веќе седење на газ
Те читам нон стоп за будењево на саат време и баш ќе те прашував дали ја презаспиваш на секое или како? Да знам да се спремам предвреме ако почне исто и кај нас. Алии алал на издржливоста стварно, ќе не пријавам заедно ако има потреба, не се секирај за тоа Еве и @Noranora со нас, топ.
Уште не знам ни јас што се мења у скоков идеме накај громчето ама ок е. Скрати од 3 на 2 дневни дремки. Нејќе кај непознати ни у раце ни да му зборат. Кога почна скокот само првата вечер на 45 мин се будеше, следниве ноќи е ок, стандардно. Не е кенкало ко у 5 скок. Многу повокален е и знае 5-10 мин сам да се заигра на под. Со вртење и буткање сегде стига ама уште газот му тежи не го дига за лазење Сега за сега ова е. Кога ќе го завршиме скокот ќе дадам инфо што се случило дополнително.
Ааа вие ептен сте напредно ниво, браво за дечкото златен. А лази ли? Мојата се влече како голем лизард со главчето лево десно за да се дочепа до крајот на коцките да ги лиже и цела фаца и е црвена и сува што од лиги што од лижење се си свашта. Ќе консултирам и педијатар да не е атопи, оти на коленцето има веќе цел месец суво кругче. Мустела стелатопиа не се покажа баш. Знам досадна сум нели, ама сега некоја ќе си праша па јас да и правам друштво нели да знае дека не е сама со неспиењето.. Кога се успива навечер знае пример цел саат во раце и само шо ќе ја оставам во креветче се буди и ја земам и пак шетам. Таман јас ќе потсредам нешто и да си легнам она ќе се раскенка миже и плаче. Е тогаш си ја зимам на цицка и си седам на спална, не шетам, и капнува изгледа по некоја капка, ама не станува за цицање, туку не знам од што. И така цела ноќ...ќе се разбуди ќе ја земам на цицка па ќе ја вратам.. Сега и прво забче имаме на повидок, ама не можам да речам дека се буди ради тоа, пошто ова траееее и траееее. Скроз ново бебе имам од 4ти скок. И ова трае 3 месеци. Преку ден си заспива на земја на стомак и ја оставам. Скроз се смени; претходно денски спиеше како зајак во раце а ноќе преспиваше цела ноќ, а сега пак обратно. Вака кога ќе размислам детево ми се смени откако примивме прва доза шестовалентна . * не сум антиваксер, напротив си поштовам вакцини, ама ете така се погоди.
До пред некој ден лазеше војнички, сега лази на стапала и на дланки многу е смешен. За атопик, моево се среди само со биодерма маслената. Имаше на коленцата, на лакти, на грб и на лице. Сега од време на време му се појавува ако е подолго надвор на ладно
А бе не се досадна, баш напротив, утешително е да се чујат слични искуства. А не ко луѓево околу мене сите среќни весели, бебињата им спијат не плачат, блабла. Или ко мајка ми и свекрва ми што ме отекуваат со леле да не го боли нешто, ау што дете ќе беше ова само плаче и нејќе кај никој во раце, моите деца не биле такви, што се тоа скокови глупости во наше време немаше тоа, и тн... Не знам зошто така нагло се сменило се, можда нагло ќе се смени на подобро па, никад не знаеш
Skokovite na site ni se teski.Mi se idelo da vreskam so bebe zaedno.Sum placela ona koga placela.Ama koga ke pominat drugo bebence,zlatno
Кои се тие што бебе им спие цела вечер?!?!? Неверојатна работа. На форумов толку жени, една не кажала дека бебе и спие 12 саати без будење. Ја се фрустрирав на почетокот коа прекина да ми спие, зашто до 3 мес, по еднаш два пати се будеше навечер. Од 4ти скок па до кај 6 мес на секој саат се будеше. Па како и воведов доручек, ручек, врска неам дал има везе тоа, почна по 2, 3 пати само да се буди за цицање. На крај краева тоа му е работа на бебе, да се буди, а на нас мајки да го успиваме. Си се помирив јас, си реков ќе си спиеш за една година во најбоље случај
Скокови глупости немало у нивно време. Нормално немало кога не знаеле. Се заборава со тек на време не е дека ние идеалните бебиња сме биле по цели вечери што спиеле Сега некои работи од првите месеци ми се избришани, не па за 30 години од сега Да било лесно бебиња да се чуваат немало сите да викаат наспиј си се и спреми се да не спиеш у наредна година дена. Од оваа временска точка мислам дека веќе никогаш нема да преспијам цела ноќ ама па кога ќе се деси тоа ќе се чудиме како сме станувале по 10 пати у вечер. Се прилагодува човек на се, а најлесно на тоа да коментираш од страна не вака не така. Ела нишкај го со месеци по 10 пати ноќе па кажи после не му давај цице за да презаспие мајка се ќе си дојде на свое. Бебуши ќе си пораснат ние пак ќе си спиеме... Ваљда
Моето до пред некој ден стануваше само за цицање т е. Не се ни будеше, само се бутне во мене, цицката во уста и спиејќи си ручка. Легнуваше во 8 30, најкасно 9 и стануваше во 8. Ама затоа сега, заспива во 9 и сабајлево во 5 (вчера во 6) стана, спремен да си игра. Па и зема ме избутка од кревет оти знае дека иначе нема да ме натера да станам.
И мојава само за цицање станува ама да преспие цела ноќ без никакво будење, се деси само еднаш од кога е родена, мислам 2 мес имаше. Сега и да лази во сон станува, до душа не се буди, спие и лази
Мами може да ми кажете кога ни е 6ти скок? 06.08 е роден а термин 14.08 и 19.08 Имам две термини , едниот е кај гинеколог а другиот во болница Па ако може да ми пратите, фала ви