Нека помине со лесно мајка. Исто и кај нас хорор облекувањето, ама ќе го издржиме, само да не остане вака, многу е нервозен. Не му се погаѓа ништо
Чим сте почнале да си кажам и јас Денеска 30 недела од раѓање, 28 од термин. Би требало да излеземе од 5 ти скок. Не беше нешто турбулентно ама последнава недела ми еба матер да ви кажам најискрено. Еве конкретно за ноќеска. Се бањаме во 20:30, во 21 веќе е заспана. Вчера се заспивавме до 22:30 што не се десило буквално никогаш за да се разбуди во 23, па во 23:30, па во 00:30, па во 2:30 и на крај во 5. После цуцла, галење, цицање и нишкање фати веќе 6 ја вратив во креветче напната 300. Маж ми ја зема ја стави меѓу нас и она се сврте накај мене и заспа и еве ја уште спие. Завчера беше бетер дури со плачење беше секое будење. Се мислев да не искача второто запче, бевме сами викендов да не и фали татко и...ама ваљда е скокот. За пресоблекување што да ви кажам гледам дека сте спомнале а не обрнав многу внимание на тоа деновиве ама она нит сака да се соблече нит облече. Пискање да, некогаш се мислам дали стварно нешто и фали или само вежба. Ме напнува многу, абе грб барем да одморам 2 саати нека не спијам. Наместо да се оправаме со спиење ние одиме на полошо. Преку ден дремките и се супер жими тогаш земам душа малце.
Кога го спомна спиењето да се надоврзам вчера ми се успа од 17.30 па се до сабајле, арно ама на секој пола саат будење плачење во сон не отвара очи и си плаче и чека млеко неможам да разберам, и точно наместо да се стабилизираме со ноќно спиење ние одиме на полошо будење многу почесто од претходно, навистина им завидувам на оние на кои им спијат по цела ноќ
Абе каква цела ноќ, веќе не ни помислувам на тоа барем две станување да се бре. Се смеев на другарка што почна да оди на психолог ради не спиењето на детето ама јас во Бардовци ќе завршам
Кога сме кај спиењето станати сме од 6ч. Ноќе ми се буди плачејќи, исто без да отвори очи. Само со млеко се смирува, галење, нишање, пеење се е џабе. Инаку го усопивам 20:30/21ч. И прво будење ни е во 11ч и од тогаш до сабајле на 1час. Значи хаос. А преку ден ок е една дремнка имаме подолга тогаш и јас зимам душа, а др две дремки само во раце, иначе ќе стане за 15 мин, а вака врзува 40-50мин.
Мене ми скрати една дремка сабајле. Обично кај 7 стануваше дури ја пресоблечам дур јаде ова она и веќе во 8 и 30 дремеш пола саат, сега таа веќе ја избегнува, заспива после доручекот кај 10 и тера со 12, после пак заспива накај 14 или 15 и таа некогаш трае два саати. И после или дремнува некоја минута во количка на шетање или тераме до бањањето така. Си викам да не ја ебав работата нешто тука со дневните дремки, ставено не знам * Сега стана и видов дека фацата и е решето направена од комарци. Може и тоа да е. Имам на чико спрејче ама не ја мачкам на фаца.
Мене ми станува околу 7-8ч. Пиеме млекце (али ова утринското млеко баш и не ми го пие, едвај 50мл), 9-10ч дремнува 40мин. Кога ќе стане имаме доручек. Околу 13ч заспива со млеко, тогаш ми поспива 2-3часа. И наредна дремка ни е 17:30 едвај половина саат, онака малку сула да собере за пискање.
Еве и јас да пишам за 5ти скок, скоро кај громчето сме. До сега само 3 ноќи будење скоро на секој саат ама со цуцла одма си презаспиваше. Еве сега 2 ноќа по ред си спие без будење. Освен со јадењето друга мака немаме. Инаку и 4тиот ни беше хаос 3-4 ноќа после се среди. А за понатаму ќе видиме што ќе се дешава кога ќе почне и заби да вади
Ние со јадење немаме мака напротов има повеќе апетит, ама затоа кенкање и во раце и на подлога и неспиење ни е на нај јако пуштено
Дојдов само да кажам дека не ѓожам више да си го слушам детето секој пат кога спие како кенка па вришти до скокот ли е до забите ли е не знам не ме занима нека престане.
Трет ден..... денеска ни преку ден не ми спиеше. Сабајле вакцина, запче ја мачи, ја штипнав за ноџе на закопчување на релаксатор....сакам да се разбудам и да биде прваче
Во кој скок сте? Ние сме 6ти и плус заби вади секое спиење со вриштење и завешува, спиеше сабајле од 20 до 7 до 8 и нешто на цицка и наредно заспивање и беше во 17 попладне, вечерта легна во 23 стана во 4 ипол и 2 пати се разбуди со тоа вриштење полу будна.
Јас пак да се пожалам влеговме во 4ти скок друго бебе две недели плачење не јадење ама барем спиеше ај добро е се среди и таман рековме го поминавме почна бебе да не спие и сега не плачи туку се расправа хахах се нешто не и е погодено ај реков да видам до кај сме кога гледам громче 17та недела пикот на четврт а читам доста се жалат за 5ти којзнае што ме чека ваљда ме спрема бебата
Немора да значи. Ние 4ти го поминавме релативно добро, ама 5ти ни наплати за сите претходни. Можеби вие лесно ќе го поминете. Нема правило. Само трпение
Ама се плашам да не не сме во скок, требаше да бидеме излезени од 5 ти оваа недела или евентуално да не фатил покасно. Ај ноќеска не беше толку страшно. Ама бре напната е, буквално се расправа ако не и е погодено нешто.
После 5ти скок недела-две има и црвена фаза ми се чини, а за расправање моево цел ден нешто брмчи и се преправа дека кашла и се расправа мене па ми е смешно па се смеам и она ќе се насмее и толку. Јас тој 5ти скок не го осетив искрено не ни знаев дека сме влезени, нешто друго рачунав па видов ама после него па еве до ден денес ми наплати х10
А знаеш дека не ми текна на црвената фаза. Освен што глуми дека кашла сега има нова метода ако ја изигнорирам глуми тешко дишење и јас се стрчувам и ќе почне да се смее. Не можам да мрднам, морам да и бидам у видно поле. И не знам дали плаче или вежба пискање нон стоп. Уфффф