А здрава навика е да го оставиш да плаче и да заспие од премор? Никој не рече дека треба да шетаме како зомбиња и да имаме 0 слободно време ама бебе што плаче има некаква потреба, макар и тоа да е нежност. Апсолутно е важно да им се задоволат и физичките и емоционалните потреби за да се развива во стабилна и здрава личност. Плус тоа, секое бебе е индивидуа за себе, може некое бебе после 6м нема потреба за подој во текот на ноќта, а друго и тоа како има, бидејќи не сите бебиња напредуваат исто. Никој нема да ме убеди дека методов е добар, во никој случај не е. За да се наспиете вие, тоа мало беспомошно суштество на кое вие сте му цел свет нема да ја добие потребната поддршка/нежност/љубов/храна во текот на ноќта туку ќе научи да заспива во тага и премор од најрана возраст. Премногу сурово.
Не реков за тој метод конкретно, има еден тон методи. Над 6м бебе е спремно да ја пресппва ноќта, не секогаш децата плачат затоа што имаат реална потреба, знам и по моите две дома што ми се. Откако сфатив каде ми се грешките и ги подобрив некои навики, мн подобро спијат, ние сме најголемата пречка за сите одвикнувања.
Да над 6м и да има начини како да се научи да ја преспие ноќта, ама не, не е тоа овој начин. Ова не е тренинг, ова е измачување. И јас зборам за бебе од 3м, непочни 4, кое ништо не разбира скоро, а не да разбира само да се успива. Па и поголемо да е, ако има потреба да јаде ноќеска ќе му дадам да јаде, колку пати јас сум станала гладна ноќно време, знам дека не е секогаш здраво ама гладна нема да седам сигурно. Точно дека треба здрави навики да им воведуваме на децата, ама не на овој начин и не во несоодветна возраст.
Не знам дали и колку ме сфати, моите и ден денес заспиваат легнати до мене на спална и само ги префелам во креветче после тоа, премногу сум била емпатична спрема своите деца во поглед на тоа плачење, сеногаш биле земеножи во рака и смирени, па после пак пробуваме да се успиеме откако ќе сум ги смирела. Најлесно е детето стак го до тебе на града и нека дреме и цица цела ноќ, за мене тоа не е прифатливо ама ич, бебе не секад плаче ради глад, мое дете над 22ч не заспало и нема да заспие додека можам тоа да го дозволам (пример кажувам). Има нежни и прифатливи методи без детето да вришти, не сите методи за спиење се такви. Ние сме ги родиле за да се грижиме за нив да, ама ако има начин да смениме нешто во нивниот ред, зошто да не? Зошто мора секогаш да се водиме по тоа "ааа имаш бебе/дете, за тебе нема спиење" зарем треба од се живо да се откажам за да се посветам комплетно на детето зошто сум знаела што ме чека откако ќе го родам? Секако дека не.
Син ми вчера се разбуди два пати за да јаде (обично се буди еднаш) и навистина беше гладен. Двата пати шишето си го испи до последна капка, значи не плачел без причина.
Да, затоа кажав над 6м, ме разбира ништо бебе до 6м, ниту му е развиено добро сетилото како што пишав погоре. Ноќта е време за спиење според мене, а не за јадење, и тоа дете треба да го сфати, ок е да има исклучоци ама не секоја вечер, ти си посакала можеби еднаш во 3 месеци да јадеш навечер, а бебето ако го навикнеш ќе бара секоја ноќ можеби, ама навистона не е потребен подој ноќен над 6м, или еве еден барем нека е, ретко кое бебе е гладно над 6-7 месеци. Таа метоада со плачењето не е ни за мене прифатлива и не сум ја применувала, не сум ни можела. Ама имам многу други кои супер функционираат и се со нежен пиристап. Доста имам читано и применувано на тема сшиење, првото дете ми беше тотално неспијач до 22 месеци, мислам книга и јас можам да напишам за спиењево, ама секогаш сум останала доследна на тоа дека треба да легнуваат рано, да имаат рутини, добри дремки преку ден, да внесат доволно калории преку ден за да надокнадат, и да се сити цела ноќ.
Те сфатив. Кој рече дека ако имаме дете треба да сме ненаспани? Син ми се буди само за млеко, за ништо друго засега. Плаче додека не му дадам шишенце со млеко да си го испие, значи спие и во сон си го пие, штом го допие одма продолжува да со спиење. Не велам дека треба бебето цела ноќ да е на града и да не можеш да се наспиеш ама ако бара храна во текот на ноќта, тоа е сосема ок. И не, од ништо не сум се откажала поради тоа што имам дете. Го чуваме сами со маж ми ама јас од ништо не сум се откажала: спијам, вежбам, излегувам, во моментов додека сум на породилно менувам кариера т.е учам академија, така што сум турбо, а детето ми е само мотив да сум подобра од секој аспект.
