Мајки ја немам апликацијата, дали околу 6 месеци има скок, 23 недела по термин а 26 по дата да раѓање ( 37 недела е роден )
Здраво бебе од 4 ноќеска будно, дремнува по 10 минути и се разбудува и вчера исто никако да заспие а пишти ако почнам и да ја заспивам. Неќе цуцле, неќе да цица, а ваму грчевите се смирија и не гледам друга мака да има. Знам има некој скок околу трет месец ако не се лажам, има 11 полни недели од утре 12та почнува ова по датумнараѓање. По термин од утре 13та недела ќе почнуваше. Ќе ве молам да ми пресметате што чудо е ова. Овие 2 дена имам чувство дека ме мрзи бебево, само да ја чепнам пишти
Почеток на 15 недела … Роден на термин 09.01.дали сме во скок? 4 ти мислам, искустваа, не можам никако да го заспијам денски, а не ми кенка, делува расположен и задоволен
Ние сме 13 недела,протестираме со не пиење на млеко и борби да се испијат дури 120мл . Навечер спие ама се буди 2 или 3 пати од кои еднаш обавезно со вришетење. А и така си се дери по цел ден и дома. Се надевам дека за некој ден ќе биди подобро барем ова со јадењето. Вриштењето и дерењето не ми се толку страшни. Ама од бебе пијач невиден сега стигнавме до борби за јадење. Така да тука сме негде,доста изразен скок е овој во 3-4 месец,еден од најголемите.
Тука сте, тогаш почнува. Исто и ние, не даваше знаци дека сака да спие, баш беше свежа расположена. Јас не ја успивав, си заспиваше кога сака и спиеше колку сака (читај 20 мин ). Неколку пати се случи да не може да заспие, а ја гледам веќе преморена, па ја шетав низ стан. Остави го, ако не навечер 1 саат порано легни го и ќе надокнади.
Да не се урочам ама ние сме од денес кај гримчето во 5ти скок и детево ко да не ми е во скок освен спиењето ама со тоа се навикнав. Или ми е нормално веќе да е таква или скоков не не удри
Исто беше кај нас. Периодот меѓу 4ти и 5ти многу полош беше него 5ти. Не го осетив, освен навечер будењет на саат, два.
4ти хаос беше. Ама еве од него освен ноќно спиење во 5ти и моментлно е кај громчето во 6ти, исто само ноќно спиење пореметено, ништо друго не сум осетила. Ваљда кој пател во 4ти ќе олабави после
Дрма овој 4ти скок мајке ми, и регресија во спиење дрма, секој ден иста песна, 2,3 дремки по 30мин., денски не цица многу и чека попладне шише со АД за да не мора да се мачи да влече од града, и навечер вриштење, едвааај ќе заспие во раце и се буди 2,3 пати по ред со вриштење... Уфффф, веќе сум истоштена а само што почна
Мајки да споделам и да ве утешам малку, поминавме 9ти скок, верувале или не сите менуваат и идат подобри периоди, имам веќе големо девојче кое разбира се повеќе, се заигрува сама, трчи по цел ден, се смее и ми ја полни душата. Јас таа што со месеци беше неспиена и си играше со нејзе до 5часот наутро може да се порадувам дека спие од 22 до 10 наутро и тоа со едно будење макс две(15 месеци + ја дојам ) . Како идат скоковите при крај и не се толку изразени
Мајки ај некоја ако сака да ми пресмета дали е почнат 4ти скок? Родена 05.01, термин 12.01 Благодарам
Втор скок, бебе 10 недели, по термин 8. Трета ноќ како ми се буди на секои 30-40 минути, залепен на цицка, кенка и ако не станам да нишкам плаче. Таман ќе го заспијам ете ти го пак за пола саат максимум саат. Леле луѓе волку ли беше страшен вториот скок? Со ќерка ми не беше вака
Мене срам ми беше да си се пожалам од вториот скок покрај постовите горе за 4ти и 5ти Кај нас остана будењето на саат време навечер и неспиењето преку ден, а таман фати ред ноќе да спие по 3 саати сврзани...
Јас стварно не се сеќавам колку седеше ќерка ми будна на три месеци и што правеше кога беше будна. Ама памтам дека ретко плачеше без причина. А батково кога е буден дење лежи, “си игра”, “си прави муабет” со нас макс по 15-20 минути и останатото време е цело време во раце. Инаку рика, нејќе да лежи, нејќе да го занимаваш во легната или потпрена положба, строго исправен да го шеташ за пак да си заспие после 20-25 минути. А читам дека голем дел од бебињава на таа возраст не спијат многу дење: што прават по цел ден кога се будни?