Ние сме 10 дена пред скокот ама како да е влезен веќе. 3 вечери по ред се буди околу 3 ноќе и не спие до 5-6 Де се смее, де плаче, па сака да си игра. Немам сила веќе
Истооо! Имаме уште 2 недели до крај, оди на подобро, но не е како што беше пред да влезе во скокот. Кенкава е и променливо ѝ е расположението.
Здраво, дали може некоја мајка со апликација да ми ги пресмета и на мене скоковите. Термин 01.12.21,роден 23.11.21. Фала многу
Два дена сме со плачење и одбивање да цица ама денес поспремено се справував таа спие јас цицка да ја видам дали ќе ми врти глава и колку време трае овај скок? Сте го поминале вие?
Сестри по 7ми скок, и мојата не е покуса… Втор ден како ја успивам час и половина, во раце си спие,секаков контакт со креветче/ кревет се буди! Ништо не јаде! По цел ден само да стои сака, не се осудувам веќе нигде сама да одам треба во раце да ја носам, во количка не сака. Сака со сите да си игра ама во мои раце да седи, не дај боже некој друг да ја држи, со солзи плаче- зајдува!
Од која недела е 7ми скок? Ако е ова со неспиење и нејадење тогаш мене сите скокови после 4ти ми се поврзани т.е не сме излезени од скок. Неспиење и нејадење. Мајка гроги сум
Четвртиот скок трае најдолго, околу пет недели мислам, и како што иам читано по форумов многу е страшен ние го поминавме ама кај нас беше пострашен 5ти скок, со многу плачење и никаво спиење, а за јадење до сега сме немале проблем во ниеден скок, али секое дете различно..