Вондер Викс вика оти 5та недела е првиот скок по термин за раѓање. Бебето ќе менува од ден во ден. Може да не е скок, да не е ништо едноставно, од утре пак да е на старо.
Мајки во апликацијава на почетокот кога се внесува име слика и датум, ставивте due date или кога е родено? Бидејќи ние доцневме 7 дена, не знам кој датум го бара
Мајки ние сме 4месеци и 4 дена, во скок сме дефинитивно.. кога ја ставам да цица си ја врти главата на страна и не сака ама никако да цица.. вечер кога се буди не сака да презаспие.. значи со еден збор нема погодувачка. Прашањето ми е колку најмногу би можел да трае овој скок?
Мамички ве молам за помош, малата е скоро 3 месици и до пред 4 дена се беше ок сега еве 4 дена буквално бебето преживува од 100 мл чај, 60мл вештачко млеко и едно цицање во 03 нокта а преку ден по 5 мин цицање на три сати. Мн сум загрижена како толку малце се храни бебево, еве три дена не е какана а си мочка редовно.
За друго не знам да ти одговорам, зашто ние го поминавме тој период, но само со мали нервози од нејзина страна, на адаптирано сме и не забележав голема промена при јадењето, но да ти симнам грижа за какањето, уште од нејзини неполни 2 месеци почна да кака на третиот или четвртиот ден, што според матичната е прифатливо. Ете до денес, 3м и 11 дена, така си тера со овој ред. Периоди
5 недели трае тој скок. Од 14ипол недели до 19ипол. Со тоа што последната недела е врвот кај што не се трпи. Израчунај коа недела сте според теминот кој ти бил кога требало да родиш
девојкии имаме 1месец и 26 дена...вчера одбиваше да цица.. цицаше само од кога ќе заспие а додека да заспие плаче и сака силно нишкање...дали е можно да е скок во развојот? денес е подобра бевме шетавме цицкаше нормално и само спие..3 пати беше по половина час разбудена и еве веќе 19ч е а уште спие ..почнува со рачињата да мафта кога и се цицка и тоа е тоа ..навечер нема никаков проблем...педијатарот ни рече дека е скок во развој ама не е малку рано за тоа?
Првиот скок е во 5та недела, вториот 8та недела, третиот 12та... Така да не е рано. Втор ви е овој ☺️
Женички има ли скок во 7ми месец? Вчера напилни 7 месеци и е мн нервозна плус пред 2 недели 2 заба извади
Леле да. Секунда ако се тргнам од неа плаче. Сабајле ја земав во вц со мене за заби да мијам. Душа мила
Исплашена е душата да не ја остви мама ништо, барем знаеш сега што е, ништо страшно, ќе се научи дека не ја оставаш, сега за сега само околу неа
Жени фали во 9ти месец има некаков скок? Се шекнав. Цел сат ја заспивам враце со клацкање за да спие пола сат само. Легната ме сака, станата не сака, играчки не сака ништо не сака. Дури и о ќе цицат не знет да застани ко бебе.
Не фати и нас 4 скок. Се си мислев дека од 16 недела почнува, отворив да проверам, гледам од 14 ипол почнува. Епа тука сме ние. Пред 3 дена бебко ми се смени. Што убаво си спиеше навечер, заспиваше во 21:00, стануваше еднаш или два пати за цицање и станувавме во 06-06:30. Е сега, заспива во 22:00, се буди на еден сат за цицање, многу малку цица, а седи буден по еден сат, па заспие, па пак се буди за еден сат и се така. Дури и преку ден за цицање знае да се тегне, фати, пушти, па почне да плаче и многу помалку цица. Ех само што почнавме.... Вие што го поминавте овој скок има ли денови кога се мирни бебињата или додека не помине скоков се такви. Ако продолжиме со вакво ноќно неспиење не знам кај ќе ни е крајот. Туку, што ново почнаа да прават после скоков? И што значи облачето со сонце во апликацијата?