Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скок во развој кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Lady.Luck, 2 февруари 2014.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    8.564
    Пол:
    Женски
    Сфатив за која метода зборите да, јасно ми е. Ама ако плачело за се плачат бебињата и децата, без разлика колкаво е, во очите на детето секогаш мајката е целиот свет, што има врска колкаво е? Кај нас се претерува, не смее да заплаче бебе одма се трча по него истата секунда, затоа све сами си правиме како родители, бебе ќе плаче секако, која сакаш метода применувај ја, иако и јас не сум за cry it out, и никогаш не сум ја применувала.
     
  2. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми беше дека со дете кое веќе зборува ќе се разбереш секако, знае да ти каже ми се јаде, ми се спие, затоа ги спомнав годините:D а кај бебче од 3м само претпоставуваш зошто плаче па пробуваш се за да видиш што сакало уствари:D
    Плачат и ќе плачат да, нема ништо лошо во плачењето… ние возрасните не плачеме? Ама затоа сме ние тука да ги утешиме, гушнеме…
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    8.564
    Пол:
    Женски
    Така е, се е така. Сакам да кажам дека за дете секогаш ќе ти биде жал да ти плаче, нормално. Бебе не може да каже, па ни до 2 години не можат убаво да кажат што ги боли и дали ги боли. Секако треба секогаш да ги утешиме.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.541
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Не рековме дека сме совршени, ама за едно збориме јас и ти за друго збори членката. Да нормално е дека ќе плаче бебе за нешто, ама кога плаче притоа дали се обидуваш да го смириш, дали со држење, нишкање, гушкање, зборење? Јас да, мене не ми нормално бебе од 3м, да се зајдува од плачење, јас притоа да отидам во друга доба и да го оставам да престане само да плаче, да се исплаче, што всушност препорача членкава да се прави. Тој метод е тој, да го игнорираш бебето додека плаче и да чекаш да престане да плаче додека не си му во видик, ниту да го утешиш ниту ништо, мислам во кој свет вас ова не ви е сурово?
    @Mumoftwo30
    Инаку да се согласувам дека тренинг е потребен и има методи како да го направиш истиот, исто така спиењето 10-12 саата е нормално за дете и здраво ама кога ќе е спремно и од соодветна возраст. Убаво е да ставиш некоја рутина на бебе додека е мало, ама апсолутно не значи дека иако ја ставиш таа рутина ќе ја задржи после 6м. И на крај сите тренинзи за било што се препорачливи ако бебето не е во скок, регресија на спиење или вадење заби или болно. Бебето на членкава е 3.5 месеци, во 4ти скок и она го оставила да се исплаче за да заспие, за да се навикне да спие само, а на него баш сега му треба и тоа како утеха и смирување.
    @Lavender13 да знам дека во САД ја имаат таа пракса и додека во САД имаат секако многу истражувања и слично, дали реално имаш доверба во луѓе кои имаат 7 дена одмор во годината, немаат породилно и за скршен нокт треба да земаат кредит да го лечат, мислам дека они ќе изјават и “истражат” за правилно се што ќе овозможи детето да е помирно и они да можат да работат, а притоа сите знаеме дека сите лудости во светот излегуваат од Америка.
    Стварно мене не ми се за верување за било што.

    Како и да е , секој на крај ќе си ги чува децата како што сака, јас прифаќам се, начин на хранење, начин на облекување, воспитување и сл, секој има различни методи, ама мало безпомошно бебе да плаче и јас да го оставам да се исплаче ми бил безвезе совет отдекогаш и нема да го сменам мислењето без разлика на сите докази и научни истражувања кои велат дека нема последици.
     
