Некоја мама да ми каже што да очекувам од пети скок, влезени сме пред два три дена. Но уште имаме последици и од четвртиот...
Лоши дневни дремки, спие подолго само во раце. Раздразливост и плачење пред да заспие. Зголемена потреба за физички контакт со мама. Кај нас се овие работи најистакнати.
Ова 3 скок освен кенкање и нон стоп во раце дали бара и цицање на 2 саати макс? Таман дојдовме до 3-4 саати размак меѓу подои еве не пак на кратки стази
Мајки, апликацијата wonder weeks вика скоковите да се сметаат според due date, а не кога е родено бебето. Според ваше искуство кој дарум е порелевантен? Бебенцето ми е 2 недели пред термин родено, а кенкав е константно, незнам кога да припишам на скок
Мајка блазе тебе штом сте на 2 саати меѓу подој. И ние сме во трет скок, ама овие 3 месеци само на цице сме, побудалев начисто.
Кажете апликација за скокови? Вондер викс се наплаќа како што видов, ако има некоја друга нека каже. Или пак нека ми пресмета некој дали сме во скок, термин ми беше 11 јули.
Може некој да ми пресмета повторно од wonder weeks, изгледа влегуваме во трет скок, термин е 15ти август.
Фала најмногу ❤️ @V.N. а го гледам пак покенкав мојот и се буни за цицање, си викам зар не го пројдовме досега вториот, тоа веќе трет почнал
Во 7ми сме биле.. на ќерка ми скоковите се кенгурски изгледа, еден по друг, нема одмор. Ова со тргнување на работа ич не оди заедно. Ама ај, и ова ќе помине наскоро нема да биде бебе, па да ѝ се нарадуваме уште малку, скокала или не
Девојки вие што веќе го искусивте 4 скок Имам една недоумица... Според апликација бебе е во 4 скок громче вика од среда не фаќа со молњи Од почетокот на оваа недела имам бебе што не можам да го препознаам во позитивна смисла. Фати ред на спиење две кратки дремки и една од 3 саати. ( претходно на секој саат по 10 мин. Спиеше). Легнува во 19:30/20h најкасно без исклучок во 6 е станата до 7 успеваме во кревет да си лежиме. Заспивање исклучиво во кревет не сака веќе нишкање во раце ќе си легнеме ќе се гушнеме цуцлата и 5мин е заспана. Ако сме искочени а и се спие ми заспива во раце после во количка си продолжува. Дали ова се должи на скокот или е само сонце пред бура
5 skok koga pocnuva? Mojot e tocno 5 meseci, ama mislam deka od denes sme vo toj skok po odnesuvanje.
Здраво Дали некој може да ми пресмета дали сме во скок на развој? Термин е 23 мај Родени 30 март Фалаа вии