Једино подобро после 4ти скок е што бебе е свесно за околина и поинтересно е. А спиење не се надевај на подобро. До 4ти скок ќерка ми спиеше цело време, сама заспиваше, навечер еднаш се будеше за цицање. Од 4ти скок до 6 месеци, да најтежок период ти следи сега, хаос спиењето. Дремки 5 по пола саат, вриштење кога ја успиваш, читај, нишкаш во раце, навечер будење на саат. После 6 мес почна малце да се подоправа со спиењето ама тоа будење само еднаш за цицање уште не се десило, а 10+++ е.
Мојов по 4 скок се научи сам да спие преку ден, не да заспива туку да спие, го успивам, плаче, се дере и спие сам, претходно само врз мене му беа денските дремки. Ноќното спиење од прв ден ни е исто, само млеко му дадам да пие и продолжува. Сега сме во 5 скок, заспива како бебе во раце со дерење.
Од 6ти скок можам да издвојам само што не можеме да се успиеме, значи очи и паѓаат ќе полази па ќе си прилегне па пак продужуе и од еднаш слушаш штама и идеш ја собираш кај заспала.
Немам позитивно искуство со првата недела, плус комбинација заби а после искрено не се сеќавам…амнезија добивам од скоковиве ама знам дека се жалев од осмиот
Промени има ќерка ми почна повеќе да разбира, да се заигрува, научи многу нови работи, ама спиењето уште не е вратено како што беше да станува еднаш за цицање. Сега како аларм има на 2 саати и будна е. Дали ќе помине или така ќе остане останува да чекам и да видам
И кај нас исто Се буди цело време за јадење, а претходно со едно будење успеав да направам. Сега на 3часа се буди цела вечер. Сега влегуваме во 5ти скок држете ми среќа
Мојата си спиеше од почеток по цела ноќ, дури сабајле се будеше за млеко. Но, во текот на овој скок и мене 2-3 дена почна да ми се буди во текот на ноќта, но не ја земав да цица. Пробав само цуцла да и ставам, продолжи да си спие, па по некој ден пак почна да си ја преспива ноќта. Ако мислиш дека не се буди поради глад, пробај да не ја ставаш да цица.
Здраво мамички, дали ќе биде некоја во можност да ми слика скокови? Деновиве планирам и да ја уплатам апликацијата. Термин 28.04 Раѓање 29.04 Поздрав4е
Конечно си реков оди на подобро , будење 3 пати во ноќта да цица и да биде до мама, повторно почна да се буди на 45 мин или на 1-2 часа. Запчињата ја мачат и мислам дека порано влеговме во 8ми скок. Нека поминува побрзо, во овие тешки моменти кога ја боли и не знае да каже, кога појасно го осознава и дознава светот, ги прави првите чекори и ги кажува првите зборчиња, ѝ треба мамичка да ја гушне и да биде до неа. Еднаш се бебуши, им треба топлина и љубов, ние сѐ ќе издржиме за нив.
Ептееен хаотичен ни беше и едвај го издржавме, со плачки,заспивање во раце, нејќеше да се вози во количка....уххх собирај нерви и број до 100 ќе пројде мајка