    На X.X, MeowMeow, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.923
    Допаѓања:
    6.146
    Пол:
    Женски
    Од бебе што од рагање заспиваше само во креветче сега имам бебе што спие само гушнат во мене на спална. Се е периоди и не можеш така остро да дефинираш што е правилно што не е. За мене е најправилно да ги исполниме потребите на бебето. 5ти скок кај нас испоремети се, и еве веќе цел месец се трудиме да му ја смениме навиката со спиење на спална. Вчера ми падна, точно дека е траума и дека треба да спие во креветче, и јас бев најголем противник со спиење на спална се додека не го дочекав тоа. И според тебе што е правилно, да спие бебе па макар и на спална? Или да не спие речиси воопшто само и само да спие во креветче? Ете пример преку ден дремките му се 20 мин кога спие во креветче, ма колку сакаш презаспивај го, а на спална има дремка од 1-2 саати. Навечер исто будење на 20-30 мин со вриштење, а на спална се буди само 2 пати за млеко и одма презаспива. И? Што би направила ти во ваква ситуација? Ете цел месец се трудам да го одвикнам ама џабе, мора да се решам дали сакам ненаспиено бебе или бебе што спие на спална
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Бев во таква ситуација и пишав што направив, упорно го ставав во креветче и плачеше многу, ќе го кренам ќе се смири пак во креветче и пак плачење и така во круг додека не заспие. И моето сакаше да си цица и да си заспие во раце, ама верувај уште се будам и се штрецам, имам сонови дека јас сум заспала со бебе во раце, преголем страв ми беше тоа.
    Звучи сурово и моето може, место да си спие како што сака јас го форсирам во креветче, ама нема да можам да се помирам да го оставам така да падне во сон. А и срце и ушите ме болеа додека се одвикне на спална да спие до мене.
    Едит: имам ограда на едната страна од креветот за кога спиеше бебе на спална, можеш и таа варијанта, само за да биде безбедно штом се превртува, лази, многу мрдаат во сон. Во локо кроко ги има
     
    На Mumoftwo30 и Panovic им се допаѓа ова.
  7. MamiV

    MamiV Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Тоа траеше 7 дена додека се навикна од кои два дена плачеше по 7 мин и заспиваше но додека почна да спие без кемкање потребни 2 до 3 дена знаеше да испушти крик моето не плачеше хистерично зошто да се оправдам мислам дека јас го направив правилното кога се роди го заспивав со нишање по 3 сати па на града па незнам со што не јас сум во странство о не живеам Македонија тука ова е сосем нормално испробано од многу мајки и дозволено од Midwife но кажано е да не зајде детето јас не се правдам само поделив мислење која мајка би го ставила секоја вечер своето дете да заспива со плачење тие се два дена до три , како тоа бебињата не учат бебињата се учат ако бебето се научи да спие во раце така ќе продолжи ако бебето се научи да спие со нишање исто така и моето бебе се научи да се успива само тоа значи е учење навика на заспивање јад не го оставам да плачи со сати
    Незнам што коментари се овие како да висите сте мајки па јас да не сум или па моето дете некој друг си го сака појќе од мене моето бебе е среќно има се од што треба а највеќе љубов од двајца родители
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.541
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Ок. Терај како мислиш. И јас сум во странство и оваа метода со исплачување не ја одобруваат, ама кој како сака.
    Докажано е дека бебето до 6м не може да создаде 100% навика, зошто уште де смета за едно со мајката, било кој тренинг или рутина нема да е 100% ефикасна оти тоа бебе уште нема “разбирање” каде е и на што е. Тоа знае само за потреба од мајка, од утеха, успивање, нишкање, па макар и 7 мин биле јас не би го оставила само да се исплаче, моето на бањање еднаш плачеше две минути со зајдување па потоа липаше цел саат како преплашено не можев да го утешам, не па да го оставам да плаче, а јас да се правам на Тошо оти го тренирам на 3м да спие по цела ноќ.
    Сите си кажавме мислење, ова е моето.
    Некаде баш читав за овој метод дека бебето пошто комуницира со плачење ако го оставиш да се исплаче и да се смири само му даваш уште од мало на мозокот сигнал дека нема кој да го утеши и дека е само. Имапе бебиња кои биле тренира и со овој метод и бебиња кои не биле, тие кои биле седат и пред нив има играчки, они не можат да се опуштат да си играат со играчките и се на штрек, цело време разгледуваат на околу, додека другите си играат без проблем, наводно тие деца несвесно мозокот им реагира како да се запуштени и остава последици на развојот. Јас вакви студии читав, ама ако на вас ви одбориле и ти си решила да примениш тоа е тоа, голема си сама си знаеш.