Го дадов само како пример, добро е што имаш такво бебе, ти се посреќило и ти посакувам да ти остане така. Првиот син не спиеше до 22м и секогаш барав начини за да го подобрам тоа, се живо пробав и успеав, на крај сфатив дека ние сме направиле грешка. Не е ни важно де, се зависи и од самото бебе, не секое бебе е исто и со исто редослед, ритам на спиење, јадење и сл.
Да, те сфаќам. Секако ако имаш бебе што не спие, ќе бараш решение како да го средиш проблемот не само заради тебе, туку и заради самото дете, бидејќи покрај храната, сонот е од исклучителна важност за правилен раст и развој.
Погрешно ме свативте моето бебе не плачи хистерично ниту плачи сега тие беа два дена додека заспиваше само сега веќе го ставам во креветче и си заспива само без плачење то е се тоа плачење беше првиот ден значи не секое успивање таман работа ако плачи секоја вечер и јас сум мајка имам чуства не е тоа така оставило да плачи секоја вечер сега само си го оставам во кревет и си заспива
Мене ми е па несфатливо во темиве што пишуваат ми падна бебето од кревет.. моето исто сакаше до мене да спие, креветче никако ама кога почна да се превртува ме фати страв и видов не видов си го учев во креветче да си спие.. не го оставив сам, буквално во раце ми плачеше додека го нишкав и смирував ама не беше без плачење, секое бебе се лути ако му смениш нешто
Абе во раце ќе плаче ама си го утешила па оставила да спие и така неколку пати што всушност е и тренинг, ама до 6м дете да оставиш само да се успива е лудост. Прво зошто во скок им треба повеќе храна и нормално е да се буди за јадење почесто, гладо е оти интензивно расте, некои бебиња се многу вознемирени во скок па бараат повеќе нежност, некои имаат и регресија во спиење и пак ќе треба неколку дена додека да свикне, ама на 3,5 месеци колку што е бебето на членката да го оставам да се умори од плачење за да го истренирам и тоа 7 дена така да ми плаче секоја вечер, е тотално нечовечно и бездушно, плус ако станува ноќта да му давам цуцла а оно ем преморено од што плачело со саати ем гладно. Жално.
Сега пробаш да се оправдаш ама самата во првиот пост кажа дека си го оставала да се исплаче и да заспие и дека тоа траело 7 дена, сега пробаш да се оправдаш па демек не плачело хистрично, па траело само два дена. Ок е, твое бебе прави како сакаш ама дека е правилно не е, ако бебето ти е 3.5 месеци како што е и моево сега е баш во најтешкиот скок, кога му треба најмногу стимулација, повеќе храна оти трошат многу калории при учење оти овој скок е еден од најинтензивните во развој. И моето ја преспиваше ноќта па сега се буди 2-3 пати за храна и не спие мирно и му давам оти знам дека расте и знам дека ќе помине. Мајка сум и работа ми е да го смирам, тоа не е разгалување. И упорно велиш за бебе да научи дека мајката не е таму, а каде е? Каде треба да биде мајка на бебе ноќно време? Треба да биде присутна за да го смири/храни/пресоблече. Тоа бебе уште мисли дека е дел од тебе и не сфаќам која е потребата да го учиш дека не е толку рано, кога тоа си има темпо и само ќе сфати кога ќе дојде време. И не пробаме да правиме мум шејминг, ама едукација малце околу бебе не е на одмет, посебно па за работи кои се прават до 6м. И друго во вреќа за спиење рацете треба да се надвор, тоа е многу застарена и лоша пракса бебето да е замотано цело со исправени раце како мало војнче. Му ја уназадува моториката.
Се согласувам, ама за мене е лудост и бебе што се превртува и лази да го ставам на спална да ми спие, а зошто, да не станува мајката и да го зима од креветчето? Испаѓа дека полесно им е така да го остават него да се помачат да го научат во креветче. Тренингот бил траума, а замисли спиеш и одеднаш паѓаш од висина колку тебе, тоа не е траума за бебушот? Мене демек лесно ми беше да ми плаче на уво буквално додека прифати во креветче?
