Имааааааа!!!!!!!! Откако е роден синко постојано е во скок Еден завршува,нареден веднаш почнува,пауза немаме
Мора да се надоврзам на ова.Ја кога и кажувам на свеки,скок во развој ми вика "А ДА ЈА ОДНЕСЕШ КАЈ ТРАЈАНКА ДА И ЗАБАЕЕ" така си го објааснувале порано скокот у развој.Урочено е,замиј со крстена вода.
Период кога бебето брзо напредува во психофизичкиот развој. Некои бебиња лошо спијат во тие денови, додека други го продолжуваат попладневниот сон што им е потребен за одмор и напредување. Некои се преморени, а други делуваат како да одеднаш се полни со енергија.
А што ако не го на манифестира скокот со некое значително плачење и неспиење. Првото дете секој скок имаше нешто, ова дете спие цица нормално што не знам дали е нормално
Свеки види ја Скокот во развој го решавале со бајачки. Ама и уште го решаваат. Ринат Трајанки со крстени води и баат од уроци сеуште во 2019 година. А толку е едноставно забрзан психофизички развој му ствара немир на бебето. Мине за ден два, затоа и баењето им е успешно. Нема такво нешто како урок, не постои. Постои бебе кое не е спиено добро преку ден и се траска од земја после 18 ч. Како мојава денес преспа цели 40 мин само еднаш од 7 наутро до сега. И нормално како урочена рика. Едно рикање што има те изместува од нормала. После денов не се ни осеќам нормална така малу како замелушена стојам. Ми идеше да си искочам од станот еден период сама и да викам по улици. Многу тежок петтиов период ми се виде. Налик четвртиот. Многу почна да изведува и да се инати и само по нејзино сака да биде иначе рика. Ама тоа е језиво рикање без прекин со саати.
Абе молчи таму да не го ,,урочиш,, . Исто и кај мене, со првото го видов Господ во пижами со доооооолги денови и ноќи непреспиени а второво е срцуш. Нормално цица и спие во негови термини што си ги направи како рутината и само покажува нешто ново. Ај и јас да не го урочам моето, еве го тера 4 ти скок и освен што промени од 4 на 3 спиења (уствари првото и второто спиење ги спои, му беа по 40 мин а сега спие саат-два) и заспиваше во 19.30 сега во 20 часот точно во минута. Нормално навечер се буди 2-3 пати за цицање.
Па како мислиш ти комшиката Славка ја погледнала преку рамо,у маало важи за лоша жена Неможеш бре да им објасниш.Ко нездрава се чуствувам,им кажуваш со убаво објаснуваш.Целата работа околу мајчинство и бременост јас ја сваќам стресно и одговорно, а они те гледаат као што збориш ти,мајка е природна работа.Дете цица,спие,урочено е идеш на бајач ,дмкаш у раце.Праиш домашен сок,компот и слатко за да има зимоска да јаде и тоа е Пакако душа да не ти пукне.Уште и примитивна јатрва имам,за некој месец ке се породи.По ендемски вид на суштество од неа и свеки нема се погодиле.
Ме изнасмеа Посебна тема треба да се отвори, а можда и има за вакви ендемски видови и совети од таква сорта Страшно е и колку млади има затруени со вакви бајачи, врачари и штотијазнам работи. А многу малце треба да читнеш за да се информираш. Ама некој подалку од носот неќе да си види, не па да земе да чита.
На среќава свекрвата заслужува посебна тема. Од труднички ќе и ги соберам сите постови и има албум да и направам на жената! Имаше и една со снаа и спиеше у деветти месец оти мажот и беше на пат и онака у ист кревет гушнати Наташа беше во Велес што живее ми текна. Посмешно здравје. Среќава не ја заслужува оваа, јас би се валкала од смеа секој ден и ќе и го возам филмов на најјако
Само ова ќе пишам и ќутам ветувам Некни и викам железото како ти е? И ми вика не пијам веќе витамини,крв од нос и течело кога дувала носИ викам нормално е тоа. Не ми вика,колешка и рекла од витамините е.Можда,можда.Ветив,мудро ќе молчам од сега.
