Леле буквално сеееееее исто. Моево само плус и јодла. како иде сега, подобро, полошо? со спиење како сте? повели за твојот бебуш
Дневните дремки од секогаш ни беа малку потешки, некогаш ќе се помачиме додека да заспие, но не е нешто страшно барем за сега, во 4ти скок полошо беше тоа. Сега има 3 дремки дневни, некогаш 20 мин, некогаш 2 часа. Навечер се буди за јадење само, среќа е спанко голем па си спие. Единствена разлика е за навечер што знае многу да прета, се удира со рачињата и така се буди, па плаче за презаспивање, ама во тој случај 1 мин во раце да го понишкам и одма си продолжува. Генерално, не можам да се пожалам за сега.
и кај нас дневните дремки беа исто потешки, сега ги нема. ич колку време ви траеше тешката фаза од 4 скок? стварно трае месец?
Па искрено да ти кажам не знам со сигурност. Баш во тој период бевме во Мк неколку недели, и дали промената му дојде тешко, дали скокот беше, едно 3 недели беше така потешко. Ама не секој ден беше страшен, имаше и убави денови. И ние во 4ти скок имавме мислам 2 или 3 дена кај што цел ден не можеше да заспие, едно 6-7 саати можеби беше буден. Плаче вриска да спие, а не може. Ни нишкање, цицање, цел ден во раце, ништо не помогна. Тоа ми беше мислам најтежок момент од скоковите до сега.
Изгледа ни почна црвената фаза во 5ти скок порано. Трет ден како збеснува навечер и по три и пол саати будност не сака да спие. А го налегнам вришти го исправам се смее и бара да си игра. И е повеќе кенкав од обично преку ден. Колку трае црвената фаза иначе. Ова е лудило ако е долго ќе скренам.
До кога трае фазата со м'мкање стенкање по ноќно будење за цицање во 7ми скок? Тоа е знакот за скок, нели? Станува фино убаво си цица и место да продолжи, почнува да мка да кеми и тешко призаспива, нит со нишкање, а плаче му се спие, не е да зборува нешто да брбори туку си прикемува.
Феминки, во 4ти скок се сретнавте со немање апетит? Пие мајчино млеко од шише, и некогаш знае само 40мл да испие еееедвај па после додавам во сон. Ноќе станува за јадење, тогаш пие и по 100мл. И ако може некоја да ми каже громчето дали ни помина? Термин 04.08.2023 Флаа ви
Ии луѓе дали ке се врати на старо со спиењево после скоков. Преку ден освен у раце не врзува сон никако, а плаче од што е ненаспан и црвен у очи
Што прави ноќе? Како се смени? Кај нас уште нема промени во ноќното спиење, освен ако му го промашам саатот е тогаш рика. Ама затоа преку ден секоја дремка е у раце, а го спуштам се ококорува одма и нема спиење, нема што не пробав неделава бадијала, не помага ништо. Ни возење во количка,ни нишкање нити да лежам до него, стриктно во раце да е мора и никој друг освен мене
Ноќе после заспивање се буди макс после 2ипол часа и потоа на секој час, немирно спие и се буди, претходно врзуваше 6-7часа. Преку ден првата и втората дремка лесно заспива додека сме сами дома потоа е мн тешка за наредните 2, некои денови со саати ја заспивам.
Моето нема апетит како е во 4ти скок. Само пред спиење и ноќеска пие цела доза АД инаку преку ден само го сецка та 90 та 60 како му се присакува на саат два.
Исто, исто. Ноќе без проблем, или пред спиење ако е веќе поспана. Ама еве денес нешто појави интерес и откако се разбуди..