Мајки ние сме 6 месеци и само што го завршивме 5ти скок. Значи бебево вака во скок не ми се понашаше . Мака мачиме секоја вечер за заспивање. Еве веќе 5 саати е будна и расположена за муабет и за играње а на моменти почнува и да плаче ама никако не сака да спие. Имала некоја вакво искуство ?
Не си сама мајка. И кај нас тој период беше таков. Прво четврти скок па и се спои со 5 ти и sleep regression. Таман си реков заврши и 5 ти скок она бетер. По 5-6 саати седеше будна и плачки на секое успивање. Еве ја сега 10 месеци е. Заспива сама, има ред на дневни дремки, ја преспива цела ноќ. Најтежок период ми беше тој. Плус се откажа од трета дремка и баш ни беше хаотично
Исто и кај мене беше. Од 4 скок па се до крај на 6ти беше хаос. Беше се споено. Трауми имам уште. Седми не го осетив а осмиов и не е толку страшен.
Какви промени има после вториот скок? Го поминуваме громчето и гледам си ги спојува рачињата, ги става во уста, друго не можам да приметам. Не се жалам што сум ненаспиена деновиве, златен е во нормални услови
Кај мене подолго време гледа во очи кога му зборуваш и испушта некои звуци, валда гукање. И два пати ми се преврти од страна на стомак, не знам ова дали да препишам на скокот или случајност беше
Здраво. Дали има некоја мајка искуство. Месецов направивме 1 годинка. Бебево ми се смени скроз. Од бебе стана мало љуто детенце. Буквално 'ржи за се што нема да му се удоволи, стана многу нервозен, љут. Доколку нешто сака, исто со ржење го искажува. Од јадач на се, сега држи по 15 мин во уста(она што му е помалку омилено). Плус лепенка за мене, неможам да излезам од соба. Ноќе знае да се буди плачејки, писка во сон. Заби не се. Немирно спие ептен. По дата на раѓање не сме во скок, а по термин во 8ми скок и баш се поклопува. Ова трае веќе скоро месец дена.
Дали му пушташ да гледа нешто на екрани? Моите само тогаш се такви и затоа не гледаат ништо. Цел ден без екран ми е најлесно и најубаво. На некои деца изгледа не им смета ама мене прво на тоа ми текна бидејќи кај моиве смета ептен. Со првото следев скокови, со второво не ме интересира дали е во скок или не, само го следам детето, ако не смеам да излезам без него од соба не излегувам па по некој период доаѓа период кога смеам сама од соба да излезам и така се во круг до 5-6 години, после ги нема тие маки.
Само песнички пуштаме да слушаме, не гледаме ништо, ни па му задржува внимание нешто. Активен е 24/7. Пред екран не седнал ни 30сек. Ни пак ние гледаме нешто на тв. Постојано е исклучен. Ај може е период
Да пробаш и без песнички или многу малку. На моиве две деца и тоа им смета, не знам зошто. Кај нас дома е се исклучено за мир. Можеби се заби иако не се познава. Можеби стомачето. Се е можно. Дали кака редовно? Ако се нема искакано може и тоа да го мачи. Моево сабајле го разбудив во 7:30 и одма почна да плаче, две претпоставки имав: стомак или инфекција дека памперсот беше празен сабајле, дури 8:20 какаше и се смири. Си ја кажав и мојата мака успат.
Уффф мислам дека е и те како е скок. Нас баш после роденденот ни почна ваквото понашање. Мислев гужва, луѓе, па нервозна ден два ама еве тераме и втората недела. Ржи, плаче за без везе, не можам воо вц да отидам, дури и татко ако ја земе писка ама писка мислиш ја киндапираат. Ноќе минатата недела имавме тешки ноќи со касно заспивање ама полека се среди да не ја урочам. За јадење, јаде ама се исправа на хранилката и сака да се качи на трпезариската маса и хорор е. За проодување не се пушта, на мало прсте се држи а се качува на секоја можна површина што може да ја дофати. Екрани нема ни кај нас така да да си чекаме да помине скокот
Буквано исти сме. И моево ни мм неможе да го залаже и да му оттргне внимание, лепенка за мене е. И јас се сомневам во скок. Нема што да е друго. Хаос е, нека поминува побрзо
До сега не го осетивме ни 4ти ни 5ти скок ама ова што е со црвена линија измеѓу скок душа ми вади. Неможам да мрднам ни метро од него и само кенка ништо не му се погаѓа. што ќе се прави јас незнам. Неможам ни до вц да отидам.
А што значи тоа со црвено што е ? И ние сме измеѓу скок и душа ми вади со спиењево . Во скок додека бевме сама се успиваше.
Измеѓу 5ти и 6ти скок има период означен е со црвено не е скок нешто измеѓу е учеле за растојание тогаш.
И ние сме помеѓу 5 и 6ти скок ама сега засега имаме проблем само со спиењето. А баш едвај чекав да заврши 5ти скок да одморам кога тоа бетер стана
И кај мене почна потешко да заспива. Ако претходно беше заспан за 5 мин. Сега ни треба најмалце пола сат. А деновиве е и лепенка за мене абе до него ќе седам и не престанува додека не го земам враце. Па недај боже да се оддалечам од него одма со плачки.
Kako go pominavte 5tiot skok? Bebuska zaspiva so nishkanje, lulanje, vo race! Nisham 1h, za da spie 30min preku den kratki dremki imase od sekogas, ama vecernoto spienje ni bese odlicno. 2 veceri po red se budi so vristenje.