6ти скок кај громчето ноќеска се будеше на секој саат.. сега заспа, а буден беше од 12:30 Друга поголема промена нема освен спиењето и ептен е лепенка за мене. Не е плачлив, ама само се влече по мене, у вц влагам он за нога ме држи
Јас не знам дали сме во скок или прескок, но овие денови не се трпат спиење нема шанси, само кенка, плаче, надвор шетаме не сака количка, во раце ја држам и кутрото си плаче. А некој ја задевне, готово, крај. До кога трае и дали уопште е во скок некоја да ми каже. 14.06. ми беше термин, да знам дали да очекувам громче или помина? завчера на големиот батко му правевме роденден, 3h бебе се изнакемка, и се спиеше но око не затвори. Ништо не и е погодено, навечер мислиш цела ноќ сме будни што е следно, и до кога вака, дај утешете ме
Абе само што искочивме од 5ти скок ја најсреќна не сум го осетила нешто нарочито цело дете ми се смени. Можно е закаснето да ја фаќа или да е црвена фаза. Многу пиштење и само пиштење, лепенка, ништо не ја интересира поише од секунда ипол, еве спие на цице
Мене ми е стрв од тие заби. Ама све ми иде памет натака. Долните два кеца и се отечени а левиот и тврд е веќе
Баш така, додека заврши еден скок, на праг веке е друг.Сите до сега се биле прилично интензивни кај нас освен 6 кој лесно ептен го минавме, само околку громче беше малку опасно, но немаат споредба со овој 7 скок.Не си го препознавам детето.Стана толку многу кенкаво, ништо и никако не му се погодува.Ни сака да си играе, ни сака во раце, ни да се шета,а за спиење да не зборувам дремки по пола час, а ноќно станување на секој час и дремење на цице.Не знам до кога вака, само кога ке заврши се надевам ке ми се врати дете како што си беше Да не те плашам, се надевам кај вас нема да биде така Затоа прашав искуство, да се утешам малку
Мојава почна стабилно да седи, стабилно да стои, повеќе зборчиња кажува, кога ќе и речеш браво, си плеска со рачињата, фаќа со палец и показалец, и научи да вика по луѓе на улица кога шетаме во количка и да пее. Ко навиена воденица е после скоков дефф.
Мамички искуства со третиот скок? Мислам дека ни почна од синоќе, ми спие само по 1 час навечер и се буди, тешко заспива. На апликацијата вика од 5 мај ама кај нас изгледа порано почна.
6 скок кај громчето + заби = лудница. Не сака да јаде, не сака да спие, а цело време трла очи, сака само да ме гриза, да штипе, да крши, да влече шо попрво ќе му дојде при раце. Постојано е залепен за мене, не дај боже да го оставам на земја додека да отидам до вц, некој ќе помисли дека го колам.
6ти скок, близу громчето..... плачење/вриштење. Не сака да заспие. Не сака на земја, одма вришти. Само на цицка е мирна
Исто и ние сме на средина на трет...спиење по саат време само ноќе, ама многу се буни на цицање плус, а го ставам на града пиштење е мислам дека цел град ме слуша
Мора бебе да си наплати за четвртиот скок што поминал мирно Само трпение треба, ќе помине Можно е тогаш и запчиња да почнува да вади, провери непцата дали се набабрени
Има малку да, мачкаме гелче .. неколку ноќи е кинкав ама ова синоќа беше хорор, што ли не чека во 5ти скок