Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скок во развој кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Lady.Luck, 2 февруари 2014.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    11.126
    Пол:
    Женски
    Кажи ми со спиење ноќе како сте :)
     
  2. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    8.430
    Пол:
    Женски
    Во 7ми скок сме и мислам дека после четвртиот е најлош. Синоќе сат ипол се будеше на десет минути со плачење викање, за да после тоа се разбуди скроз и си седеше буден до четири сат сигурно. Мислев првин дека е до запчето ама дефинитивно е до скокот, преку ден си е добар, расположен.
    Како го поминавте вие скокот? И ако сте имале вакви епизоди преку ноќ колку траеа?
     
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Не е за мене прашањето ама ќе ти одговорам. Моево веќе неколку месеци ја преспива цела ноќ со максимум едно станување. Исто и во скокот си спие ама успивањето е со часови. Плус намали на часови од ноќно спиење. Спиеше по 10тина, сега 8-9 часа. Плус и дење се обидува една дремка да скрати.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.294
    Допаѓања:
    102.756
    Пол:
    Женски
    Мислам дека спиењето е најмногу до бебето, но знае да има промени. Моето што е спанко навечер, си преспива цела ноќ, па знае навечер да се разбуди и да запее, да се зазбори, да праи нешто што не праел вообичаено и нормално, омиленото да го разбуди бате.
     
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.797
    Пол:
    Женски
    Од 7 до 10 спие без да мрдне, после тоа е журка. На пола саат-саат максимум се буди, од 1 до 2 на 15 мин си станува и вчера капакот си седеше буден од 3 до 5. Си играше во креветче.
    Јас на работа моментално, зомби. Литар кафе не ме оправа.
     
  6. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Со што се карактеризира 6ти скок? Можно ли е бајаги порано да влегле? Моментално се 34та недела, ама предвремено родени. Деновиве душата ми ја извадија, ако се водам по термин, сега би биле 29та недела, а тогаш нема скок, а децава се благо кажано неподносливи. Ај што еве ги 8 месеци ќе прават, а никогаш немаат преспано ноќ, ама овие денови успивање ми е буквално самоубиствена мисија. Гали, мази, пази, а дојде време за спиење, маваат по мене, штипат, кубат, ако ги спуштам во креветче вриштат ко да ги колам, зајдуваат, во раце не се додржуваат, доле на под кенкаат, во количка не сакаат да се возат, ништо не сакаат. Претходно кога било критично, правев стави во транспортери и пали кола, вози, сега и така плачат. Сабајле доживеав нервен слом, се дерам ко ненормална веќе, не верувам дека ќе издржам ако потрае ова.
     
    На Beatris му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Овие предвремени бебиња изгледа за се трчаат. :D

    Мислам околу 29та да беше нешто со црвено, баш @AngelOfArh ја читав пишуваше како мини скок.

    Инаку јас следам според датум на раѓање, а не според термин бидејќи повеќе ми се поклопува така. Исто успивањето е хаос. Ако не заспие со шише, па имаме вртење низ кревет или плачки, па ајде музика слушаме. Па со количка низ дома или двор или тараса. Среќа не се сите денови такви.

    Еве пример сега има некоја навика како што игра, да си легне на меше и така да си одмара, што би се рекло да си кулира неколку минути. И после почнува со плачки.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.939
    Пол:
    Женски
    Трет скок да пријавам вчера беше громчето-хаос.
    Се смее на цел глас, цика дури. Прави меурчиња со устето, вечно не е гладна. Молам бога да заспие па да ја надојам инаку будна се бори со мене, со градата со се:D
    Ноќните подои ја одржуваат.
    Будна кога е измолзено давам и тогаш гуга, збори и плука.
    Овој месец само 500гр има ставено килажа.
    Проблем е што несака АД, јас незнам како ќе јаде ова дете. Среќно, полни пелени само за јадење не ја нуди.
    А каде се 4ти и 5ти скок ехеее:(

    Дали големо родените деца помалку ставаат килажа?:^)
     
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.566
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Мила да не се подречам, и да си го урочам синко. Трет скок нас ни беше полош од сега 4 ти. И мој синко не сакаше да јаде во трет скок. И во 4 ти имаше на почетокот денови ама се смена тоа мн брзо. Инаку мислам да, дека поголемо родени деца помалку додаваат
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackSwan7

    BlackSwan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    33
    Здраво, може ли и за мене една пресметка термин 13.06.2023.
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    11.126
    Пол:
    Женски
    Мајки како е?

