7ми е далеку зад нас, страшен беше ама се заборава. Моментално 8ми, на одмор беше се супер, само од песокот се плашеше и лепенка за мама. Ноќеска прва вечер дома, маста ми ја извади, си плачеше саат време во сон а сабајле стана насмеан
Мајки не сум следела многу скокови,бебе 4м и 15дена роден 37недела и 6дена.пред 1недела имаше период на дневно неспиење за неколку дена помина и почна непиење на млеко,пија помалце и со врескање со плачење.Дали има скок во овој период?
Здраво, во врска со неделите и скоковите, како ги пресметувате? Бебе е 16 недели + 5 дена , тоа значи дека е во 16та или 17та недела?
Мајки, според апликација прв скок ни е од 26.08 до 02.09. Бебе нервозно, еден ден плаче цело време до зајдување и не спие, друг ден се си е океј и пак во круг. Од мисла да не е гладна вклучив и АД после подој по 30мл. . Страв ми е да не направи папочна кила од толку вриштење по цел ден, а не можеме да ја смириме ни јас ни сопругот . Кај вас како помина првиот скок?
Скок во развој во шести месец, поточно 27-28 недела? Секаде каде што гледав има од 23 до 26, дали е кај нас заканат или нешто друго е работата ? Постојано плаче, поготово на преслекување и заспивање а порано никогаш ме плачела во тие моменти, одбива да цица преку ден а навечер бара да цица и се разбудва на секој два часа... Прилично е нервозна и во некој момент ептен расположена станува вика гласно, гуга, се смее... И потоа повторно плачлива..
Точно на термин е родена? Кај скоковите може да има отстапки од две недели. Петтиот скок завршува во 26.5 недела, во случај ако не е родено на термин или подоцна започнал скокот голема е веројатноста дека е во скок.
Родена е покасно од терминот, а досега не сме приметиле ниту еден скок се беше супер со сите скокови никаква разлика, а сега преку ноќ наеднаш се смена, ново нервозно и нерасположено бебе
Термин 13.8 2021 може некој да ми пушти? Претпоставувам дека сме во 8ми скок, кај громчето?! Или пак некои ноќни терори. Ги има на 13-14 м? Ноќеска 2 пати се будеше со плачење и едвај ја смирив. Плаче а со затворени очи.
28.08.2021 Ама мислев има за секој скок податоци, шо ново учи и сл. Мислам дека така имам читано. Едит: добро е, фала ти.
Мамички може некоја да ми пушти за 01.06.2022 Мислам дека сме во 4ти скок во развој и немам душа веќе. Денес бебко плачеше без престан и цела сум стресена
Lele i moeto e isto 14 meseci ke prai sega place samo.sto ke zaspie posle pola saat se budi i si sedi ke reces deka se naspalo cela vecer