Срцка, еднаш ти праќав од апликацијава нели и ми останало бебево твое зачувано како Симонас Бејби и денес ми стаса нотификација дека влагате во скок
Мајки во 36та недела има ли скок во развој и ако има со што се карактеризира и колку трае? Малиов си беше машала јадач веќе неколку дена ништо не јаде, се врзал за мене како лепенка сака само ја да го држам во раце, а за недела дена почнувам на работа, почна и само да вришти не знам што му стана одеднаш...
@Seduction Почна скокот ама ако е тешко вака на почетокот каков ли ќе биде крајот?!Цел ден во раце ама буквално цел среќа навечер спие,преку ден многу е исцрпувачки. @TeddyGrey Е супер мила што ти стигаат уште известувања за мое бебе,кога ќе ти стигне дека завршил провери тука дали сум преживеала
Офф еве почна цела ноќ станува, цвили во сон, вика мама додека спие, душичка којзнае што сонува, не дозволува никој друг да го држи во раце, нервозен е ...баш сме 36та недела гледам и громчето е тогаш...ај на здравје нека ми е...се надевам после ова ќе си го врати стариот ред
И кај нас беше изразен на почетокот ама последната недела буквално не докрајчи. Никако ама баш никако неможев да и угодам, ама ете преживеав
Мајки во 9 или 10 месец има скок во развој ние сме 9 ипол и ноќно време спие само по еден час и се буди одма некогаш на секој пола саат но тоа не е само сега веке еден месец и повеќе е така и кажете ми со што се манифестира овој скок во развој
https://www.babysleepsite.com/baby-sleep-patterns/wonder-weeks-chart-baby-toddler-sleep/ Барај на google wonder week 9 months or 10 сите информации ќе ги добијаш
Скок бр.5 во 26та недела баш кај громчето е НЕ-ПОД-НОС-ЛИВ. Ма каков 4ти и sleep regression,тоа беше мачкина кашлица.Ова со неспиењето ноќе е хорор.Бебе мое од кога се родила не станувала вака ноќе по сто пати.Да не знае човек до забите ли е или до скокот. Штом ќе ги отвори очињата, нервозна е како пред легнување.Спие како зајак, да не мрднеш- одма се буди.Штом ја ставам на кревет,оп готово се наспала. Јадењето е во нормала или тука некаде. По цел ден рацете ни окапаа со мм.Ако ја оставиш одма пружа рачиња да ја кренеш.А кога е во раце мава и со раце и со нозе.Среќа времето е убаво, па поголем дел од денот сме надвор. Не дека се жалам,само онака да си кажам
Бебе е 20недели. Можно ли е да е скок? Не сака кај никој во раце, плаче како никогаш до сега. За јадење јаде, т.е јадеше по 150, сега некогаш 120,100... Преку ден се на се дали 40мин спие. Околку една недела е вака. Само надвор е мирен. Ме чуди зошто наеднаш одбива да седи кај друг.
Само да се пофалам дека се вративме во нормала конечно после страшниот 4 скок. Не траеше до 19,5 туку малку продолжено до 20,5. Ама битно заврши. Првин почна убаво да цица, помалку време да цица ноќе ( сеуште станува често) и еве почна и денски да си спие убаво. И секако нема плачење за ништо и потседнува помалку сам, дали на кревет, на релаксатор или во креветче. 5-10 мин, ама барем за тоа време можам да јадам, подготвам јадење или било што. Многу ми олесна. Ме плаши само дека на пат е 5 скок, еве го за недела ипол доаѓа. Се надевам дека ќе успеам да соберам сила и за него. Само за разлика од 4скок, ќе гледам бебе максимално да е надвор, многу помирен е.
Скок 1 во 5 недела дали ви манифестирал одбивање или прекин на подолго цицање? Денес мислам ќе побудалам, само плаче на цице ако не му дојде одма млекце
Истово и на мене ми се случува вчера кулминираше, се одра од плачење цел ден. Денес ко друго бебе е. Колку дена траеше скокот отприлика кај вас. Се надевам заврши, влеговме веќе во 6та недела пред 2 дена.