Кај нас исто се случува. Роден 01.12 Термин 26.12 Веќе еден месец трае тоа. Само во раце се смирува и тоа со шетање или со млеко. Кога ќе го вратам во кревет повторно пиштење. Гледам деновиве некако се смирува, не е како претходно али пак станува. Таман го исфрливме ноќното млеко сега повторно Ако ти е од утеха, не си сама. Хаос е и кај нас. И со јадењето почнавме да имаме проблем, почна ништо да не ми јаде. Незнам кога ќе се врати во нормала.
Мајки дали е можно да е скок малата ми е месец и две недели еве веќе три дена преку ден спие само 2 сати и толку и во текот на ноќта се буди многу често а исто така цел ден бара да биде само на града и да цица ништо друго ако не и дадам одма почнува да кенка да биде вознемирена!? Мислења ве молам
Колку време трае бојкотот на цицање/ад во 4ти скок? Не прегладнуваат бе што не јадат така? Само на спиење ако ги начекам цицааат а ад на секој оброк од 20 до 170 мл пијат, никаков ред. 5 саати поминале од последен оброк викам топ, сеа гладен ќе испразни цело шише. Не бе, ќе повлече два пати и толку. Што убаво беше кога не разбираа. Кога им дадеш колку им дадеш све пиеја.
Мајки што е со шестиов скок? Бардовци ќе фатам, секое успивање со урлање, се исправа се пентари по креветче во раце не дава… ноќе се буди 250000 пати плаче… хаос
Konecno nekoj da se pozali za strajk so glad vo skok mojata sekoj skok istoto…. Ne pregladnuvaat ne se sekiraj. I jas taka pravev, vo son da ja nacekam za da cica. Kaj mojata obicno traese do gromceto, koga ke pomine gromceto poleka pocnuvase da se vraka vo normala.
Може ли некој да ми израчуна за термин 31.10.2021 се молам да е скок др објаснување за понашањево немам.
Читам сите се жалаат од 4 и 6 скок.Има некој да се пожали од 5ти?Јас полудев,има крај или нема на тероров не знам.Комбинација со маки од заби,од дома ќе си заминам.Грлото го одра од врескање со сета сила,за заспивање шо да ви кажам.Пиштење до препотување.
Искрено престанав да ги следам скоковиве од што ми ствараше стрес, едноставно дете менува секој ден и тоа е тоа. Денес спие, утре не, денес јаде утре не, некои денови е расположен, некои екстра кенкав ама се тоа препишувам на брзиот раст и развој, којзнае што се им се случува во мозочињата Инаку не осетив ништо цел скок скоро, се до пред 1 недела, значи хорор, борби за спиење и денски и навечер, чести будења и плачки. Почна да се треска и да се дере ако не е по негово, се фрла ко да нема утре Од друга страна па повеќе разбира, повеќе се заигрува сам, оди по мебел и за раче фатен, брбља по цел ден. И така, ќе пројде брзо не се секирај
Аххх значи ние сме веќе у скок некое време, се од ова прави само што е тивка бабаба и толку некој пат ќе и се згреши бебе,блала,тата мама ни на грешка. И искрено почнав веќе да се загрижувам мада знае чао со рачето, не со главчето, дај нешто ми дава знае дека ако го фаќа рутерот ќе ја “тепам” по рачето и си покажува дека по рачето ја плескам ама зборење не. Освен баба ништо друго.