Ќерка ми шо праеше неколку месеци после роденденот: - не спиеше за жива глава, се будеше по 10 пати, си играше, плачеше, ролеркостер. Почна да спие со мене и ме тепаше додека да заспие - работеше до мене на хранилка, мама мама, плачев од што ништо не и беше погодено - јадење, што е тоа? На јаболки и банани живееше, имам слики - облекување и соблекување беше научна фантастика - отфрли една дневна дремка а другата и беше строго во раце 15-20 минути макс, не можев да ја оставам на кревет никако Според сликите шо ги гледам кај шо ми спие во раце, тоа траело 4 месеци, нешто плус минус. После тоа е среќна на сликите некој период. Е после овие 4 месеци детево е доста постабилно за одење, многу подружељубива, не морав да бидам само јас до нејзе посамостојна стана исто -- тоа ми се удри од глава олеле мори мајко -- ама да, имав еден период после овој скок мирно дете ваљда ко научи се за што ме мачеше 4 мес уназад После тоа се врати дупло појако, ама тоа веќе не се скокови. Начин на живот е
У громот на 4 скок решив да идеме викендашки во Грција... го дигна у воздух хотелот јес да сум полабава, второ дете, ова не ми требаше
Помалку цица. И кака еднаш во 4 дена место секој ден, ваљда зошто цица помалку. Таман ќе почне да цица, врти глава да види што се случува
Не го поминавте 7ми скок мајка? Мислам дека тука негде ни се бебушите, мојот е ваков како што опишуваш, ама 8ми скок е во тек
8ми бил, не 7ми, не дека нешто мења, тој личи ко од роџење да е у скок, само имињата им ги утињам. Инаку од работи што ги прави сега: - Не дозволува апсолутно никој да си отиде, влезеш ли кај нас ако сакаш да си одиш се криеш или ќе плаче до породување, - Цица, односно би цицал, бетер од новороденче, - Лази повеќе од што одеше пред 1м, претходно само бараше шанса да се исправи да оди, сега само бара шанса да лази, иако оди стабилно на 2 нозе си се врати на 4 пак, - У раце бара да биде цело време, додуша тука е крива бабе, за да не седи на земја да не настине цело време у раце го чува, - Иако јаде парчиња од 8м прибира сега или собира месо во уста и на крај плука, а неретко знае блендирано да го лапне за секунда што не сакаше да види претходно, - Станува навечер по 2-4 пати, а преспиваше ноќ, - Хранилката е забранета во нашиот дом, не сака да ја види, - Се срами, што не се десило кај него на сите се смееше, - Се буди и додека се насмее вечност проаѓа, - Гризе, нас по раце ама и цице гризе пак, што прекина добар период, - Ќенка бетер од фазата кога излегоа првите заби, за сенешто... Јас искрено се надевам дека нема да е ова карактер!
До скокот е! Навидум почна наивно, мислев овој нема да не чепне, ама секој ден е потежок од претходниот. -Срамење покажува ако му се обрати некој непознат, врти глава на страна и се смешка -Ако му речам НЕ за некоја работа, се расплакува и почнува да се кубе (дали е можно тантруми од сега?!) -Се буди со пискање, како да го штипе некој и ни во раце не се смирува, ваљда сонува нешто. Среќа преку една вечер... -Колку и да е заигран, кога и да ме снема од видео круг, со лазење урла и ме бара по соби, ништо не можам да сработам, едвај до вц идам -од бебе што јадеше блендирани каши со страст, не сака да чуе да проба. Цела недела се мачам, смислувам рецепти со парчиња да јаде сам, се живо се фрла од хранилка. Само мекото од лебот го јаде. На раб на нервен слом сум -а да и 4ки вади.
Исто по цел ден, а во темница плаче. Пелените скоро празни. Ноќеска се буди многу често за јадење. Веќе цел скок е вака, се прашувам има ли крај или вака ќе остане..
Даали е можно 5ти порано да е почнат? Вришти а го легнеш, се смее а го станеш. Плаче од врата ако излезам, не мм кој сака нека го држи а го земам јас и раце ма сите им се смее. Глумец за медаља е или до скоков е?
Скокот си е. Јас преферирав со големиот сите да го држат во раце па од 6ти месец го остававме кај баба и дедо па немавме никаков проблем и до ден денес.
И јас мислам дека кај нас порано почна скокот и тоа 2 недели порано. Тогаш пишав дека плака за пред спиење и ржи. А па откако е почнат по апликација не гледам некоја голема промена. Значи сигурно е можно.
Oва ко близнаци да раздвоиле после раѓање мајко му. Се е исто освен јадењето, ако не му е поќеиф не блендирано, не пасирано, ако сакаш и на трепки застани тоа е.