    Еве и еден цитат од експерти, баш она што сакам да го кажам дека го прави. IMG_9032.png
    И уште едно мислење на креаторот на апликацијата Wonders Weeks која повеќето ид нас ја користиме и на која и веруваме.
    IMG_9033.png
     
    Последна измена: 3 август 2023
    На X.X, Zumbulche и MamiV им се допаѓа ова.
  9. MamiV

    MamiV Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Точно така јас се тоа го знам но го пробав и мене ми беа тие тешки денови пред да пристапам на ова што не пробав мислев дека нема да биде добар начин многу ме осудија во групата со какви не коментари сепак јас пробав успеа сето тоа бебето напредува 7.400 кг е супер напредува 64 см со тоа што
     
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.923
    Допаѓања:
    6.146
    Пол:
    Женски
    Ги има и тука оградите ама се викам дека нема да ги земам зашто ќе го одвикнам од спална. Ете веќе цел месец се трудиме, резултати речиси никакви. И мене некогаш ми е убаво да спиеме заедно, пресреќен е тогаш спие мирно и цело време гушнати сме, ама не е воопшто безбедно. Од пагањето вчера со ветив дека спалната е под строга забрана за него
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Дали некој ке може да ми пресмета?
    Родено на 21.05 а термин 15.06
     
  12. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми од прв ден спиеше на спална со нас, и уште спие на 2 ипол години, едноставно е дете кое бара поголема блискост,не дека не пробав во креветче ,но сватив дека сакам среќно бебе а со тоа и наспана мама,спалната ја преуредивме да биде залепена до зид таму каде што ќе спие таа,кога почна да лазе и да се качува секаде ,се околу спалната беше со меки ќебиња и перници,синко од друга страна пак спие од прв ден во креветче залепено до мене на спална.Се е до детето ,сега кога ги имам двајцата тоа го тврдам од искуство.

    *Според мн истражувања бебињата кои спијат со родителите спијат помирно и имаат смирено срце а со тоа добар сон кој е потребен за правилен раст,се осеќаат сигурно, се менуваат се повеќе препораките да не се применува спиење заедно со бебе(освен во случај доколку се конзумира алхохол,има дејство на лекови или премореност..).
    Ова не е само дел од наша култура кај што пораснавме спиејќи со родители ,мн други култури го применуваат овој начин.
    *Дури и овде во Англија каде беа стриктно за спиење на бебе во креветче и само таму,почнаа да менуваат препораки(на последната посета на син ми,рекоа дека е наш избор).
     
    На ohlala, Anturium и Skyler им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.297
    Допаѓања:
    102.769
    Пол:
    Женски
    Мајка сум на 2 па не сум со 0 слободно време. Читам активно, вежбам, шетам, сама и без нив, се грижам за домот, имам пријатели и роднини со кои одржувам контакт... Големото го заспивав до доцна, можеби до 4-5г, ама он е такво дете, мајкарче, си бара нежност, ова ако цица и е галениче мислам дека побрзо ќе почне да заспива само. И сега знае да се успие сам, ако му се спие знае да се успие. Ако сме мајки не сме робови, башка тие деца имаат по 2 родители, во грото ситуации нели, па другиот родител си ја врши должноста исто така.
    Не не те разбрав погрешно, совршено те разбрав, бебе плаче среде ноќ и ти му нудиш цуцла место града ако цица нели, непотребно скроз. Ако има 7400 и 64цм значи е околу 6м, колку моето, може и помало, апсолутно незамисливо бебе на 6м да му кратам подој кога сеуште млекото му е главна храна. Малово претежно заспива со цицање, ама и да не заспие знаеме да се успиеме на раменце, гушнати или пак едноставно да лежам или седам до него со тапкање по газе. Дома креветот многу крца и се буди од звукот, не нудам одма пак града туку го тапкам по газе и заспива, ама да го оставам да се исплаче нема шанси, не знам, премногу ми е тоа. А па навечер да ми стане и да не му дадам да цица, бар еднаш, шанса нема. Е сеа зборам за бебе кое се буди еднаш или ниеднаш, да се буди на 2 часа и почесто веројатно ќе барам чаре.
     
