Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скок во развој кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Lady.Luck, 2 февруари 2014.

  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    8.282
    Пол:
    Женски
    Не е добар тој начин на заспивање. Ке имаш последици, ке биде уплашено и ќе ти се буди од сон со вриштење. Немој така жити се.
    Мене ми е мака коа кенка и се нервира ,кога плаче така да ја оставам??? незнам ,раце да ми сече некој ,нема шанси.
    Како старите баби коа ми делеа памет- е остај го мајка ,бебе е ќе плаче ,ништо не е.
    Не е ништо не е ! Секое бебе има причина кога плаче,зашто плаче.
     
    На 1209, Zumbulche, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Да да бебе е ќе плаче или советот остави го да плаче да ги развива белите дробови (facepalm)
    Па мајку му стара во кој век живееме?! Еј не можам од овие старински совети коса ми се крева и ме се повраќа искрено..
    ја реално сум тип на човек што не прифаќам совети и не ни дакам да ги слушам.. ако ти побарам совет ок ама сам немој да се мешаш:rofl:

    А ова за плачењево на бебе не знам.. и никогаш не ми било јасно како можат да оставаат бебе да се исплаче и од премор сирото да заспие:|
    Јас моево А да викне одма го зимам не па вриштење да слушам:sweat:
     
    На 1209, LiquidLuna и Misskirova им се допаѓа ова.
  3. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Околу оставањето бебе да се исплаче или т.н cry it out метода јас порано дебатирав со друга членка која ме убедуваше дека тоа е најдобриот начин и дека детето нејзино немало никакви последици и реално

    Во меѓувреме, слободно може да слушнете став на психолози кои кажуваат дека оставањето бебе да се исплаче предизвикува анксиозбост уште од најмала возраст и тие трауми телото ќе ги памти.

    Така да, денес секој може да се едуцира што е најдобро да применува врз своето дете, а особено врз бебе кое не може да ги искаже вербално своите потреби.
     
    На 1209, fashion-addict, Anturium и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    8.282
    Пол:
    Женски
    Да, до тој степен што и мм ми викаше остај ке развива бели дробови ( од што слушаше други) среќа па на време го свестив :D(facepalm)
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Истиот коментар и од сопругот го добивав, не знам од кај му е ама си доби лекција.

    Не сум оставила ни ноќе да вреска, па макар и шетала со неа во раце цели два часа. А веќе не е лесно бебе.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.924
    Допаѓања:
    6.149
    Пол:
    Женски
    Која себичност! За да го научам да спие цела ноќ (читај јас да се наспивам), ќе го оставам неколку денови да плаче, нема да го земам и смирам, кога ќе се измори ќе заспие. Да имав вакви мисли немаше да родам никогаш.

    И не, не сме ние најмајки, човечки е да се земе бебе, па и да не е твое.
     
    На no name5, 1209, fashion-addict и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    515
    Постојат бебиња,деца спијачи и деца кои се обратно од таквите.

    Многу е тешко со такви деца неспијачи,особено со бебиња, каде што ги нишаша цел ден за да спијат бар пола сат и тоа да го правиш цела година навистина е фрустрирачки, а ако тоа се повторува и навечер тогаш телото скроз ќе попушти.

    Јас имам деца неспијачи, со првото мака невидена, да го нишаша цел сат и да се разбуди за 20-30мин и така се до 6ти месец( ама до тогаш никој не беше среќен, ни јас ни бебето, јас фрустрирана и уморна од нишање,а бебето од неспиење)

    Со второво уште сега воведувам ред за јадење,играње,спиење зошто гледам дека и тоа спие само еден циклус од 40мин.

    И методот што го спомнавте за плачење го замислувам како родителот да го остава детето во креветче, а тој заминува на забава. Ваквиот начин на само оставање да се заспие бебето се применува само кај оние деца кои постојано спијат само по пола сат, кога навечер никако не можат да се презаспијат. Греота е да се применува кај деца кои еднаш се будат во ноќта.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Да оставање само во креветче, ама на секое негово кенкање и плачење да го земеш, смириш и кога е смирено пак да го вратиш.. а не да го оставаш да заоѓа од плачење за само да се научи да заспива..

