Почнува едниот од 5 сабајле да плаче го буди брат му и во хор заедно едно саат време без престан. Млеко како новороденче пијат фрлам цели шишиња и ваша секоја голтка ја исплачуваат! Ќе дремнат еден саат и пак плачки и по цел ден плачки, неќат ни да спијат, ма шетај, пеј, читај приказни прави се циркузант се е залудно бре, ни се смируваат ни заспиваат... Уф нека поминува побрзо ова лудило!
Абе не дава да ја фатиш у раце, мисли ќе ја жртвуваш бог да чува. Се тегне, се витка, се корне од плачење До сега ниеден скок немаме осетено. Другарка да не ми пратеше вчера од апп немаше ни да знам. Се смени детево 180°. Од понеделников што се не пробав да ја утешам, фен активиравме ( едно време тоа помагаше ), пелени менувам си викам ајде да не ја нервира дека е мочана, покривам откривам да не и е топло/ладно, гушкам ајде да не и фали гушкање мислиш не е гушната 10 месеци, заби искачаат 3 месеци, оцртани се никако да пробијат. Си викам дај бе едно запче да пробие барем на тоа да препишам нервозата. Нааах, сака да тестира нерви. Денес ја носам за штип и вечер ќе ја тупнам со мајка ми да спие
Малку постар пост, ама пребарував за 5ти скок па начетав на ова Дали се ова вештини што ги покажува во тек на скокот или по завршување на скокот? И ако е по завршување, се смета до почеток на 6ти или како?
Koga pocnuva 4ti skok? Nie na 1vi prajme 4 meseci tocno,ama ako se racuna od predvideniot termin se porodiv 39ta nedela.. koga sme vo 4 skok da se spremam ?
Според датумот на објавата, ова сум го пишала точно 1 месец после 5ти скок. Која вештина кога ја совлада точно, искрено не памтам за да кажам.
Хелоу мајки. Кога се средуваат бебињата со спиење преку ноќ??? Што е ова бре, од 4ти скок ми се поремети детево со ноќното спиење и еве го уште е така. Пред 7ми сме моментално и се буди со плачење на секој саат, аман душа немам веќе. Како ли ќе издржувам од понеделник штом почнам со работа
Мајки кажете искуства со 6 ти скок? По календар сме влезени и еве 2-3 дена одбива да јаде, а претходно си беше бебе јадач.
Дали во 4тиов скок , 19 недела е најлоша или тоа кај секое бебе различно ? Во 19 недела влеговме вчера и има многу плачки пред спиење поготово и се тегнеме за цицање
Едното ми бебе цел скок не дена на најако и ние сме моментално 19 недела, абе уште трае лудило во и бетер... По цел ден кенка, плаче без врска никако неможам да му погодам, помогнам и смирам. Тотален хаос збудалев, се надевам ќе заврши набрзо ова лошо сценарио! Среќа другото ми се смири, ама ова што плаче цел ден го расплакува и него па дует по дома!
Јас овој период имам друго бебе Скоковите не ги осетивме, ама што е ова? Ајде нејќеше да заспива цицајќи, само цуцла и нишкање (никако да седам, само шетајќи). Ноќе се буди со вриштење пиштење, цицање не доаѓа во предвид, не гушкање, пеење, бакнување, не светло, не темно ќе се мрднам Забчиња оцртани ама не сакаат да излезат, дали и е тоа дали не и е Се надевам брзо ќе помине и нејзе и мене да ни олесни
Има шанси да се забите. Истото понашање го имаат моите кога им излегуваат заби, во сред ноќ се будат со вриштење, преку ден нервозни. Трае неколку дена додека пробијат.
Исто и на моево ништо не му се погаѓа. Само да се плаче без везе. Незнам више ни јас што да направам. По цел ден е скисната. Ај се тешам дека е ради скоков па ке заврши скоро.
Фала ти! Како сте периодов? Бепка моја е нервна 2 3 дена, вчера првпат плачеше 2 саати, едвај се смири, страв ме фаќа за вечерва.
Јас ги пратам и по термин и по датум на раѓање (датум на раѓање ни е 4ти август). Досега се поклопува по датум на термин. Инаку генерално си е плачливо бебе ќерка ми, само кога е во скок никако не можам да ја смирам а надвор од скок кога плаче некако успевам да ја смирам . Инаку кога е во скок не секој ден е лош, има по некој и помалку лош
Мојата досега плачеше само за јадење, многу ретко ако е нервозна и не беше страшно. Тоа вчера ме преплаши искрено, вриштеше. Како се справуваш со плачките? Да бидам поспремна ако и се повторат
Тој период е на цице скоро 24/7 ама искрено само така успевам да ја смирам. Некогаш дури и преспива исклучиво така, инаку има дремки како зајче 5-10мин