    На Anturium и 1209 им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.297
    Допаѓања:
    102.769
    Пол:
    Женски
    Ај вака, да се разбереме, спиењето и заспивањето на бебе само е супер, одлична работа е, совршено, ама не да вика до изнемоштеност и така уморно да заспие без да го утешам. Значи никоја од нас не спори дека е совршено бебе да легне во креветче и само да си заспие, ниту да спие само, ете ќе ја спомнам @danichap, нејзиното од старт спие само, ама никогаш не сум ја прочитала дека го остава само да се дере да вика и да се успие само. Скокови, чудесии, тоа се се случува додека бебе расте, мора да имаме во предвид дека бебињата не се кукли што ги палиме и гасиме, тие се живи суштества до емоции, не ни можат да се справат со сите сензации што ги снаоѓаат во текот на еден ден и затоа понекогаш се случува да се вознемирени и не сакаат да спијат, имаат лоши ноќи, ги боли стомаче, ги мачи запче, малку е сулудо да очекуваме дека нема да плачат никогаш и да ги оставиме да се исплачат и да си презаспијат.
     
    На Secret-Angel7, Anturium, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    515
    Многу коментари околу спиењето, еднаш потенцирав и пак ќе потенцирам многу е лесно кога се има деца спијачи, на кои им е доволно тапкање по газе, гушкање,пеење песничка,галење и да се презаспијат. Сите кои имаат такви деца треба да се многу среќни, пред се затоа што се одморени.

    Првото дете беше ужас со спиење, како денски така и ноќе, се случувало да нишам по 2 сати за да го легнам на креветче и да спие 30мин, навечер спиевме заедно на спална и пак истото се случуваше ќе цицаше и демек заспанни се будеше секој сат...замислете легнувате во 8 тој во 9 е виден, па давате цице и во 10 повторно е буден, па во 11 и се така до сабајле и тоа да треа долг период. Јас искрено бев многу фрустриран,уморна,ненаспанљ,несредена,депресивна, ми се чинеше дека 24/7јас заспивам бебе и дека само тоа го правам.

    Но, покрај неспиењето имав мака со несакање да се вози во кола, во количка, да не може на пат од 3 сати во кола да се успие туку само да плачи и да е нервозен.

    Имам пишувано дека Спиди и Кукличка многу ми се најдоја во тој тешки период кога бев во без излезна ситуација и кога имав тренинг за спиење. Пак ќе напоменам тренингот се состоеше да во плачење ама јас на секоја минита бев во соба да го утешам,дека сум тука,дека е време за спиење ама во раце не го земав и само јас си знам како ми беше цели 3 дена око да не склопиш и да си на штрек дали повторно плачи.

    Од кога поминаат тие 3 дена на самозаспивање и утехи,зборови да ви кажам јас добив дома друго дете, среќно,насмеано,наспано,дете кое сљкљ да се вози во кола,во количка, дете кое знаеше дека е време за спиење и дете кое повеќе ненплачеше ниту еднаш во денот кога ќе беше за спиење.

    Многу осудувања на форумов кои искрено многу ме погодија и на момент ме замислија дали бев немајка ама ќе ви кажам тоа беше најсправното нешто за моето дете бидејќи и јас бев среќна,одморена и спремна преку ден да играмнсо него.
     
    На strelec231992, le.soleil, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    4.471
    Коментаров не ти е на место. Исто ко во доење да дојде некоја мајка и да се пожали дека има проблеми со доењето, а ти да тагнеш членка која досега немала никакви проблеми со доење и да ја дадеш како пример.

    Воопшто не ми се допаѓа двојниот стандард, во темите за доење само дрндаме колку е важна психичката состојба на мајката, колку не треба да се форсира доење ако не оди, fed is best, бла бла. Иако сите сме свесни дека во првите 6 месеци мајчиното млеко е најдобар избор, и ниедна формула не може да го замени.
    А тука многу лесно судиме зошто некоја мајка се одлучила на извесен метод на заспивање. Дури и со коментари, на што се била спремна таа мајка која е во состојба да го слуша своето дете како плаче и да не превзема ништо.
    Јас би рекла дека е пострашно и понебезбедно да се биде мајка која е фрустрирана и во агонија од таков недостаток на сон како што го опиша @Panovic. Ама сит на гладен не верува.

    Така да мислам да намалиме малце со мам шејмингот, доволно беше.
     
