Лелее овој 7ми скок... по саат време ја заспивам а глава и паѓа за спиење, а она се бутка со нозе, се влече низ раце само да не заспие.. а да не зборам што ништо не јаде...за 3 дена тргам на работа како ќе издржам не знам...
Пак јас..мајки како го преживеавте 7ми скок бидејќи ми иде јас да скокнам од тераса...дали е само до моево бебе или нормално е да ја заспивам буквално по 2 саати само вика не не мам мам, плаче за се, нејке да се заигра со ништо, се исправа на секој стол, маса и намерно се пушта да падне, не јаде, зајдува од плачење... ме убива ова што ја успивам по 2 саати цел ред го измести....
Ко да сум пишувала јас со тоа што би додала од бебе спијач цела вечер се претвори во новороденче што се буди на 2-3 саати цела вечер и цица по мининум 10 мин Спасот го гледам во броење денови до излез од скоков. Гледам дека уште 10 дена па вајда ќе има светло на крајот од тунелот! Толку многу читав за фамозниот 4 скок, а кај моево не се осети ич, затоа овој 7 скок ме срози
Сега баш ја преинсталирав, дури подобрата верзија, баш wonder weeks. Пробај со другите линкови, ќе ти успее. Мене тек на четвриот сајт ми успеа.
Ако сакаш линк ќе ти пратам во инбокс, не знам дали смеам такви халерски линкови тука да пуштам. Ако успееш, ќе частиш кафе
Јас ја симнав апликацијата како што објасни Александрит и кај мене излева дека по датум на раѓање не по due date сме во 5ти скок. Страшно па и споено со нервозата од непцата ми се иде со неа да плачам во хор, по цел ден сум сама. Вика на цел глас, се и се спие и јаде на ад сме и плус насабајле јаде каша 125гр. Едвај издржува 2/2.5часа. Кога станува од спиење само 15мин е весела и почнува со кенкање и плачење. Недај боже да ја легнеш со солзи рика или да ја облечам жива вода ме препотува. Спие повиена и пак се буди и плаче па пак ја презаспивам. Како бебе не спиеше повиена ама 4скок не за*ба а 5ти ќе не доуништи цел ред замина во вода.
Повиена на жешково, не зезај.... јас вечерва и за спиење по кратки го облеков. Башка големи се веќе (штом е во 5ти скок) за повивање, особено ако се врти веќе не е безбедно повивање. А 5тиов за спиење е хорор, јас цуцла купив заради него, не бива секоја вечер ова време урла, епа не можам, сега проба, пикнав цуцла, продолжи. Ќе видиме вечерва како ќе биде. Денес цел ден преспа 2 пати асално, еднаш така така и еднаш у раце пола саат на роденден. Ама успивање со тепачки.
И јас ја оставив на кратки,повиена е само додека да заспие бидејќи со рачињата си ја вади цуцлата и плаче ма не да плаче се дере на цел глас и се така во круг. Тоа е одприлика максимум 10 мин со тетра само рачињата и се фатени ножињата раширени и голи, и потоа ја одмотувам и ја вадам од количката ја ставам во креветче. Ова е вака од 4скок, инаку јас не практикував така ама баш ич и мене не ми е убаво само ја пипкам да не ја препотам. Денеска денов ужас е мал збор, 5 пати заспа како навиена за 35мин станува со плачки, и сега за спиење во кола ја заспавме шетајќи кругови никако не сакаше да заспие а се дере на цел глас. Скок и заби
Три месеци и 22дена стари, дали имаме скок? Бебе пред заспивање плаче веќе 4/5 дена. А до тогаш ди беше кротка сама си се успиваше
Скок и заби, комбинација смрти, исто ме снајде и мене. Ама па откако го соблеков спие. Синоќа заспа во 10 дека бевме на роденден и до 6 не се разбуди, во 6 стана за цицање и до 8ипол топ не го будеше. Е ова е спиење бе синко, сабајле свежи и двајцата.