Еве мајка објаснувањето за 6ти скок. Точно околу громчето тогаш обично се најрастревожени. Од лично искуство не знам да ти кажам ние сме пред 5ти скок.
Да прашам, во 4ти скок Секој ден е ужасен или неколку дена лошо па малку мир ден,два или 5 недели хорор секој ден?
Мајки еве наполнивме три месеци и наеднаш од нигде никаде пред една недела почна да не пие млеко,инаку сме на ад аптамил комфорт,досега буквално беше ненаситен а одеднаш стана бебе буквално да се молиме со борби за да испие 90мл а си пиеше по 120. Други некои промени немам осетено,спиењето му е исто,заспива во 9 станува во 2 и во 5. Дали е можно да се работи за скок во развој? Мислам дека ќе полудам секој оброк ни е константна борба. А инаку си е весело бебе и расположен, не дава знаци дека нешто не му е погодено.
Не е хорор секој ден. Кај нас беше вака. Почна со намалување на дремки од 14та недела, од 2 ипол саати спиење, сите ги скрати на по пола саат. После почна да е во лошо расположение, знам викавме со маж, бебево веќе не се смее. Па продолжи со константно кенкање, и вриштење на секое ама без исклучок секое успивање. Кулминацијата беше во 17та недела кога имаше вриштење без прекин 2 саати, еднаш, и едно будење во 4 сабајле и спремна за играње, наспана. После тоа малце како да се смири ама вриштењето за заспивање и остана до крај на скокот. Дремките од по пола саат и останаа до 6 месеци. Сето ова проследено со будење на саат, саат ипол навечер. Кога заврши скокот, будењево навечер продолжи до крај на 5ти скок. За утеха освен будењето, 5ти не го осетив. Прочитав негде дека ако еден скок е хорор, другите се полесни. Кај нас до сега е така. Моментално е во 6ти скок, освен будење на 2 саати навечер, не се осеќа ништо друго.
Је***ли ти 9ти скок, и заби и све у п.м. Прв ден 9ти скок.Не можам да ја успијам .Цел ден плака.Ја отровив со гел за заби, ибупрофен.Како да не давам ништо.Ова е благо речено хаоЗ. Ако и утре е исто барајте ме во Бардовци.
Не е хорор секој ден. Ама бебе од тогаш не ми спие ноќе и не пие млеко. А сега сме на праг на 6ти скок. Кај мене сеуште е борба за млеко. Пие како новороденче.
Ова со дневниве дремки е исто, од 12 недела ги скрати на пола саат а навечер станува на 2,3 саати за цицање секогаш па дури и јас се будам ако го нема да ме клоцне за цицање хах. Кенкањето и плачките се почнати веќе, така да изгледа порано влеговме во скокот, вчера беше хорор со вриштење, нејќе да се вози во количка сака во раце, денес полесно малку пројдовме
И мојата е иста возраст, исто имаше неколку дена штрајк со млеко а од прв ден си беше супер пијач... Сменив цуцла од 1ца на 2ка, односно за 3+ месеци и не знам дали е до тоа, ама пак ми се врати старото бебе јадач. Пробај, се надевам ќе упали и кај вас.
И јас, леле полудување, ова дневните дремки ги нема, сега едвај подзаспа, а ако ја оставиш сама 1 минута корне вика, побудалев
36та недела и 2 дена. Буден од 2 и 30 на ручек до 20:30. Се нишкавме, па на цицање пробавме да заспие, и надвор во количка. Не сака и не сака. 'Ржи, дрдори нешто, гризе што стигне. Во 20 и 30 конечно заспа. Од тогаш се буди на 30 минути. До сега бевме ок ама денов не изремети. Кој знае како ќе бидат следните денови
Здраво женски, како се пресметува кога е скокот? Читав од due date, и малце ме буни. Породена сум 10.01.2022, краен ми беше 03.01.2022.
Од due date се пресметува ама сепак децата не се сите по шема правени, некои знаат да влезат и порано и покасно во скок
Ноќново спиење кај сите е изреметено во 6тиов скок или мојава само почна да досаѓа за цицка на 2 саати иако се одвикна навечер?
Што не сте ме опоменале кадеее бе мајка толку амбициозно Три дена беше супер и после опет исти драми. Барем си станував во 6 за раат сама да си пијам кафе сега она ме зезнува и пред мене станува. Завчера од 6 до 9 вечерта се дереше ама баш си го вежбаше гласот. Цело маало ни го собра во дворАј 19 недела по термин сме во понеделник па се надевам дека неделава ќе олабавува малце.
Да не рушам надежи ама скок не скок исто му се фаќа како ќе поминува време. Сега на 9 месеци си викам кај е да ми се вратат тие 3-4 станувања навечер, па и да си играме 2 саати од 3 до 5. Додека не проодат, прозборат, ољудат, ќе биде падни стани Давам предлог да се стави забрана на изразите: "Ќе смени дете е" и "Ќе си фати ред" Менува да, ама не на подобро За редот едногласни сме, ќе го фатат кога ќе ги ожениме/омажиме
Скроз се согласувам со мислењево. Како што расте се потешко е или пак ние сме поуморни зашто се позахтевни преку ден