Што се случува во 6ти скок? Можно ли е порано да почне? Овие неколку дена како да имам друго дете дома. Не смее никој да му се приближи, да го допре, оти ќе вришти. Само ако тој дозволи, тогаш може, а може и да ти шлакне еден шамар. Нон стоп во раци, кичма ми падна. Сега му е интересно да седе, да лазе, сѐ живо и диво фаќа. Бонус, почна и во корито да не сака да леже, си седе или си легнува мешечки и плеска со рачињата во водата. <
Ние сме во шести. Мојава почна да се буди на 2 саати навечер. Позитивни промени, се исправа стабилно на нозе, седи постабилно, прави поза downward dog, појма нема зашто, вика ѕе, фаќа со палец и показалец, плеска со раце. Вака расположение нешто преку ден не и е сменето сега за сега. Да се надевам така ќе остане.
Значи 4ти и 8ми се драмата Плаче и спие, плаче и се смее, гарант и некоја регресија у спиењето ќе има .. Ќе истрпам јас, само не знам кој ќе ми ја сработи работата и дома и на работа.
Кај нас 5ти и 8ми беа понапорни. 4ти скоро и да не го осетивме а толку се плашев пред да почне. Сега 2-3 дена е во 10ти и тантруми пуштени на најјако. Плачењето во сон веќе неколку скока наназад му е заштитен знак. Ќе видиме со помалото како ќе биде со скоковите, моментално е во 3ти. Ме плаши дека е затишје пред бура - 4ти.
И ние сме во 6ти скок по цел ден писка сака да зборува нешто па се нервира,сама никако не седи и додека се храниме сака во скут да е,дневни дремки се ок но ноќе многу често се буди, веќе 2 вечери седи будна по 1 час,почна и штрајк за во количка за жива глава не сака да се вози а до пред некој ден само што ке ја повозев 10минути одма заспиваше. По цел ден ја држам и ја макнам со мене од соба во соба ни можам како човек да јадам ниту сум наспијана од толку многи будење ноќе и плус раците ќе ми одпаднат од нишкање,така заспива Има позитивно многу е постабилна во седење,игра со рачињата и пее со некои нејзини крици,пре музикална е по цел ден сака да и пеам и да игра
Да 2. 10тиот се поклопува со 3тиот и 4тиот. Едит: @Tea SK да 10 скока се, 16-17 месеци е последниот. Искрено мене повеќе ме плашат тантрумите што следат.
Леле мајки читајќи ве, ме фаќа паника од 4ти скок, само што не почнал кај нас иако синко веќе неколку дена тешко заспива преку ден со плачки и во раце сака а спие 20тина мин. Еве денес цел ден три дремки по 20мин и сега саат ипол со плачки едвај во скут го заспав на цицка и сеуште ми е во скут дур пишувам овде. Ајде уште 10тина дена и пишете ме и мене за во лудница со вас
И јас да се изжалам од 6 скок па што е ова бе луѓе, и дневни дремки и ноќно успивање е хаос, по стопати да се сврти на стомак и кенка, јас сврти го тој пак се свртел и така без крај и на сред ноќ го прај ова , а не дека му е нешто ново ова со вртењево одамна му е совладано ама ете , го ставам речиси успиен а тој се расонува од вртењето а во раце или кај нас нема шанси да заспие и ќебето све на глава му е само паранои ми прави. Ништо не му одзема внимание повеќе од две мин. све морам да го анимирам или вриштење одма, исто сме како во црвената зона несмеам до веце да идам во секунда плаче, несмеам да му земам нешто од раце одма крокодилски солзи па се смируваме 10 мин. Ако не заврши брзо скокот незнам за кај ќе сум
Mom's Изгледа тоа громчиштето нас ни беше жустро. Од петокот спиењето се врати во нормала. Ноќта се разбуди пред 12,цицаше и пак презаспа . Следно станување, ја слушам се туфка во креветче и јас станувам ама не пцијам и се вртам да видам колку е саат кога ќе видам 04:54 аааауууу Пред потресот обично стануваше кај 1 и кај 4, сега малце е изместено ама битно е по старо со две станување. Почна бе многу слатко да Гуга, па ги фаќа и држи тропалките. Па глумење фаци тажни па се смее....човечанство целоо Се надевам дека може да се одјавам од 4 скок. Морам да запишам тука за следни скокови потсетник *па и не е страшно бе некој ден без спиење за бебе да процвета*
Исто и кај нассс .. овој скок најтежок некако Најголем проблем е хранењето еден оброк нема салам изедено не застанува . .се надевам ќе помине и ова