Ние сме со неспиење и во раце цела ноќ од 4ти скок веќе. А уште не сме дошле до 6ти. 32 недели би требало да сме. Лелееее зар може да биде уште полошо. @BezglasnaBukva ај белким ќе го имаме вашиот 'ксмет.[/QUOTE]
И официјално излезени од 6ти скок Добри страни: Се од моторика сега прави побрзо, постабилно. Почнува помали предмети да фаќа и да не му бегаат од рака. Чекаме да пролази ама ќе биде и тоа. Ужива надвор да е, разгледува, на сите животинчиња им се радува (на луѓе уште не ) Љубопитноста на максимум уклучена. Дремките и ноќното спиење му се средија додека беше во скок. Денски скоро во исто време заспиваше. Ноќе во 20ч. заспан. Ама среќата кратко траеше како искочивме од скокот пак се вративме на заспивање во 22 Лоши страни: Не јадеше ништо за жива глава. Кенкав беше неколку дена на почетокот. Спиење навечер со премногу будења. Одма презаспиваше ама што кога сонот на 6 пати искршен. Во секој случај не се жалам од скоков скоро и да не се осети. Така нека биде кај сите
Кај нас осмиот беше еден од потешките скокови. Често будење со плачење во спиењето. Во текот на денот премногу mood swings, те плаче те се смее. Тогаш почнаа и првите тантруми. Со јадењето немаше никаков проблем.
Изгледа почна да не мава 4тиот по малце. Од 6 ипол сабајле до сега, 1 дремка во раце 10 мин и уште една од 25 мин во гнездо. Ама не покажува знаци дека и се спие, се вртка, се тртка, ми се смее, расположена е. Не знам дали "силум" да ја успивам или да чекам да и се приспие, ако уопште.
Вчера на педијатар бевме. И викам пред да си одиме абе нешто почна да ми станува навечер, се бунтува нешто изгледа некое скокче не фати. И кога ми се пушти. Ма какви скокови, сте се научиле со тие скокови, не постојат скокови во развој, што демек заостанати ви се бебињата па ајде ќе направат скок, тоа измислија инфлуенсерите за после да продаваат курсеви. Се знае дека бебе ќе менува однесување. И така...
Во Ремедика си го имаат распоредот за скокови испринтано и залепено во ординација сигурно под влијание на инфлуенсерите биле таму педијатрите.
Така де, што вика мајка ми ќе мењава Не е толку лоша жената, мислам дека бааѓи ја отекувале мамички со скокови па у афект беше тоа. Овие две ноќи добро пројдов со мењавањево на бебе. Наместо два пати, се буди сега три пати со надеж дека и тоа едно ќе го исфрли. Преку ден исто, вчера и денеска си спие регуларно.
Оооо мојава да се будеше 3 пати ќе славев ! Ако станува у 7 знај дека еден саат пред тоа ни прошол во цицање што ќе рече маста ми ја вади. Радувај се
Мама, ама три вечер ме изеде, буквално на 20 минути беше.....мм вика кај 2.000 евра ја платив па уште да не ни се погоди