Здраво мајки бебето ми е старо 33 дена,2 дена веќе чудно се однесува повеќе е буден него што спие и кога заспива тоа е многу краток период.. само бара да цица плачливо е да го дојам би го ставила на града меѓутоа на АД сме и страв ми е да му давам порано од 2.5 - 3 часа..Така и педијатарот ме советуваше да не давам порано за да го свари мешето убаво.. Препишувавме на грчеви ама му го фаќам мешето,масирам не реагира. Дали е можно да е прв скок во развој? *Иначе си цица како што пишува на самата формула за неговата возраст пишува 90 мл.
Првата слика е според термин, втората според дата на раѓање. Иако викаат дека се пресметува според термин, јас приметив дека кај моето се според датум на раѓање.. Инаку тука сме со термини.. мојот беше 26.07, породена 19.07 ☺️
Мајки дај кажете како го преживеавте 7 ми скок? Дали е до скоков не знам, ама неколку недели е све кенкава ништо не и се погодува не спие плаче ноќе не дава да ја пресоблечеш. Хаос… Дај утешете ме
Истото е и кај нас ова е лудило, првите заби ги вади и 6ти скок... Дремки пола сааат, навечер на саат се буди
Уште некој ден ќе е 8 месеци, апсолутно е претежок и силен, се бори на цицање, се поти од што прета. Млеко во шише го бутка и го фрла. Забчиња има две, горните сега ми личат отечени, плус се подлигавува. Сабајле 5 - 6 кукурек се буди и само у раце презаспива до кај 7ипол. Денски само се кенка, посебно што даде му зима играчки од раце, па научил да се љути. ПО БУ ДА ЛЕВ
Zdravo majki, dali nekoia mozi da mi presmeta dali sme vo skok da mi pisi poraka? Ovie nekolku denovi ne mi prespiva denski skoro ic bebusot po 45 min 1h max i posle odma placi se stega za jadenje. Na ad sme i gledam na 3h da davam a to bara i pobrzo.. si pretpostavuvam deka e skok najverovatno