Здраво мајки, бебе родено на 14.03.22 термин 17.03.22, како можам да гледам кога има скокови, апликација некоја?
Ние сме моментално кај громчето во 6 скок ама немам нешто негативно да кажам за скоков. Освен што одбива да јаде ама тоа го препишувам на настинка, нејадач беше и претходно и плус некој заб го мачи дефинитивно. Другото е во ред. И спиење мирно и дремки ок, повокален е, само си збори нешто по негово, посцијален на сите почнува да им се смешка. Не е страшен ко 5ти скок
Ма или мам вика само кога ептен ќе му се приспие или е раскенкан. Другите ба, бу, ву, ха, во итн. му се само вежба без значење за нешто.
Мојава вика мама, не прекинува да брбља по нејзино, писка на цел глас, почна со прстиња да фаќа кончиња, етикети, опавчето на Мини Маус, ми се исправа на колена, читав вика pincher grasp е во 6ти скок, па заѕтоа викам влегла 6ти. И секако 2 ноќи по ред на саат ми се буди, што е трејдмарк за секој нејзин скок. Јас па 5ти не го осетив, освен ноќното спиење, друго ништо.
Мајки, ни се наближува 4от скок и уште сега ме фаќа паника после се што прочитав во темава. Дајте некој совет како да го издржиме, што би можело да помогне да не биде хорор.
Да најмите дадилка на 5 недели . Шала на страна, једини совет од мене трпение и ооооогромни живци. Хорор е, претешко е ама проѓа. После тоа имаш ново интересно бебе .
Не знам да кажам големи промени во мотирка дека гледам. Застанува на 4 и се лула напред назад тоа ни е ново, се останато (седење, војничко лазење) му е усовршено. Во скоков повеќе на "зборење" и закачање со познати луѓе се посвети.