Среќава си дозволува да ја слуша секој ден оти е фина девојка и ќе ми попушти психички некој ден и ќе тргне по бајачи
Не,не уште боље.Ја ке почнам да баам против лошитулук Некни гледам метла купил мм,викам да ја јавнам и да фатам штикла
Ма крај краева и не е битно ништо на крајот на денот ,кога тие две очиња ке те погледнат полни со љубов,и восхит што си им ти цел нивен свет.Скок во развој,психички растроена мајка,или што ли ти друго.Јас си викам "Браво бре Среќо,ти си мајкиште" ова нормален чоек не го трпи Да ја оставам свеки на раат да руча,ќе се убие икајќии од волку зборење
Сигурно комшиката преку рамо ми го гледа од тераса малиов,па од кога е роден што нејќе ни бацување ни гушање,ретко од мене само,тоа татко баба па не доаѓа во предвид да го милуваат се гади И не е во скок уште земаме залет за во 4ти да влеземе за една недела, но пример се вози во количка и дали си дреми со отворени очи незнам,но како ке засѕанам да направам муабет ао некој он одма му се мршти и се спрема да плаче. Како никој да не сака да го гледа и да зборува со него. Како дома да се чуствува најбезбедно а малечок е за така да разбира. Може дека не е крстеншала на страна како да го социјализирамт.е да се кемка од други и да не ме гледа само мене
И моето е ептен не дружељубиво Само со мене се гушка и се мази додуша и плаче ако излезам од соба дури и со татко му кога го оставам мама мама на рипит. Веќе две недели само се дере, не плаче туку рика, се дере мислиш до заоѓање е работата. (Не знам дали точно го напишав ова заоѓање, муабет од мајка ми дека). Одбива да јаде, посебно па од лажичка ништо не сака. Не сака да седи, да се вози во количка, ниту пак да го носиме во раце само да го држам за раце и да оди долу. А за легнување да не зборувам, кога го легнувам да му сменам памперс ептен плаче значи не се издржува. Ми се иде и јас да почнам да се дерам и да се трескам од земја. Што скок ќе беше не знам, најизразено до сега. Ако е до скок иначе Бог нека ми е напомош
Твоето беше 3+ мес, така ?! Во овој период се осетливи на звуци. Лупај и трескај по дома, гмечи хартија, целофан и остали глупости т.е прави разни звуци за да ги научи. Кога ќе лупнеш на пр. лажица од тањир он тоа да го види за да знае од кај доаѓа звукот и така нема да се плаши. Шетај го надвор на бучава...Сите јаки и необични звуци гледај да ги види и зборувај му. И моето беше такво, дури се плашеше и кога пуштав вода од чешма (таа шушка нели). Сега само се плаши сеуште од култиватори а кога ќе помине мотор и ќе забрмчи јако, не на пр. Е сега кај да му наоѓам култиватори да му покажам дека тие брмчат јако . не се малечки све разбираат Во 3+ и мојот вриштеше од непознати највеќе од свекрвица . Ама му помина тоа. Мали фази што бргу поминуваат. Моето зверче е дефинитивно во 4 скок. Веќе 5-6 дена се врти интензивно, ама нон стоп, од грб на меше па почна и навечер во спиење. Е сега враќање назад тешко па почнува да ржи. Го враќам назад и тој пак и по цееел ден тоа си правиме. памперси менувам за 3 секунди а и му најдов цака му давам во рака парче пек хартија (хартија за печење на торти) и тој со рацете ја гњави, таа му шушка ја става во уста и така добивам на секунди време за да сменам памперс . @srekice јака ти душа туку обучи ја свеки за работа на компјутер и интернет за да симнеш од врат ај држ душа ќе се породи јатрвата па таму ќе се закачи можеби, ти нема да си и интересна
Каков компјутер ја чекам секој миг да влезе низ врата со вуница и игли да ми го учи детето да везе гоблени Инаку добри ти се советиве за Хепи.Ќе ги применам на мојава умница,и она се плаши.Посебно од мојот глас ако го повишам