    Јас сите мои 3 сум ги заспивала со цицање/млеко. Еве сега и ова цело време заспива само со цицање и да некогаш станува само 2 пати, некогаш цела ноќ е на цице закачен. Ама на ниеден тренинг ниту сум се одлучила ни пак ќе се одлучам. Тешко е да ама кратко е времето додека се мали и им треба помош:)
    И да еве ќерка е 6г, синко 3г и уште сакаат да лежиме со татко им до нив да се гушкаме за да заспијат. И колку и некогаш сум утепана и едвај чекам да заспијат знам дека уште малку ќе сакаат гушкање пред спиење а и општо гушкање и мазење со мама:inlove:
     
    На 1209, Anturium, Panovic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.672
    Допаѓања:
    11.138
    Пол:
    Женски
    Колкаво ти е бебето?
    Гушкај го дури е бебенце иако некогаш е заморно. После кога ќе порасне кога ќе гледаш слики од мало ќе ти недостига мирисот допирот ќе си велиш требаше да го гушкам почесто.
     
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    4.473
    Методот навистина звучи сурово, но нема доказ дека влијае негативно во понатамошниот развиток на децата.

    Минатата недела мислам дека ги прочитав сите статии на тема спиење, се што сретнав за овој метод беше дека не се препорачува за деца под 4 месеци и дека доколку емотивните потреби на детето се задоволени во текот на денот, тоа плачење во текот на ноќта ( кое е лимитирано додека бебето не се истренира само да заспива, значи кај некои деца е 3 дена, кај некои една недела, кај некои подолго ) не го афектира детето во понатамошниот емотивен развој.

    Иначе јас не нудам веднаш цице ако се разбуди во текот на ноќта. Секогаш прв чекор ми е да се обидам да го смирам и презаспијам, па ако тоа не успее, тогаш нудам града.

    Секој си го знае растот и напредокот на своето дете, но после 3-4 месец, метаболички гледано, бебињата се способни да истуркаат подолги прозорци на спиење без храна, значи 5-6-7 часа.
    Ноќните циклуси траат 3 часа,што значи дека секое станување на 3-4 часа после оваа возраст е неможност на бебето самостојно да премине од еден во друг циклус, и креирање навика за ноќно јадење кое понатака е тешко да се укине.

    Науката вели така, но секоја мајка си го знае најдобро своето дете.
     
    На lackygirl и Panovic им се допаѓа ова.
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    8.431
    Пол:
    Женски
    Ваков начин не се применува кај ниедно бебе, ниту кај оние што се будат сто пати, ниту кај тие што се будат еднаш.

    Лудост е и крај! Има ли докази, не ли, тотално е ирелевантно.
    Звучи сурово? Па знаеме сите како изгледа бебе што плаче на цел глас, нема тука што да звучи сурово туку е. Комшиско кога слушам како плаче ми се иде да го гушнам, ме фаќа жал не па свое и замисли затоа што не сакам да го земам. Грам човечност нема во сите вас што си ги оставате бебињата потресени да липаат.
    Мајки што може да остават бебе да липа спремна е на многу што. Случај за социјално и за уште едно место се.
     
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    4.473
    Нема потреба од такви осудувања, секоја мајка си го прави тоа што смета дека треба и што е најдобро за неа и нејзиното дете.
    Јас не го применувам методот ама многумина го употребуваат, па еве не гледам дека се спремни на нешто пострашно од останатите родители.

    Има мајки низ светов кои се враќаат на породилно на 6 недели, на три месеци, некои и побрзо. Што да прави таа мајка за да е работоспособна и обезбеди финансиски средства за детето? Да се доведе на раб на физички и психички умор и да капне, ако има дете кое се успива со саати и се буди низ ноќта. Ваков-таков, методот е најбрз, кој го користи нека го користи, ама без вакви тешки зборови.
     
