Здраво мами. Веќе 1 недела сме во 5ти скок. Ноќеска ни беше хорор. Плачење во сон на секој саат. Кога ќе се разбуди ок е, весел. Па презаспива и пак иста песна. Преку ден ми е скроз ок освен кога ќе ми се приспие ми е малку покенкав од вообичаено. А и 2 дена ми е малку настинат, само му тече по малку носето. Бевме на педијатар се си ок само аква марис ставаме во носето. Муабетот ми е дали е таков ноќе од скокот или...? Искуства од 5ти скок? Со јадење сега засега немаме проблем. Друго се е нормално.
Од скокот е и мојата така правеше и 4ти скок и 5ти и заби кога вадеше, до тоа што кога плачеше од скок не беше свесна а ког аплачеше од заби свесна беше.мене 5ти скок релативно мирно ми пројде после тоа ми почнаа глупостите и неможам да се сетам дека нешто во скокот и се деси, освен што почна да се исправа на сите 4 и да се фрла да отскокнува.
Не е свесен, плаче во сон. Цела ноќ така. Заби го мачат да, ама мислам дека скоро нема да извади, не му се отечени и нема некоја промена, што знам А досега скоковиве ги поминавме релативно добро, со мали промени. Ама овој ме плаши зошто многу рано некако започна интензивно
Од забите ако плаче ќе го болат и ќе е свесен, чим не е свесен значи е скок, ние 4ти бевме катастрофа од сам почеток до сам крај, единствено трпение и ќе помине.мојата заби кога вадеше е бетер од скок, не јаде не спие пишти вришти само.
Ај да ми кажете што да се очекува од 5ти скок. До сега ниеден скок не осетив. Ама еве два дена бебево ми е "чудно". Ми се буди ноќе, ќенка, бара млеко на 3 часа и ноќеска . 23 недели е точно. 5ти скок е , така ?!
Мами, дали во 5ти скок намaлуваат со јадење?? моево од 180мл пиење до пред 2 дена скрати на едвај 50мл
Моево па како новороденче се понаша. Одвај издржува 3ч без млеко. А пие по 150 мл. Плус има еден оброк. Трета ноќ веќе и ноќеска ми се буди на 3-4 часа и хистерично вреска за млеко. А што убаво си спиеше по 10+ часа
Ние будни на секој пола саат 3 ноќи по ред, ни каши сака ни млеко. Цуцлата ни е спасот ноќе да презаспие.