Според се ова, добредојде 6ти скок. Стра ме да отворам апп дали и офишали сме во 6ти скок, ама штом се овие симптомите тоа е, се до спиењето, сеуште спие навечер.
6ка не тресе. Од бебе што спиеше цела ноќ, синоќа не сакаше да заспие до 11, и кога заспа приплакуваше и се будеше. Дали промената на времето, дали скокот, дали е настинат, не знам, нешто е.
До скокот е. Од бебе што не спиеше сега воопшто не спие. Се буди на 45 до 1час со плачки со вртење на стомак и никакво презаспивање. А треба на одмор да идеме. Баш ќе видиме одмор...
Не тресе 4ти скок она баш јако, бубе имаше пишано дека детето не сака дрва, ова моево само таму е мирно,во парк со дрва. Не знам дали е до скокови или други чуда ама не сака во количка и не сака, се ми е ограничено шетањето мора да е се околу домот за да можам после да се вратам ама враќањето е во една рака количка во друга бебе и да знам дека не е во ред и дека не е безбедно ама одвај 15 мин да поседи во количка. Ако преживееме 4ти скок арно ќе е, денес громчето е
Некоја да ми пресмета скок, due date 11.02.2023? Мислам дека влеговме во 5 скок, ама ме интересира громчето кога е, детево ми е сменето за 360 степени
Ова црвеното ми беше потешко од сите скокови. Таква лепенка стана и остана, да не можам да мрднам. Еве го се дере додека се кријам во вц да одморам малку.
Да црвеното беше и кај нас влез во пеколот. После црвеното се спои со регресија, па одма 6ти скок. Среќа 6ти имаше неколку лоши денови на почетокот, па пауза, па уште неколку критични денови од громчето до крај. Помина
6 скок во развој, двојки растење и мама тргнува на работа утре, нека ми е само паметот цел! Не се издржува!
Мајки на малата пред две недели и заврши деветтиов скок и проблемот е што од кога заврши некако чудно и стана однесувањето. На пример Претходно кога ке ја прашавме кај ти е куклата ја бараше со поглед и одеше ја земаше , ајде чао - мавташе со рачето , каде ти е носето - покажуваше на носето и некои други работи а сега ништо не сака и не прави . Како воопшто да не е заинтересирана . Дури веќе почнува и паника да ме фаќа . Дали имала некоја мајка вакво искуство ? П.с. немаме примено вакцина во меѓувреме
Веројатно е концентрирана на нешто ново и го вежба тоа. Ќе и се врати по некој период не грижи се. Види што ново учи и помагај и побрзо да го совлада. Мојот така заборава нешто еден период па откако го совладува новото, пак му се враќа тоа претходно што го научил
5 скок на почеток, од сеа до кај 30-31ва недела очекувај да биде ѕвере. Најтешко е последните недели, од 30-32, кога им се јавува сепарациската анксиозност. После малку ќе одмарате. Со лесно!
Нели после набрзо е шести? Јас искрено веќе не знам оваа апликацијава колку е веродостојна временски. Мали е сега 32 недела. 6ти скок му доаѓа за 3 недели кога би бил 35та дека роден во 37ма. И тоа сиве скокови споре неа, во понеделник почнуваат. демек онака решително понеделнички Ама сега ме буни, кога да познаам 6ти скок?
Ќе го познаеш сигурно Кај нас 6ти беше мнооогу тежок само првите 3-4 дена и од громчето до крај, измеѓу беше супер бебе исто како да не е во скок
Можеби така се погаѓа според due date, кај нас сите почнуваат среде недела. Апп ми е точна до датум. После 5ти скок има еден мал скок од 2 недели некои, со црвено обоен, тој е потежок од сите ми се чини. Сепарациска анксиозност се јавува, те следи у чекор кај си, плаче по тебе, абе да може со суперлепак ќе се врзе за тебе. А 6кава, боже мој, цело внимание да е на него или смак света, се може сам а не може уствари, не му држи газот нели нормално, се кара ко старец некој, да не можеш да поверуваш дека бебе од 8ипол месеци така може да се кара, вчера се скара со брат му и коа му мавна со една коцка око ќе му истераше, му растури се што си градеше големиов да се изнервира и вика Може ли некој да го заспие бебево, ова не се трпи.
Леле џандааар Дали да се смееш, дали да земеш глава да чукаш ама здраво живо да е, ако. Сеа едно мора и такво да е, нели, кавгаџивче. Да, мојов го поминува периодот од 2 недели сепарација, тоа со црвено. При крај е Е сега, дали 6ти ќе му почне на денот предвиден или пак порано. Ќе видиме.
Потпис. Само моево ли во овој скок е како вечно гладно? Еве пример вечерва испи едно шише млеко, демек ќе заспива со тоа. Фино лепо си се заигра после. Помина цел час, абер нема од заспивање. Понудив вода, го зеде шишето како да нема видено ни храна, ни вода цел ден. И повторно додека не доби уште млеко не заспа.