Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скок во развој кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Lady.Luck, 2 февруари 2014.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.783
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам мислам дека е до времето на легнување. Ќе видам сега зошто вечерва го легнав по старо, пред 9, ако стане пак во ниедно време значи до тоа е, од утре пак ќе темпирам легнување после 9ипол.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Каква ситуација имав ;( колку плачеше срце ми се кине мајки срце ;( сите ли бебуши вака плачат или само мојата е толку плачлива. Луѓе на цел глас наеднаш кога почна да вика море како не ја нишкав не се смири никако, ја легнав да и дадам чајче и почна да се смее а јас почнав да плачам. Мм ми вика многу сум паничела, ама неможам бре разбирам кенкање ама олку вриштење на цел глас ваква бев :sweat:
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.783
    Пол:
    Женски
    Ехеее, мојот доби уртикарии од толку дерење некни, пликови црвени цел. Спие и урла, вика. Сега се ближи 11 го чекам, ко натемпиран е во 11 да урла.
     
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.679
    Допаѓања:
    11.155
    Пол:
    Женски
    И мојот урла и писка многу, особено деновиве како наоѓа баш ко сум целата крш буквално
    Се дере, мрда, сред ноќ , пак, за цицање се корне.
    последните денови од 4ти скок ги минува и кажете дали после се нормализираат.
    Шо вика @AngelOfArh заспивањето тепачки нѝ е.

    Еј, на каков начин ги заспивате?
    Јас на скут после цицање го занишкувам и со тапкање по газе.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.783
    Пол:
    Женски
    2 дена мирни, третиот ќе наплати... што е тоа? Па скок во развој, се знае... од сабајле спие само со цицка во уста, мрднам ли, кааааде бе мајка, кај си тргнала? И така, место да вежбам, да чистам, да спремам ручек, да правам нешто ефективно, еве ја лежам до бебето дури он спие оти ако станам, ќе ококори очи одма. Сабајле му ја направив омилената каша, тиквица, јаболче и морков, и тоа непрскана тиквица, пријателка ми даде, јаболче купечко и морков купечко, измешав и ем мазно ем парченца, ептен по мерак... Ама задоцни кашата цели 3мин и нормално дека не јадеше, цицна, дремна 10мин и стана ја дојаде. Ми наплаќа и за брат му што беше бубачка овој. И еве сега спие по маичка и пелена покриен со тетра, пирка свежо од ролетните отворени 1 педа одоздола и плус од карши прозор отворен со исто спуштена ролетна, значи промаја, да не види баба му ќе ме убие. И синоќа спиевме со отворена врата и спуштена ролетна исто така, ама спуштена скроз, само дупчињата на ролетната отворени не затворена скроз. Спиеше од 9 до 6 сабајле, стана цицаше, продолжи до 8ипол, ако не е ноќново спиење, јас ќе полудам.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Eellyy

    Eellyy Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    дали може некоја мајка да ми пресмета дали сме во скок 27.02 неможам да ја симнам апликацијата
    страшно плачење имаме веке две недели
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Какви промени приметивте после 6тиот скок? Претходните скокови беа издржливи или јас сум поспремна психички не знам ама овој шестиот ме уништува полека.
    Не можам да си го препознаам бебето, од бубалче стана ѕверче, се лути буквално за се, се фрла наназад, само плаче, заспивањето е невозможно, го заспивам 1 саат за да спие пола саат. Ноќеска и треска имав од умор, ме боли цело тело.
     
  8. Kris27

    Kris27 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Колку сте стари?
     
  9. Kris27

    Kris27 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ние сме 01.03, близу сме ваљда е скок. И мојава ѕверка пред заспивање вришти
     
  10. Eellyy

    Eellyy Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    .
    исто плачење пред спиење и 5пати ја презaспивам
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.679
    Допаѓања:
    11.155
    Пол:
    Женски
    4 и пол месец има.
     
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    И мене 6ти скок ми беше најтежок, среќа со паузи беше па можев малку да здивнам. Го поминавме и бебе стана премнооогу активно. Во спиење 100 пати се врти на стомак и обратно. Цело време прета, игра со рацете горе, имитира се што ќе направиме и почна многу да се гушка :D Исто скроз ја прави лазачката поза ама само мрда со газот, се уште не ги движи нозете. Гушка мечиња кога заспива или ја бута раката под душек, мора во нешто да е гушнат за да заспие. И почна повеќе да спие на дневни дремки, има една од саат-саат ипол, а порано макс по 40 мин му беа. Со лесно, поминува брзо, после ќе имаш преинтересно бебе :inlove:
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Леле да, ме гушна сабајле за прв пат :inlove: Јас цело време зборев дека е див зашто поголемиот беше многу помил од помал. Исто спие и мојот раката мора да му е меѓу мрежата и душекот, строго на меше нема шанси на грб да спие. За дремките обратно, имаше 3 дремки (2 саати, 1,5 саат и 30 мин), сега се крш. Абер нема за лазење, само застанува на четири и се лула напред назад, па се фрла напред. Се влече војнички со двете раце и една нога :D
     
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    На мојот па се до после 6ти скок крш беа, некогаш и по 15 мин спиеше, сега конечно врзува повеќе.
    И мојот е далеку од лазење ама барем зазема позиција и си денса со газот горе :rofl:
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  15. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.150
    Допаѓања:
    13.927
    Пол:
    Женски
    Само да се пожалам...НЕ СЕ ТРПИ ВЕЌЕ ОВА!!!
    Само да се викало, плачело и не јадело. Демек громот го пројдовме, ама сега ко 100 грома да не замаваа (facepalm)
     
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Кој гром по ред? :D Поддршка :hug:
     
  17. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.150
    Допаѓања:
    13.927
    Пол:
    Женски
    Седми :hug:
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Втор скок како го минувате?
    Може слика од апп некој да стави?
    Ни цица ни спие,без престан плаче 12часа веќе со дремки од по пола саат. Во скок е проверив откако не знаев веќе што би можело да и се случува:sweat:
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Машки
    Еве и јас да се пожалам Од утре бебе почнува 35 недела, дали е во скок незнам, ама ова не се издржува.Само стенка,кенка како расипана плоча. Ништо не го интересира, ни играчки ни песнички. Само ги фрла играчките или ги рита со нозете. Па и кога го држам не му се погаѓа, се извива ми ги тегне рацете.А за спиењето не ми се зборува.До 9-10 не можам да го заспијам и во 5 или 5.30 он веќе буден и одма почнува со плачење.Дремки преку ден крш..две му се малку, три му се многу и ајде најди излес.Ако е скок нека поминува оти не се издржува.
     
  20. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    6ти скок, 36та недела е моето исти сме хаотични. Цел ден кенкање ништо не и се погодува, слабо јаде, спиењето ни е секако крш.. би требало да трае до почеток на 37ма, да се надеваме дека ќе биде подобро
     
    На Ив10 му/ѝ се допаѓа ова.