Абе и јас си читав и си пукав сеир Дур не ми дојде на врата. Шала на страна, не е толку хорор колку што сум шокирана од лошите промени. Изелицава ми е 4++. За спиењето навечер ми е мака само
Кај мене траеше до сам крај со тоа што последната недела имаше олабавување. Најстрашни ми беа урлањата во сон кај што неможеш ни да ја разбудиш ни да и дадеш цицка. Ама пројде. Се проаѓа. После тоа имаш по свесно бебе за околина,себе,тебе.
Не читај јас читав така и уште пред време си набивав тензии и нервоза. Еве 5ти скок тука ќе прочиташ се и свашта а мојава на пр нема некој знаци освен ден-два што беше покенкава. Ти велиш ни еден скок до сега не си осетила јас ги осетив и првите и те како. Секое бебе различно.
Здраво мајки, бебе родено на 18.12.21 термин 27.12.2021 ке може некоја да ми пресмета дали сме во скок…..беба ми е станата ламја плаче кенчи се смее се во рок од 5 мин, преку вечер почна мн често да се буди и да писка во сон полудеќу
Уф мајка четврт скок на почеток сте Еве по термин Еве по датум на раѓање Ве читам за четврт и скроз исто!! За гаранција и ние со мм се смеевме пред една недела дека ни се расипа бебето, да го враќаме Еве еден ден беше добар, реков заврши скокот шуќур ама нее.... еве два дена по ред кенка цеееел ден, ќе си поигра 10мин и ајде плачење. Ту бре ова нема крај... За дневни дремки пак последната маки водиме да заспиеме, а остана ранобудноста во 5 ипол... Единствено интересно е што пред некој ден научи да се превртува од грб на стомак па сега само тоа му е занимација И да.. навечер не се буди ич, пробувам две вечери по ред макс 6 саати го оставив не се разбуди ова ме секира..
Бубче не се плаши, јас исто се изначитав се спремав мислев готово дојде 4ти скок и хорор почнува, ама не. Сега нормално имаше промени во спиењето ама не тоолку страшни, денски дремки кратеше и после тоа пошто неспан, нервозен, ама во главно далеку подобро поминавме од што очекував. Индивидуално е кај секое бебе различно.
И кај нас вака некако, еве од кога е станата пола саат дали дремна и абер нема да заспие свежа разиграна, ама @LazaLaza вика на крај изненадила уште сум воздржана
Еве ја, трет пат заспана од сабајле, тера 20 минути. А минатата недела си спиеше и по два саат на два пати. Па си викав еј жити скокот што паѓаат толку во несвест...и the rest is history
Ние кај громчето прелесно поминавме може последната недела мислам беше така "потешка" навечер се будеше почесто ама пак и уши тегне може и непцата го мачат така да не сум сигурна дека ноќното будење се должеше само на скок. И цел скок денски некогаш со вриштење заспиваше ама тоа не беше секој ден.
Може ли некоја мајка да ми пресмета дали за скоро влегуваме во нов скок.Само што го завршивме шести, и прилично мирно беше.Но овие 2, 3 дена ништо не е погодено.Кинкави до недоглед. Термин 16.7.2021 Роден 7.7.2021
Скок 5... Недела 1. Штрајк со јадење, спиење сведено на 3-4 пати по 5 до 20 мин и вриштење навечер ис бак.... Не знам дали имам нерви за вриштењево веќе... Срце ми пукна
6ти го почна баш бурно. Дневни дремки скоро непостоечки, освен ако не е во кола или количка, навечер со плачење заспива, се буди често. Нон стоп е до мене, ако станам вриштење (а иде по мене) ама вришти. Ми виси по нозе, по мене, ми става главче во скут, на рака или мога и плаче. А како убаво си фати ред со дремките. Ах, ќе помине, ќе помине, мора да помине. Ќе помине?
01:20h, заспана во 9h. ТРЕТИ ПАТ се буди. Се мислам од утре да не ни облакам пижами, не ја гледам поентата.
И јас да ви раскажам една кратка хорор приказна. Се разбуди во 1:20 е дури пред 5 минути, значи 4:10 ја спуштив во креветче. Сака во раце да спие, плаче во сон, плаче кога ќе ја оставам во креветче, плаче кога ќе ја легнам на спална, па и кога ќе ја гушнам… а со неа и јас се исплачав, не се издржува, веќе месец е вака. Ама овој 6ти скок ме докрајчи, во комбинација со заби, хорор.
Која недела сте? Мојава е 34та, освен будењево на 2 саати навечер, не осеќам нешто. Ама па ваљда го вади и второто запче, па може да е и од тоа.
Втор ден од 6ти скок, врза 7 саати спиење Прво се загрижив, ама... ова било тоа спиење што го викаат изгледа
И кај нас е втор ден, по дата на раѓање, се е исто (сега за сега) .. освен што ни треба подолго време за да ја успиеме. Незнам што да очекуваме понатаму.. нека остане вака