Писка, ми се чини мојава у 4ти скок како фати да пишти уште не прекина. Такво пискање што неможам ни да го одглумам. Од кај толку маллечко суштество вади толкав глас уште не ми е јасно. Мојава се сконта дека ако кенка нема да ја зарезам а ако почне сериозно да плаче ќе дотрчам и сега само така плаче. Кога ја слушна мајка ми по тел еднаш мислеше дека се утепала а она плачеше за фа ја земам од количка во раце.
Да да многу драматично плаче и кога не и е ништо а сега ново и е ако и речам не Миа таму легнува на пархет со главата доле. Само да не ми се ака од земја. Ич несакам такви работи така да ќе се ака
И нас ни заврши 5ти и на крајот се разлоши. Не е фер, се фалев дека ми е мирна. Си фаќав и на работа, сега не можам ништо да сработам. Ја однесовме во ЗОО и ја држевме во раце, маж ми вика од тоа е, готово ја научивме во раце сега неќе на земја. Ама нема врска, приметувам само дека сака мнооогу внимание, цело време да играш и да ја занимаваш, претходно си играше сама. За спиење преку ден готово, не знам пак дали ќе се успие сама некогаш. А вокализира што да кажам, како расте поише сила има, а мислев погласно не може. Мака не натера со нас да спие па вчера во 19 ја заспав (пошто цел ден не спиена саглам) во 12 кога си легнавме ние цицаше и во 8 кога станував ја разбудив. Црвена фаза ли е, скок ли е, заби ли се појма немам веќе, само нека помине.
Па исто бе сестро Јас за будењето често навечер се мислам да не се заебав минатиот викенд еден ден кај мајка ми спиев и беше со мене на кревет а претходно два вечери во село исто со мене. Па викам да не виде дека може со мама да нана па сега си бара. Само еднашка ја земев, вчера сабајле во 4 стана и ја земав со мене ама не и се давам па што сака нека биде. Или ја или она
Неее сеа и ти ко маж ми, од еднаш што видела во раце или спиела со нас и сега пак сака. Нека сака де ама нема . Ептен дека со вакцини и темп беше, а и се вртеше на стомак ја легнував со нас, ама вечерва си иде во креветче. И тоа пак во 7 да се видам и јас себе малку, кога веќе не не остава преку ден бар навечер нека спие. Е и тоа ако ми отиде не ми бега бардовци.
Здраво бебе вчера наполни 4 месеци. Пред недела и пол ставивме рота вакцина. По сите работи што ги читам влезени сме во 4ти скок, но не сум сигурна. Раздразлива е многу, цица и плаче, преку ден не спие, а си имаше две до три дремки. Дали некој ќе може да ми пресмета родена е 15.02.2022, термин беше 05.03.2022. Фала ви однапред
Фала ти многу. По датумот на раѓање баш на громчето сме, нека ми е со лесно хахахаха .. Само овие црниве точки какво значење имаат?
Црната точка означува во кој дел од скокот сте моментално, како што кажа, според дата на раѓање кај громчето
7ми скок 4ти беше страшен, ова е тродупло! Не сме спиени 4 дена, од неделата си почна со будење на полноќ и пола вечер се смее пола плаче Дали дека веќе одам на работа, па затоа ми изгледа многу полошо, преморена сум, не функционирам веќе Во градинка плаче кога ќе го оставам, внатре викаат се смирувал одма. Затоа дома е лепенка! Не смеам до вц да отидам, комшиите ќе не пријават веќе, којзнае што си мислат дека му правиме на детево Од каде го вади тој глас само да знам
7ми скок, добив кавгаџија. Ме кара за секој чекор, ништо не му одговара... Лепенка, не смееш да се помрднеш од место без него. Не дај боже во креветче да го оставиш, ќе се откорне рикајќи. Научи и да го отвара креветчето, веќе ни таму не ми е сигурен, штом гледа дека не реагирам на плачките зема прво ги фрла сите играчки преку креветот и после ја отвара оградата за да излезе... Па и вади заби истовремено, и тоа 3. Нема шанси да изеде повеќе од 3 лажички без молење. Трпение, спасение... Само дишам и бројам до 100 за да не пукнам од нервоза.
Ме исплашивте ... Бетер од овој 6ти скок ми звучи ова, а 6ти скок,заби и темп денес нејкете да знаете што е, со маж ми денес како буквални пијаници сме ја шетале де на лево де на десно. Ќе не пеијави некој ќе мисли стварно пијани сме а нас нозе не не држат веќе а допрва треба да се дежура цела ноќ.
Не е за плашење, секое бебе си е различно. Кај нас 6ти скок помина неприметно, може кај вас 7ми ќе биде така
Дај Боже пошто бардовци не ми гине. Вие држ те се и запамтете како беше мотото на мајките : се ќе помине
Редовно читам тука,како утеха ми е,али ова веке не се трпи..Замислете две близначки,баш на громчето од 6ти скок,заби вадат и плус настинати
И ние сме во 7 ми скок, не го осетив нешто особено, освен секако првите 2 недели будењето на саат навечер. Не се плаши пред време, може нема да го осетиш.