Ај и мене ако може да ми пресметате мајки 4 скок мислам дека е ама кога е громчето 11.07термин , родена 08.07.Фала унапред ❤
Мајки абе ако сакате само да знаете кога ви се децата во скокови и кога е "громчето" не ви е потребно некој друг да ви смета. Мислам можете и сами за ориентација да си пресметате. Не е толку тешко. Еве следете ја шемата подолу. По истата шема и апикацијата смета:
Таа е. И тоа јас ја имав за првото купени. По некое време ја деинсталирав, сменив неколку телефони и сега за второво повторно ја инсталирав без да ми бара наплата.
Скок 7, пројде и тоа громчето и се, јас тек сега со лавови се справувам дома. Значи успивање со полиција, со вртење, со претање, цицни, тргни се, колут напред и врати се. Двете гради ги исцица, до капка, на крај видов не видов дадов малку ад и еве го заспа, да не му е малку моево, да не ми се намали ептен... Пред добивање сум, може и до тоа да е, мада досега не се тргал пред добивање. Ми се спие ми се плаче, ќе почекам нешто да не поврати или крене тт и ќе си легнам, обично брат му вака бил кога кревал тт и повраќал.
Еве сум. Само што го вратив во креветче и си спиеше супер со едно будење околу 4, веќе трет ден ми се плаче , станува 63748282 пати и ако не го земам одма почнува да си прави муабет и се смее или почнува да плаче. Градиве 10 месеци немав проблем, сега партал ми се и ме болат. Не сакам да го вратам на спална, ама ако потрае ов уште некој ден ќе морам зошто неспиење во континуитет и одење на работа баш и не одат заедно.
Дој да се гушнеме... Секој еден скок е од лошо полошо и од тежок потежок. До сега беше тежок, ова е олово не е тешко само. Се мрднав!
Кај мојов се заби, скок и сепарациска дека тргнав на работа на куп. Кога ќе дојдам од работа имаш како навиен мамамамамама додека не го земам. Мислиш прозборе детево