Не ме сфаќаш. Се согласувам дека треба да спијат во креветче, се согласувам и дека треба да се тренираат да спијат самостојно, не се согласувам на методов на членката. Додека наполнат 6м не знам дали било каков тренинг би бил ефикасен, едноставно го ставаш да спие во кревет кога ќе почне да мрда ама секако си спремен дека ќе стануваш кога ќе почне да плаче да го презаспиеш. Сигурни нема да лежиш буден и го слушаш како се оддерува од плачење.
Да се согласувам ама ме нервира што скокате сите божем сте совршени, методот со плачење само и мене не ми се свиѓа, затоа ми плачеше ама во раце, испаѓа дека секако ќе има малку плачење. Ама сега сум раат и знам дека ми е безбеден во креветчето.
Точно, бебе секогаш ќе плаче, кај нас мајките се такви одма прво прашање е "дали ќе плаче?" Да ќе плаче, секогаш за се ќе плаче, бебе дете сеедно. Моите плачат урлаат дека сируп не сакаат да пијат, плачат и кога треба косата да им ја измијам, и што? Секое бебе ќе плаче кога му менувате навика што е за негово добро!
Поентава на методов не е да се остави гладно дете да зајдува од плачење на сред вечер, туку е еден начин на тренинг при ноќното успивање, и целта не е воопшто да бебето преспие 12 часа, туку да се научи да заспива самостојно. Значи никој не вели дека ако се разбуди бебето гладно на сред вечер дека треба да го оставиш да липа до сабајле, методава воопшто не се однесува на тоа. Не, значи се почнува со ноќна рутина, го доиш, го спремаш за спиење, го легнуваш на креветче и тогаш започнув методава. Значи откако сите физиолошки потреби се задоволени. Јас лично сметам дека на бебето од најмала возраст му треба некаква структура, не мора распоред стриктно, но рутина, редослед. И исто сметам дека многу лоши навики се стекнуваат многу лесно во тие почетни месеци, како што е заспивањето со доење и заспивањето со нишкање во раце. Да, на почеток е лесно и брзо и едноставно, но на долг рок ствара лоша навика која треба да се искорени. А колку подоцна, толку полошо. Пример ние сега се обидуваме да го исфрлиме заспивањето со нишкање, целта е во неколку чекори, етапно, да стигнеме до моментот на самостојно заспивање. Прво е елиминирањето на држење во раце, значи заспивање во креветче со наша помош, а здравје понатака, откако ќе се совлада оваа вештина, и учење на самостојно заспивање, без никакви помошни реквизити. Треба многу време и многу трпение, но ние мислиме дека на долг рок ќе се исплати. Порано или подоцна секое дете треба да ја научи вештината на самостојно заспивање и “self soothing”, и тоа е најмногу за нивен бенефит, не наш. Значи не е од себични причини како што се наведува на темава. Секако дека и мене ќе ми значи многу доколку успивањето трае 10 минути, а не час-час и половина ко сега, ама треба време за да стигнеме таму. Заспивањето е една од најтешките вештини кои детето треба да ги совлада. Во поглед на спиењето од 10-12 часа, зошто да не? После одредена возраст нормално. Доколку потребите за јадење се задоволени во текот на денот, значи детето ги добива потребните калории во едно деноноќие, зошто да не би се оставило да спие 10-12 часа? После извесен период тоа будење на сред вечер за јадење е чиста навика, а не потреба. Па колку мајки на форумов само кажуваат дека имаат проблем со овие ноќни будења дури и во подоцнежни возрасти, тоа е се за жал стекната навика. Секако има периоди на скокови, вадење заби, настинки кога се ова е прикладно, но во “нормални услови” преспивањето е здрава навика, која како се останато треба да се стекне. За мене недонаспано бебе е еквивалент на недоухрането, не можам да кажам дека едното е побитно од другото кога и двете се битни. Нема потреба за мам шејминг, ама мислам дека многу луѓе на темава даваат емотивни коментари, а воопшто не седнале да прочитаат повеќе околу методава (или било кои други методи). И за повивањето и се нафрливте на членката, а вистината е дека во САД препорачуваат повивање, во ЕУ не. Извори на интернет има многу, секој си бира што ќе чита и што ќе применува.
Од крајност во крајност одите… не зборуваме за плачење за било што, туку баш за cry it out методот на заспивање… И да и моите плачат и едното тантруми има и вришти и урла.. Ама да споредуваш плачење на дете од 2-3,4,5г и бебе од 3,5 месеци е лудост! Па тоа е бебе бе на кое ти и само ТИ си му целиот свет, до вчера во стомакот ти седело цели 9м и сега наеднаш нова околина огромен простор итн итн.. да не должиме секој си знае за себе и за неговото дете ајт.