    На strelec231992, lackygirl и Panovic им се допаѓа ова.
  13. MamiV

    MamiV Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    То беа два дена додека самото бебе научи да се успие само тоа е начин да сознае дека мајката не е тука кога заспива и се успива само јас не сум мајка бес чуства од каде знаат бебињата сами да се успиваат ти се научени да запиваат како ќе ги научите вие моето бебе сега се успива само и знае дека ноќта е за спиење а денот е за уживање во ноќта не се буди бидејќи така ние ги учиме нашите деца можи да ме усудовата но јас затоа напишав ова е мое мислење истото сум го гледала кај мајки кои го примениле од луѓе кои знаат и се стручни и дека ова не носи никаков психички исход
     
  14. MamiV

    MamiV Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Па моето бебе го оставив со причина да плаче као ќе му докажеш дека
    Зошто јас не го тепам моето бебе и јас сум мајка ме ми било жал за тие два дена но мора да научи бебето да сознае дека кога се успива е само во креветче без мене но јас сум тука до него моето бебе заспива само после тие два дека ни бара да се нишка ниту да цица па да заспива едноставно ние сме родители и треба да им посочиме оти оние не разбираат дека кога се успива се сами јас сум тука но ти мораш сам да се успиваат јас напишав ова е мое мислење и не треба никој на никого да усудува моето бебе спие цела ноќ са о се успива мене ова ми делуваше а останатите маќи како си сакаат они
     
  15. MamiV

    MamiV Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
  16. sencuk

    sencuk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Koga se tie skokovi i kako da znam?
     
  17. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Првиот скок е 5та недела, вториот 7-8, трет 12та итн. На wonderweeks се внесува терминот и се пресметува според него.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.779
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно, бебе кога заспива што во 7ипол се буди, ако е тоа 8-9 свесни сте дека се работи за скоро 12ч, ете и 10 нека се, без цицање? На крајот од денот, сами си знаете, никој нема да ви дојде дома да ви кажува што да правите. За мене е нелогично да го оставам бебето да плаче и толку. Пробувам да разберам ама не можам, тоа е.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.546
    Допаѓања:
    42.917
    Пол:
    Женски
    Не не го разбира ни тоа што велиш дека го разбира. Бебе не може да разбере зошто ти не го земаш кога плаче, бебе плаче оти комуницира со тебе дека ми треба нешто, макар тоа било и нежност и нишкање да заспие.
    Никогаш не ми бил здрав овој метод и алал да ти е како не ти се кршеше срцето додека бебето само напуштено зајдувало од плачење и се успивало преморено. Не знам која е потребата бебе да спие 12 саата без храна, не знам ниту која е тешкотијата бебе да се успие со нишкање или доење, нема да трае вечно. Еве моето заспива со доење и се буди ноќта и му давам пак града и презаспива, да може на подолг рок ќе е тешко , ама моментално на бебе од 4м тоа ми е потребата и тоа му е утеха и не пробувам да му ја скратам, мајка сум спремна бев дека нема да има спиење кога решив да имам деца.
    Мене методов ми е многу суров.
     
    На oblace1, NNK19, fashion-addict и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    8.570
    Пол:
    Женски
    На бебе после 6-7 доволен му е и еден подој, или воопшто ниту еден. До 6м не се прават никакви тренинзи за спиење на бебе, затоа што и не им се доволнп развиена сетилата за ден и ноќ. Како што бебето сме го навикнале на нешто, така и треба да го одвикнеме доколку таа навика му правои штета и му го нарушува сонот, недоволно сон кај мало бебе или дете, носи до сериозни последици, како што е важна храната, така е важно и спиењето на бебето. Зборам за над 6м бебе, ако сме мајки не значи дека треба да сме 99% посветени на бебето, да сме ненаспани, да шетаме како зомбиња, и да имаме 0 слободно време за нас. Детето треба да сњ учи на здрави навики за спиење, исто како што го учиме на здрави навики за јадење.
     
    На Lavender13 и MamiV им се допаѓа ова.