Долг дури мислам дека ни беше спојка со петтиот Фала богу две недели сме супер и во исчекување на 6ти за еден месец од прилика
Дефинитивно најтежок до сега. Ми се иде прослава да организирам дека заврши. Се понашаше ко да е 4-5 месечно бебе, само што тежи дупло. Во раце по цел ден и да пушта сијалици. Ја исфрли втората дремка и седи буден по 8-9 саати. Сам оставање во ниеден случај, јас во кујна тој ми се пентери по нозе, јас во тоалет, тој со плачење доаѓа по мене, се туширам, тој исправен на врата плаче и чука. Ако нешто му забраниш одма тантруми. Кај громчето стануваше во 3 сабајле да си игра неколку ноќи по ред. Ама од друга страна имам скроз ново бебе кое како да не е веќе бебе. Разбира и извршува многу наредби, ти носи нешто ако му побараш, реди коцки, реди кругови на конус, од сортер само круг погаѓа ама и тоа е успех , затвора/отвора тегли и шишиња (секако не стегнати скроз), се заигрува сам. Оди од една во друга соба држејќи се по ѕид ко Спајдермен . Пушта по некој чекор сам према нас или да се префрли од еден до друг мебел. Научи да се симнува сам од кревет, безбедно со нозе, а не со глава . Многу сака да иде надвор, мафта за чао, праќа бакнежи. Покажува со раче кон нешто што сака. Кога ќе го прашаш кај е покажува на огледало. Покажува делови од тело. Плеска со раце браво ко ќе му речеш. Има неколку слогови со значење за рандом ствари и повторува по нас некои зборчиња со сладок бебешки јазик. Ко ќе врти сликовница си “раскажува” нешто по негово, внесен мафта и со раце расправа . Многу, многу промени за кратко време, оправдано што беше толку напорен .
Сортерите и конусите се must have играчки за 06-12м за развој на моторика но и ги учи бебињата на организација и ред. Ние земавме дрвени од неколку продавници, пластичните се поефтина за нијанса варијанта. Мислам дека ги има во секоја продавница
Искрено немав појма, очигледно каснам со овие работи (10м е). Ја вакви првпат гледам. Фала ви многу, баш ќе му земам.
Јас мислам дека ми трае цела вечност ама по табела сме последна недела на крај. Се надевам ќе олабавам некој период.
Јас мислам дека ми трае цела вечност ама по табела сме последна недела на крај. Се надевам ќе олабавам некој период.
Кај син ми 4ти многу тешко го поминавме. Ама до тогаш и од тогаш не осетив. Оно си има кенкање и мала регресија во спиење ама се беше ок. Ќе помине, ќе биде подобро!
Нас четврти скок на крајот и петти не здрма јако. Башка заби само што искочивме од петти... Веројатно се заби, и син ми кога ги вадеше долните кецови лепенка за мене, ни татко му никој. Ни до вц неможев да отидам Еве го сега ги вади горните кецови, скроз исто како тогаш само сега помалку апетит има.
Ние сме точно на средина кај громчето . Од најмирното бебе на светот што си заспиваше само и си спиеше по 3 саати во врева, сега имам мало зверче кое едвај заспива в раце чија дремка трае пола саат до 1 саат максимум и тоа во тишина... Едвај чекам да пројде. Дали кај некој се сменило нешто на подобро после овој 4ти скок?