Mom's Пошто 6 и 7 скок ни беа глатки па сега овој осмиов реши да не тресне,така оди? Од роденденот овие неколку дена и баш е лоша. Мислев да не и е и од луѓе многу плус ама календарчево друго вика. Се кара, нервозни изливи некои, не сака да седне на гз, само се пентари и ако ја тргнеш вришти, од вчера почна да стои без да се држи за ништо и прави чучни стани. Две ноќи станува во 12 до 2 си тулумари, да ја земам да ја легнам пак вриштење. И искача горе и доле Троја или четворка плус еве веќе 10 дена. Да се спремам и за полошо или тука ни е пикот?
Jas sepak mislam deka e od rodendenot, mnogu cesto go slusam ova, da posle guzva bebe e nervozno i voznemireno, slabo jade/spie. Vidi ako se smiri za nekoj den e do toa, ako ne skokot ne bega
8ми скок кога е ? Моево дете претходнава недела е неподносливо. По цели денови да се кенка, да се дреме во раце, заигрувањето сам трае некоја минутка и толку Последниве 3 ноќи се буди со кенкање на секој саат и само цицка му е спасот. Му растат и заби, двојка доле и четворка горе веќе му се избиени се гледаат па веројатно и другите ќе ги извади. Инаку е 1 год и 20 дена
Ве молам ако може некој да ми предмета дали сме во скок Термин 14.08. Родена 18.08. нешто плачки по дома како никогаш до сега, глава и паѓа за спиење а никако да се препушти, шо да правам, раце ми паднаа..дневните дремки ни се скратија на три од по 30мин и да ве прашам за апликациката дали само дава дали детето е во скок или и некои други информации содржи.
Скроз исто, почна една недела пред роденденот, пикот беше претходната недела, од бубалче што спиеше навечер 10+ часа, плачење буквално по цели ноќи, но еве сега барем се тешам дека секоја вечер е се подобро. Ќе ти ја предвидам иднината, од саботата навака преку ден од што ми е мирен и мил нејќам да заспие, ми фали додека спие. Преку ноќ ми се смири бебето, само што го поминавме громчето.
Честитки, влезени сте во 4ти. Апликацијата дава информации за секој скок што да очекуваш, низ каква фаза поминува бебето и што ќе научи после скокот.