    Бебе е 35та недела, додуша само што ја почна. Бидејќи е роден во 37ма, по апликацијата вели дека 6ти скок ќе почне наредната недела, кога ќе е влезен во 36та недела. Нели враќа 3 недели назада, сметајќи од терминот.

    Ноо, однесувањето му е како да е почнат скокот и ме буни апликацијава (facepalm) :headbang:
    Почна да лази, седнува веќе на газе, брбори, комуницира, се пушта по топки, граба играчки, навечер кога се буди за цицање, вриска, а така правеше и во 5ти скок.
    Зборов ми е дали пример лазењето би се случило во текот на скокот или по завршувањето? Зашто засега ми е таман за справување, ама ако сѐ уште не е почнат скоков, каков ли ќе биде и колку пати ќе се буди навечер кога ќе почне?! 8-| сега некогаш 3 пати некогаш и 4, некогаш до 2 цицања...
    Затоа ако лазењево па и целата очикленост се знаци за скок, барем да не го исчекувам од нареден понеделник, да знам дека си тера скокот..а битно ми е и ако одиме малку на шетање низ некои градови, да е помирничок. :angel:
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.294
    Допаѓања:
    102.756
    Пол:
    Женски
    Марио му почна скокот скоро цена недела порано, со различно однесување, пролази во тек на скокот, а на крајот веќе се исправи во веритикала и почна да оди по мебел. Откако излезе од скокот гледам дека почна да се заигрува сам повеќе, повеќе да се концентрира на една работа и малку од малку ме олабави мене ама па го упеца маж сега и плаче и по него, што порано не го регистрираше. Во овој скок почесто стануваше навечер за цицање и му остана тоа, од бебе што еднаш до ниеднаш не стануваше за цицање сега се буди 2 до 3 пати, не вриска, само проќенкува за цицање.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    11.126
    Пол:
    Женски
    Леле што зборуваш? Стварно сега се буди толку? Баш знам велеше како добро си спие. А бе тоа е, ќе има моменти кога сите бебиња се будат. Не може да се случи да се спанковци 12 месеци.
    А во скокот вриштеше за цицање?
    Овој сред ноќ знае да вриска, ваљда е во скок.. нека е сега, да му помине, барем да не сум понатака во мисла, ако се оди негде де...
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.294
    Допаѓања:
    102.756
    Пол:
    Женски
    Не, навечер не врескал скоро па ич, или не се сеќавам, не знам, ама штом не се сеќавам не било алармантно. Он за цицање проќенкува и давам цице и продолжува одма. Иначе јас правев грешка за цицање прво станување што му е кај 2 го зимав кај нас одма и он продолжува до нас и го будиме ние уствари со вртење, со мрдање, сега го вратив и од 2 како го вратив стана дури сабајле во 7. Дали случајно или не не знам, ќе видиме.
     
  15. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.957
    Пол:
    Женски
    Искуства со втор скок?
    Денес е громчето ;(
     
  16. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Мајки, може некоја да ми каже каква е таа апликација за пресметување скокчиња? Ние тераме седма недела и сме невозможнииии... цица, плаче, дремнува 10мин, пак плаче... грчеви хаос. Посегнувам по адаптирано од страв дека е недојаден :( а си кака, мочка... збрсната сум :( дали сме сега во некој скок може да ми каже некој? ХЕЛПППП :(
     
  17. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.957
    Пол:
    Женски
    Напиши кој му бил термин за раѓање. Најверојатно сте во втор скок. Инаку апликацијата се вика the wonder weeks и се наплаќа.
     
    На Lili90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Мајки, ве молам ако има некоја со бебе 16 месеци да ми пише дали имаат скок. До сега не приметив кога бил, ама сега нешто чудно се случува. Збесна дете. Не е веќе бебе. Трча по дома, се спрема за маратон.
    И постојано е залепен за мене. Кога ќе заминам на работа, чувствува дека не сум до него и почнува да плаче и ги буди сите ;( и комшиите дури :D.
     
  19. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Da mi presmeta nekoja skok ako moze due date 20.07.2023
     
  20. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.957
    Пол:
    Женски
    Ви почнува трет скок за 2 дена и ќе трае до 15ти октомври
     
    На Girl239 му/ѝ се допаѓа ова.