Помислив на тоа. Но за ноќните терори стои дека се јавуваат во првите саат-два од заспивањето. А кај неа некаде 3-4 часот сабајле. Писка, плаче и вика не, не, не.
И моето на таа возраст имаше неколку такви врескања како ноќни терори, исто се случуваа во периодот 3-5 часот. Баш како што опишуваш, да не сака да го допреме, плаче и повторува не, не, не. Се случија 2-3 такви епизоди и толку, прекинаа.
Скоро два месеци бевме така многу траеше кај нас, со тоа што цицањето се среди ама спиењето не, крш сме со денски кратки дремки и ноќе будење често. Сега сме во 5ти ама мислам дека меѓу 4ти и 5ти имавме само недела, две пауза. Најверојатно и се спои и со вадење заби не знам веќе
Ноќен кошмар мајка. Баш скоро видов една слика со разликата меѓу терор и кошмар. Ако ја најдам ќе ти ја пратам Еве ја најдов
Ке сала ли некој на апликацијата да ми пресмета до каде сме, се ми делува дека оваа што го имам од Др.Гуднајт не е точно.
Мамички ај за едно прематурче да ми направите пресметка ако може 24.11.2022 е родена, краен термин бил 27.01.2023 Ви благодарам
Според калкулаторот на wonder weeks треба да сме влезени во озлогласениот четврти скок . Би ви била благодарна ако може да ми пресметате кога ќе биде громчето? Терминот е 31.12.2022
Абе само кај нас ли секој скок е се потежок?! Изгледа во 7ми сме, добивам желба да ги спакувам и вратам у болница
Кај моите сум приметила им почнува како по датум на раѓање ама им трае до средината како сметано по термин. Значи едно 2,3 недели плус...како се манифестира кај вас? Моите се невозможни, научна фантастика е да ги седнеш било каде, нит релаксатор, нит хранилка нит на земја, ако може цело време да стојат или да се у раце. А кога се у раце не знаат што сакаат. Се тегнат по све, ќе им дадеш тоа што бараат за секунда се фрла тоа и нешто друго се бара. Само бељи да се прават, да се кине нешто да се крши да се треска, да се пипа нешто што не смее, да се лази некаде кај што не треба, се качуваат еден врз друг, си земаат играчки еден на друг, па плачки, цело време на ногавица ми се закачени ако нешто имам работа, еден ако земам недајбоже другиот остава све и се пика се качува да го земам и него, касаат како касапски кучиња. Не јадат, не спијат, само да се квичи и цимоли. Јас не ги препознавам. До вчера си седевме си читавме книги, си редевме коцки и топчиња сега внимание да им задржам со играчка само ако ми се посреќи...а времево никакво барем да искачавме...кога некој ќе дојде у помош икам од среќа
Се што напиша од а до ш исто е и кај нас исто секој скок трае плус две три недели, или па се тешам дека е скок уште кога не пуштија од болница ми рекоа имате бебиња плачковци да не се секирајте и плашите и да не ги носите по болници ако нон стоп плачат, едноставно плачковци си се без врска. Ај тоа ама и многу бесни и непослушни од ден на ден... Си викам ќе помине но секој ден полоши бре како со мечки да се борам кога мењам памперс и за се остало...