А за друго неможам да те утешам. И ние сме пред 4ти скок и колку е долг и мене ме фаќа страв. Додека помима 3тиот еве го 4ти за некој ден. Ако е вака цели 5 недели....јако И плус што не ми е јасно кај овој 4тиот скок...од каде е најдолг 5 недели, облачето е над 17та недела а го пишува како скок во 19та недела Еве ги и signs и skills
Здраво бебчето ми е 6 недела и еве веќе трет ден преку ден спие како зајче. Ќе заспие и за 10мин до пола саат се буди како да се плаши од нешто со рипање. Цело време е вознемирено прета со рацете и нозете како моторче да има и кенка. Намали многу и со цицањето ке цицне неколку пати и заспива или ако не заспие станува многу нервозно кенка, прета и заплакува. Искуствата ваши што велат за ваквото однесување се работи за скок во развој или пак е навистина вознемирено од нешто?
Мислам дека е скок и ние го поминавме истото, тој 2 дена ни траеше после си продолжи по старо, се смири, ама овај од 14.5 до 19.5 е тој убаво не здрма, фала Богу и тој заврши
Нас веќе ни е 4 ден и не знам како ќе го преживееме. Срцево ми се кине што не ни наспана како што треба ниту пак најадена. Се надевам за брзо ќе заврши
Многу е тешко дури трае, веќе губиш и нерви и се, ама откако ќе помини мирно ќе биди многу, издржете. Ќе почна пак да си цица
Мајки, има ли некоја која не ги осетила скоковите во развој кај своето бебе? 32ра недела тераме ама последниве два дена сака многу често на града..има ли овој период скок или може забите го мачат?
Ја некако баш скок како скок, да трае со денови не сум приметила. Знае да е тешка и нервозна по некој ден, ама никад 2 дена по ред. Ама кога ми е тешка, и кога ќе споредам со неделите обично е во скок, според табелата. Ние сме 38 недели. Во 32ра баш нема скок, сега проверив. А да, со забите сега цица повеќе, знае и да ме тегне дури. Не оти цица, си игра повеќе. Ама извади 4 одеднаш, сите горе.
Исто Теди, јас од скоковите што ги читав и што ми кажувале не осетив баш многу. Баш како што викаш некогаш може да е кенкав и нервозен но генерално е мирен. Фала на одговор.
Ние сме во 5ти скок 6ти месец, последната недела каде што е громчето, малата душа ми ваде. Никој со ништо неможе да и угоди, кенкава, одбива и да цица и каши да јаде значи катастрофа, се надевам ќе помине брзо.
И нас не фати скок во развој посеизгледа, 6 недели сме од некни е многу кенкава, сношти цела вечер си седеше, дента и е во ноќ претворена, до кога трае тоа?
Уште малку ќе ви почне 5ти скок, ние штотуку излеговме... последната недела кај громчето ни беше неподнослива. @Nenna97 ете види си и ти, се смета од датумот кога бил терминот на пораѓај а не датумот кога се родил/а.