И на свекрва ми децата не лазеле, син и (читај маж ми) проодел на 8ипол месеци он не и верува, јас верувам
Хахаха па стварно еве ја од 9 до 15 не заспа... Можеш да замислиш колку пиштење,вриштење имаше, вчера исто 1 дремка имаше само во текот на денот.
Мојов ѕвер изгледа ќе ги спои 4ти и 5ти скок. 20та недела сме при крај а јас жива ненаспана сум ноќе. На секој саат се буди и тоа му трае до кај 5-5:30 и после врзува по 2ч. Преку ден си е ок како и претходно што си беше ама ноќното спиење хорор... Трпение-спасение...
4ти, како оди накај громчето ќе се влошува или не мора да значи? Не е уште неиздржливо ама да сум спремна на се. Во претходните преку ноќ менуваше на полошо па подобро и по неколку дена само.
5ти скок само што започна, леле значи ужас, вришти од сите, само кај мене, млеко слабо за цицање, ад никако само пред спиење, среќа кашичка цела јаде.будње нон стоп
Мое искуство се влошуваше, кај громчето, 17 нед мислам беше, хорор и ужас ама после тоа се стабилизираше.
Само што го поминавме, ново беше што почна да се буди во 4ипол сабајле, одвај го заспиваме за дневни дремки а поцрвенува во очите цел и кенкање и вриштење по цел ден. И ова не е од громчето, ама цел скок бара да се рани на саат време, цело време е гладен мислам
14.03.2022 17.03.2022 Инаку апликацијата е The Wonder weeks само не е бесплатна за спуштање. Поздрав мајка
4ти скок од синоќа на најјако. Инаку крај 15та недела сме. Кажете ми секоја ноќ ли ќе е ваква со вриштење? Вака ако е уште 4 недели бардовци не ми бега.
Оваа мојава не може да ја оставиш сама ни секунд, навечер се буди со врискање, еве вака 3 дена сме да видиме како ќе биде денес