Скроз исто беше кај нас тој период и јас си реков не казнува 4ти што не го осетивме, се смири, а заби уште нема.
И моето бебе меѓу скок беше вака, а еве да те утешам пред една недела како е влезен во 5ти скок според апликацијата, бебето е се помирно секој ден, и дремки му се средуваат подолги има и преку ден е понасмеан па почна и да се врти и на меше и да е поактивен на под... Си викам петти скок порано ни дојде, и заедно со забчиња хаос еден месец ни беше
Мамички дали ќе биде некоја љубезна да ми прати календар со скокови? Роден 27.12.2021 Според термин 04.01.2022 Фала однапред
Два и пол месеци сме, дали е можно да има скок во развој, веќе неколку дена денски воопшто не спие, одвај понекогаш ќе заспие но ќе биде тоа само 15тина мин. Вкупно 3 пати така по 10-15мин, вечерно спиење му почнува од 11 или после 11 одвај се заспиваме, а до скоро си заспиваше околу 9-10 часот најкасно. А исто и навечер се разбудува на секој два, макс три часа, досега немавме проблеми поготово со денското спиење. Толку многу не спие денски што почнувам да се загрижувам. Се трудам се пробувам но попусто ии кемка или плаче цело време
Боже ме сачувај децава.. Мислам да ни се живи и здрави пред се,Господ ни ги дал да ги чува амааа ова скоковиве...Таман ќе се подсмири детето ,ќе се порадуваш подсмирено е,ќе до воспоставиш некој ред со обврски и ете гоо нов СКОК,детето како чудовиште низ дома Ако може искуства за 7ми скок ,плс
Мајка и ние сме во 7 скок.Малку почнува да попуша, но си мислам до сега беше најмачен од сите.Недела ипол беше катастрофа, неспиење, нејадење, кенкање, само во раце, врескање ако го оставиш на минут, цел ден и ноќ на цице....А никогаш не е бил до толку ваков.Кај нас бидејки и први запчиња растат мош и затоа е вака кататрофално, но ке мине верувај.Јас мислев нема крај.Среќа се потстопли времето па цел ден се шетаме, само така е мирен.Не те утешив знам
Почна да кажува некои зборчиња, се подига на се живо се потпира само со една рака,стои убаво и игра со газето, подава некои чекор кога го држиш, кога е во положба на лазење(Се уште не лази убаво) се подига ептен во вис како мост, сака сам да јаде, ама баш не му успева со лажица и ја зема цела чинија да ја носи накај уста , вчера си ја обрна на глава Ноќно време исто така прави напори да станува да стои, штом се пробуди веќе е седнат и бара на што да се фати и станува во сон .Се обрка од една на друга страна преку мене или таткому.Можеби има и нешто друго, не ми текнува.Е има уште нешто тоа сигурно не можам да го ставам добрите совладани техники менување на пелена значи хорор .Секој ден се повеќе и повеќе станува напорно, не знам дали кај сите е така, бега, се врти, станува, седнува додека ја смениме едната, дошло време да мениме и друга .
Дали во црвена фаза + заби вашето дете одбива да јаде? Јас тек сега гледам дека ние уствари дме и у црвената фаза после 5ти скок. Буквално вчера млеко испи за цел ден 280 мл што во нормален ден знае да идпие од 400 до 600 и изеде една кашичка од 100 гр. Еве ја од сабајле како стана одбива млеко, заспа, нејќе ни кашички пробав и овошна и зеленчукова а јадач си беше. Немам памет како да и дадам и што да и дадам 6+ сме инаку