Нрколку дена беше така, па постепено се намалуваше. За некои 3 недели се врати во нормала како што се сеќавам. Тој период бараше многу, многу гушкање, пеење и сл.
Ете 3 ноќи беше „чудна“ плачеше па се смееше па неќеше да спие, а вчера си преспа. И сега си мислам да не имала грчеви пошто почнав да јадам нешто друго освен компир. 16та сме ние, ќе видиме како ќе биде во 17та. Мислам др.Гуднајт викаше ако е ептен лош еден скок другите ќе бидат по лајт.
Мојата неколку ноќи правеше така да плаче да неможеш ни да ја разбудип ни смириш и се смири после убаво ди спиеше
Ние само што влеговме ама штрајк немаме освен што ад никако не прифаќа (пред една недела почнавме со ад) денес едвај 150мл на неколку пати.
Во 13 полни недели ( во среда 14 ) има ли скок? До сега не можев да осетам никаков скок, ама од вчера бебево ми е "чудно". Почна да кенка, и скоро па ич не ми спиеше денес денски. И многу лапка овие 3 дена. Ќе испие 150 мл и плаче, сака уште Одвај го "убедувам" дека му е доста.
Закаснет 3ти скок или подранет 4ти хаха 3тиот е околу 12та недела, 4тиот почнува на средина на 14та недела и трае цела вечност
Мислам дека 4ти почнува некаде во 14та недела, нас и 5от не фати од почеток на неделата, ако е тоа мн нерви мајка и ти испраќам сила.
Кога ти беше краен термин? Обично скоковите се сметаа по крајниот термин не по датум на раѓање. А и нема правило може да влези и порано/подоцна.
Вриштење,вриштење и таман мислиш неможе полошо вриштење навечер. Неколку дена штрајк со цицање, не спиење све пореметено и што друго види поназад имам пишано по специфично
Мене ми беше најстрашен, ама да не ве плашам пред време имаше тука мајки рекоа не го осетиле Кај нас беше будење на пола саат навечер, преку ден скоро ич не спиеше и најстрашно ми беше штрајкот против цицање. Кога ќе го земев во раце да цица вриштеше колку го држи гласот ама ете помина и тоа, сега се ближиме до 6ти скок
Ние сме 4ти скок, од денес 16та недела. До сега 2 ноќа ни беше со кенкање во сон, и 1 ноќ буквално со вриштење на 1 саат у сон. А денски немаме мака си спие си јаде нормално. Дај боже вака да тераме до крај на овој скок.
Ново бебе ќе имаш после 4ти скок. Поинтересно и посвесно за себе и околината. Ама затоа 5 недели спреми се за неспиење, нејадење и вриштење, многу вриштење. @BezglasnaBukva кој не го осетил 4ти му завидувам. Уште имам трауми. Не знаев што да правам ни со бебе, ни со себе. Периодот пред Нова година, тогаш ја дрмаше најјако ми е како во бунило цел.
Истиот период сме го поминувале. Го памтам 15ти декември и мислам цел живот ќе го памтам 17та недела (громчето) сите знаат имам мирно бебе, го однесовме на семејна прослава, сите не исплаши со вриштењето
4ти декември, 17та недела, елка ќе китевме. Вриштеше 2 саати без прекин, не знаевме кај тераме. Параноја не фати. И јас имав пред тоа мирно бебе, се смеевме не знае да плаче бебево. Ни го докажа спротивното