А што научија вашите во 5 скок? Од денес сме кај громчето, последна недела од скоков, ама не регистрирам уште некои вештини освен што научи за "ѕе" и дека не можам ни секунда сам да го остаам
Мојата оваа недела почна апла да се срами дал е од скокот дал не не знам .. ама се срами па се крие во мене ако и збори баба,дедо, некој
Еее да бе, заборавив на тоа, само моево не се срами туку вришти од петни жили ако било кој освен јас или татко му му се обрати Никој нејќе! Толку мака за што
Искочивме од 6ти скок. Беба е лепенка за мене, не сака никој да ја земе. Ќе ја остаам да си игра, ќе поигра 15мин и почнува да плаче. Лази и плачејќи вика по мене маааам . Од скокот е?
17- 18.01 ми беше краен А јас се породив три недели порано. И сеа што значи тоа? Пројден ни е 4ти скок, или сега сме во него? Ми пратија табела, ама за мене тоа е шпанско село За две недели ќе правиме крштевка, молам бога бепка да си остане ваква.
4 скок браааааат WTF?!?!?!??!?! How are you and what you did with my baby???? Влагање ко пијан во кафана. Мислам дека некој ми го сменил детето. Мм вика ни се расипа бебево, дур е под гаранција да го враќаме А сакав да се фалам дека последните 10 дена ми спие преку ден сама во гнездо, јас не знаев што да правам од слободно време ииииииии опаааа трескање од земја. 17 недела по термин. Почна од саботата со станување во 5:30. Преку ден и се спие, ќе задреме 20 минути па ќе стане , ај да поигравме 10 минути и веќе и се спие, да ја заспијам рика мислиш сум ја оставила на картонче на Камени мост. А овие две ноќи....па не може бре да се разбуди ако земам да се покријам. Татко и сабајле прдна она се разбуди жими се. Немам врзано јас сон ни саат и пол. Не плаче навечер ама се вртка ко прдеж, ќе се умота во вреќичето, фрла нозе нагоре, се скупчува мислиш ќе стане сама. Не те сакам скокче, да си одиш одма.
Ептен сум се збунила По термин , мое бебе сега би имало 11 недели, а јас рачунам 17 Па жива среќна демек сме го прошле 4ти скок Уффф Ај ќе му ја мислам кога ќе дојде време
Ние сме скоро 17та недела, по апликацијава уште малку на средина на скокот. По тешко ми беше со првите 3 искрено. Сега преку ден помалку ми спие, а треба повеќе али не ја форсирам. Навечер си тера по старо. Плаче ептен кога и се спие, зошто се и е ново и само се ѕвери. Ама па се врти, почна играчиња да фаќа, во уста да ги става, поинтересна е
Различно влагаат бебињава. Некое по термин, некое по дата на раѓање. Мојава влага порано некој ден од дата. Не се секирај ќе го осетиш 4ти
Мама остави и табели и се, бебето прати си го и ќе знаеш,мојата некогаш по датум на раѓање влегува, некогаш подоцна. Моментално по термин сте ден два пред 3ти скок, ама ако си сетила промена можно е веќе да сте го фатиле скокот. Овој ептен краток е 1 недела трае.
Ни заврши 4ти скок,добро го поминавме ама ни остана ранобудноста. Во 4-4:30 кукурек На 101 начин сум пробала да ја презаспијам и никако. За тоа кога заспива она у 20ч и јас и маж ми одма легнуваме. У ред не стави бебево
Трауми лечам сеуште. Со лесно мајка, набилдај живци, јас така кога правеше да нејке да спие преку ден а стануваше неподнослива у раце ја оставав да поспие со јастуци под нас кога ќе станеше по ок беше а еве кога пројде скокот не и остана бо навика, пробај
И чекајте сега другарки....ова ќе трае со недели?!? Во поглед на развој она се врти веќе три недели и тропалчиња си држи и се понаша со нив ко да се сладолед
Колкаво е твоето бебче? Најарно ич да не влагам веќе во темава Читам цел саат стари мислења. Уплав добив