А не, кај мене двете ги здрма паралелно. Среќа едното е потивко при плачење па уште не ми пратиле комшиите социјална служба
Здраво Близначина родени на 30 март предвремено Термин 23 мај Дали можеби се во скок плачаат вриштат за спиење не можат да заспијаат плачаат кога ги облекуваш плачат кога ги соблекуваш Неможам и неможаам Дали може некој да ми прерачуна? Неможам повеќе до полудвејне е работава
Леле ако ја имаш апликацијата те молам ако сакаш да пресметаш и кај мене.Јас некако ни со првото,ни сега не следам скокови ама имавме минатиот месец еден тежок период кој сигг беше скок а сега оваа недела хааос.Прво пиштење еден саат па заспивање во раце со нишање,дури да го легнам и опет јово на ново. Родено 14.04 Термин 29.04
Каков е овој хорор наречен 9ти скок, најлош до сега, се уби од врескање и трескање за ништо згора на се и заби, за навечер да не ни пишувам новороденче поубаво спие и помалку цица од неа, се чудам во која лудница да фатам, ќе си го платам престојот ако треба
Мене ништо не ми е јасно. Како се рачунаат овие скоковите на пример ние сме во 4ти скок дали сите 5 недели кај што е громчето е скокот или само неколку дена кога ке ти се падне во тие 5 недели. Бебка првите дена кога влеговме во 4 ти беше нервозна сега како да се подсмири. Пишува една недела сме во скок. Да очекувам пак ова беше само загревање или можно е толку да траеше?
Цел месец трае 4ти скок, но не значи дека постојано ќе биде лошо, ќе има и добри денови. Таму каде што е громчето би требало да биде најтешката недела, но не мора да значи.
И ние да не сме во 9 скок. Термин 13.8.2021. Будење на секој саат. Наместо 21.30 се успиваме 22.30-22.45. Синоќа сите комшии не разбраа. Се дереше повеќе од саат време за да заспие.
Да само еден ден се разлика нашите на 12 и е терминот, значи сигурно и твојата е влезена,сакаш ли да ти ги пратам табелите? Од оваа гледна точка преспивање на ноќта или барем само едно будење е научна фантастика за нас, колку очајно!
Прати ми да. Јас сум навикната на будење цела ноќ од 4иот скок уште не држи. Ама сега се буди ја шетам и ќе ја оставам се буди. Нејќе да презаспие без млеко. А заспивањето синоќа беше ужас. Она плаче вришти и јас со неа. Не можев веќе да издржам. Превише ми дојде. Ај шо не јаде се помирив ама и неспиењево ми е капак. На крај на бајачка ќе завршиме, ако има таква шо помага . ***Шо учат во 9ти скок? Мојата е во фаза на проодување. Се пушта кога се осеќа сигурна. Ќе пооди неколку чекори па ќе си седне на газ Сега ова го совладува а послаба е со зборување (си меле по нејзино де). Консултирав и дефектолог ми рече се дур не прооди ќе се брбља само.