Ауууу... еве го исто. Ако се мрднам од него почнува да се лути и со нозе да тропа и со солзи да плаче. А за дерењево засега нема, ама ова драмаваааа..... Ако потрае уште некој ден те барам за Бардовци Собирај живци и сили! Од вчера до денес имам друго дете дома
Со спиење како сте? Мене глава ме боли денес. Сигурна сум дека е од неа, брка директ у невроните со пискањето
Кога сме кај пискањето, само за време на скокови ви е резервирано? Дека моите нит се во скок нит имаат мака, откако ги открија гласните жици си пискаат ради забава, зашто им се може. Буквално си лежат си се играат и одеднаш почнуваат да си пискаат. Ај што слухот дефинитивно ми е намален, него срам ми е од комшиите...Гугл вика форма за комуникација пред да научат да зборат, ама ако трае додека да прозборат, тешко нас.
И мене вчера ушите ми зуеа од плачење цел ден.. Мали спие навечер, што да не спие, кога цел ден се умори од плачење. Еве денес 1 саат откако е станат, 45 мин мислам дека плаче. Ни јас ни мм не знаеме зошто.
Случајно отворив, за среќа па ми излезе твоето мислење пред очи. Многу е побеснета, лутење, драми, а никогаш не била плачливо дете. Ако и речеш НЕ па Одма рикнува, почнува да лупа таму кај што сакала да фаќа а сум и рекла не, некни дури почна и да го гризе тоа на ролетната од бес, јас само ја гледав и не можев да се изначудам Игнорирам вакви испади, чекам сама од себе да прекине, за сега функционира некако, за понатаму којзнае... Втора ноќ заспивање хаос (исто никогаш проблем сме немале со тоа). Ниту пак е сменет некаков ред во нешто. Синоќа заспа во 12.30 по полноќ (а додека заспа се караше на цел глас, фрлаше цуцла, ме касаше), вечерва еве сега, дури и не дишев кога ја спуштав од раце Оти право како што спие нели во рацете, кога ја спушташ, оп, станува, седнува, а после рипнува и почнува да скока Колку трае ова, сте виделе на апп? Стварно си го сакам старото девојче назад...а до тогаш, од стрес решив да се улепшам во косата и 1мл филер да буцнам Очигледно, една година затворена дома мава на лудило
На здравје филер Еми За другово немам коментар. Како некој да ми го замени детево преку ноќ. Ама пред гости да ја видиш каква кукла е. Само гости ќе викам деновиве, да ми одмори главата. Моментално седи врз балон и се кези. Ми ја уништи мачката еј, на штрек е кутрата. Оди и се дере и мачево бега пошо кој нормален ќе ти стои ако му се дереш и она почнува да плаче хистерично и некој магичен круг се ствара и така. По цел ден плаче. Забавноооо
Ајде ајде скокчеее лапензиии Ме урочивте изгледа мами Трета вечер заспивањето ни е театрално. Заспива кај 11:30 дури а си пробувам стандард во 8:30. Па ќе стане па сама ќе си излезе од вреќичка и журчето почнува. Откако ќе се изнаигра со сите играчки и ќе испопипа се од вц до спална се качува на спална и јас ќе легнам и она почнува да рика зошто сум легнала. Маж ми вчера во соба влезе мислел дека ја тепам до толку рикаше а јас само си лежев а она до мене седеше и си плачеше. И така едно пола саат и заспа. Преку ден исто деновиве еден саат се успиваме со легни стани а во понашање вака е иста само што од време на време се дере гласно ДА Да или Не не
Кај вас се подобрија симптомите од скоков или? Мојава од вчера е со тт, ама прелоша комбинација е со понашањево Не знам од шо плаче, дали од тт дали оти едноставно и се плаче. И ко шлакната некоја само се акам со топломер по нејзе. Маж вика сум се опседнала со тт. Како да му објаснам дека не можам веќе да распознавам зашо плаче
Искрено не знам веќе што е...Топло ладно игра со нас. Викендот се смири, деновиве е многу раздразлив, баш како што спомна, да не го видиш попреку, одма вришти. А и ми се лути господинот, јас го носам во градинка и дома е лепенка за тато, мене не ме погледнува
Здраво Ке ве молам дали може некој да ми виде на прогамата дали сме во скок на развој? Се работи за предвремено родени близнаци родени на 30 март .2022 А термин ни беше на 23 мај 2020 Врескање пред секое заспивање кратки дремки И совет како да им помогнам како да се справаам бидејќи психички пропаднав