Може ли некоја да види овие два датуми.. 11.02 е термин 27.01 е роден.. детево овие 2-3-4 дена се смени целосно па ме интересира дали по дата на раѓање ми се совпаѓаат.. др.гуднајт вика од пола 33та до пола 37ма трае, а кај 36та недела има тажно смајленце.. бејби е 36та недела од раѓање па поише ми оди вака него да е 34та недела
Кажи ми какви однесувања има? И мојот е влезен во 36та, роден е на 4ти фев. 3 недели порано е роден, ама како сега да му е почнат веќе. Моторно до која фаза е твоето? Мојот се расползи на големо и мене ми одговара да му е почнат сега, побрзо да го истераме ако има некаква врска. Што знам, апп само ме збуни сега, вели од денес дека му почнува а некако има промена веќе недела дена.
Лази на велико, се исправа на кревет/маса/комода и пробува да излезе од хранилка и количка и само што ќе исправи одма почнува да скока с кога го држам за раце јас обавезно едната рака сака ми ја пушти ама не е уште стабилен за со една рака.. а да и денес гледам (пу пу да не си го урочам) кога ќе се исправи на нешто знае да си се врати или на колена или на газе, не се џитка цел ко на кревет што ми се фрлаше А вака овие неколку дена само кенка нешто, нејќе раце, нејќе количка, нејќе хранилка, нејќе да лази.. дремки еднаш му се 1.5ч еднаш 15мин, навечер заспива 19:30 и до мое заспивање во 11 станува милион пати и после го зимам до мене и знае да се успие малце повеќе Насабајле е буден од 6 секој ден точно ко алармче да има, ама си викам не смеам да зе жалам кога рано си легнува и вака кога ми станува во 6 се врати со 3 дремки, од која последната е кај 4 и спие макс 30мин
Za edna edna nedela bebe prae 3 meseci denovive preku den slabo spie kenka place celo vreme moze da e tret skok ama navecer pa pocna da spie po cela nokj nekogas ednas mozs da se razbudi da jade i tolku
Дали може да ми прати некој скрин шот од апликацијата зашто мислам цело време бебе е во скок па не ми се исплаќа хаха... Родено 03.08 термин 20.08.
Devojki shto promeni primetivte kaj vashite decinja sto vlegoa vo 1 skok? Sto e toa sto mozam da ocekuvam?
6ти скок само што заврши, а бебе се буди секоја ноќ веќе цела недела во 3 сабајле и седи буден од саат до два. Некогаш плаче за во раце, некогаш само лежи на стомак и лази натаму наваму по креветче. Жива ненаспана сум, што може да е ова? Скок не е...заби не се. 9 ++ е
Исто, ама не седи буден, само сака да се мази и сака да праи браво, да го закача брат му, да ме бацува... И многу уште повеќе многу се врза за мене. Мене чудно ми е зошто никогаш не станувал навечер, а ако станел презаспивал одма.
Исто почна и моево баш тој период, скоро година е и уште има такви ноќи..пренапорно е те разбирам, и мене не ми е јасно зошто го прават тоа. Сега ми искочи некој пост на mamina spavalica на инста, дека најверојатно се случува поради многу сон преку ден