    На strelec231992, le.soleil, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MamiV

    MamiV Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    O
    Очигледно не ме разбра моето дете не плачи , плачеше два дена од кога го оставив да се успива само Бидеќи Тогаш Кога Го Заспивав Во Раце Ми Беше Мене Тешко и Него
    Кога се осуди моето сопствено бебе да го оставам во кревет без да го нишан пејам успивам на града ПЛАЧЕШЕ СКОРО 7 ДО 8 МИНУТИ и само заспа тој ден и се разбуди во 4 часот тогаш му дадов цицле бидејќи не плачеше јас никаде не напишав навечер доцна дека плачи и се успива повторно до 6 утро тогаш му дадов млеко
    ВТОРИОТ ДЕН ИСТА ПЕСНА ПАК ГО СТАВИВ ВО КРЕВЕТЧЕ И ПЛАЧЕШЕ 10 МИН ЈАС ДО НЕГО ГО ТАПКАВ НА СТОМАЧЕ И СЕ СМИРИ ЗАСПА
    Вечерта пак со кенкање стана и пак му дадов цуцле и заспа до 7 утрото
    Тое се од тој Ден моето бебе спие без тапкање без пеење без цицка на секој два сати
    Моето бебе стана среќно како и јас среќна мајка двајцата наспани енергични и свежи за нов ден Фала Му о Слава Му на Бога моето бебе напредува подолго е од што треба килажа има повеќе од што треба јас во оваа група и во овај форум не го кажав за да ме осудувате и навредувате па да читам како вие сте мајки грижливи па вие нудите цице јас не нудам воопшто не е тоа муабет јас едноставно споделив мое искуство а не зборувам за тебе зборувам за сите во оваа група читам како секоја мајка се натпреварува колку е грижлива не постои не грижлива мајка на овај форум ако е негрижлива нема ниту да отвори форум и да чита , ако некоја мајка греши пристапот нека биди по фин по дискретен во порака не унаказување и пишување со нервоза цинично и натпреварување кој колку е искусен и паметен
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.297
    Допаѓања:
    102.769
    Пол:
    Женски
    Не е мам шејминг воопшто, туку да посочиме кога може да се воведе ова како тренинг, не може на 2м ова, може на 6-7-8 месеци, порано не е во ред не за мајката, да бебето. Ама ок, ајде ќе ќутиме оти овде само за фини работи сме, не смее да се каже ништо поинакво.
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    За плачењето се согласувам дека е сурово, но моите две деца од седми месец ноќе не пијат млеко.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    24.313
    Пол:
    Женски
    На бебе над 2 месеци не му е потребно хранење на вечер, доколку оно не бара и напредува добро. Е сега, доколку бара нормално треба да му се даде. Еве моево спие како топ од 9:30 до 7 сабајле, станува цица и продолжвиме до 9ч. Ја сум наспана мајка ама ниту еден др не ми рекол буди ја, туку ќути си и спи си мајка.

    Околку успивањето само со плачење се сложувам со вас, не би можела такво нешто, да имам слободно, а да излезам од соба и да се праам начукната,иако сум дошла во ситуација да морам да бирам кого прв да утешам, големото или малото. Иако имав грижа на совест за малово, сепак ја одбрав големата, според мене неа и бев попотребна, она разбира и многу повеќе болат зборовите кроз плач- мама молим те гушни ме, не ме оставај, него само плсчот на бебето.. сурово е и тоа да направиш поделба меѓу децата нели? Жива се јадам ама срцето на големата би и било поскршено ако земам бебе да утешам пред нејзини очи, а она остане сама и плаче во ќош. Тоа ми се десило 2-3 пати, не можам на две да се поделам, не можам некогаш двете да ги држам заедно, многу пати тоа успева ама ете се десило и да има побурни реакции ако не обрнам внимание на неа. И вистина, бебе престана да плаче, се смири.. не се успа ама почна да си се занимава сама. Така да, сакала-нејќела методата за само да се смири ја имам веќе за жал испробано. Само мајките шо имаат деца со помала разлика во години, можеби ќе се согласат со мене дека на првото се тресиш за све и свашта, а за второто имаш отрпнато и не се потресуваш на плачот толку многу кога мора да избришеш газе на тодлерче оти баш во тој момент така се погодило.

    туку, 3 скок нека мине громче оти ќе оглувиме сите дома, 4ти ќе го пречекаме во нова средина, со нови луѓе, тооп хаха нека ни е на помош
     
    На PoisonGirl, MamiV, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.