Се исто, нас сепарациска не дрма еве трет месец, никако да се навикне дека не сум дома, ако се јавам на мајка ми нешто да прашам и ме чуе, крај е.
За среќа кога не сум дома умен е. Дури пред некој ден и со татко му вечерно си заспа со шише наместо цицање. Ама затоа еве ноќе ми наплаќа
Wait for it И на моиве секој скок беше потежок од претходниот. Сега го минуваме последниот, пааа колку кукав од претходните, овој е пута 10. И уште се лажам дека е до скоковите а не до карактер
Абе до карактер или не, си сака малку работа со маливе, не можеш да ги оставиш така. 2 дена детево ми беше без ред никаков, ни на јадење ни на спиење, ништо, вчера сменив саатници, сменив редот, одма е поинаку, не дека не се буди, не дека не е ќенкав, ама бар спиеше навечер. Додуша дадов ад и синоќа па се будеше вечерта ама добро, тоа е што е.
Регресија на спиење после 4ти скок колку време трае? утешете ме. Скокот помина, една недела ипол беше тежок ама ова заспивање во 1 ипол ми е мн лошо. Неможиме да функц. на работа ниту јас, ниту маж ми. До кога вака? Со првото нонстоп не спиеше па не сетивме регресија, второво имаше некој ред, сега се е променнето.
Zdravo majki,nova sum na forumot I ke mi bidi Milo so ke si spodeluvame soveti iskustvaMajka sum na prematurce rodeno vo 35 nedela 19.08.23god ,imame maka od vcera odbiva mleko po 30 40 ml pie I toa jas ako mu stavam sise ,Dali se ovie denovi skok ?
Што правеше? Моето е по апликација од саботата во скок, има некои промени но не се страшни. Што да очекувам?
Бегаше од цицка, стануваше сто пати навечер без да сака да цица туку едноставно да ме види, скрати дремка и ради тоа се успивавме по цел саат а ако станеш од кревет губиш.
Ќе си пресметате според терминот на раѓање, а не денот на раѓање. Моево е 16.08 и е во трет скок, 38 недела е роден, засега е добро се трпи, спрема првото не ги сеќавам сега скокојве се спремам за 4тиот
Лаки ја кој страв го имав од четврти. Мислев којзнае што ќе почне да прави. Додуша има уште една недела до крај. Кај мене скрати само дневни дремки од 4-5 на 3-4. Прозорец на будност се зголеми на 2 саати. Стана на две ноќи малку не вообичаено порано за неа. Два три дена имаше малку драма, ама реално кај нас први и втор до сега најтешко беше. Ова се јаде. Е сега не сака веќе сама да се успива и треба да лежам до неа да сврзе втор циклус и да си поспие повеќе од пола саат. Епа се помирив со тоа и си дремнуваме двете од 1 до 3 преку ден. Јбг. Да помине неделава и ќе се одучуваме полека и од таа навика некако. Вчера гости имавме на кафе, ги испади луѓето еј. Не сакаше да спие без мене. Не сакаше во спална дремка туку во дневна. А си спиеше во креветче за дневни дремки без проблем. Шо ја фати сега во скокот. Вајда се плаши да не мора многу да спие и во дневна како да знае дека пократо ќе биде.
Следиш на апп? Зошто си трае скокот по 3 до 4 недели си трае, не е една недела. Кај нас громчето помина ама уште 2 недели ќе си трае.