6.5ч спие јас во 2 и пол се молзев само од една града викам ај другава нека му е полна ќе стане сега рипам од памет извадена он дувта. На крај го разбудив исто исплашена да не му е нешто ама нема температура, кивањето редовно е секако тоа од носето млеко што бљуцка а бевме на педијатар пред 2 денови го слушна нема ништо и нема ни од каде да настине. Ќе да е скокот, сега ќе видиме дали ќе се најаде и заспие или ќе го "изедам" што го разбудив
11 недела најаден пресоблеч цакум пакум све , бара само во раце кенкав е си плаче вришти некој скок е или период
Има ли крај овој скок, бебето уште недела дена ќе има 5 месеци. Одвај дремнува преку ден, со ништо не се анимира како претходно. Само да се кенка и да се вреска. Му се влоши дерматитот по телцето, што веќе не пробавме за мачкање. Досега гуглав да не случајно го боли тоа. Вака не се чеша. Не сака ниту во раце, ниту полуседнат/легнат. Е на меше е мирен, ама после пола саат и тоа му збоктисува и уште толку е изиритиран и бесен. Кенкав и раздразлив, дури и во количка приплачува, што не се случувало... Ќе се мрднам кај и да е.
Како се рачуна дали е почнат скокот,според датумот на рагање или според терминот кога бил Ако може некоја мајка да ми израчуна роден е 09.11.2023а терминот беше 18.11.2023
Majki dali nekoja ima iskustvo skokot da se sovpagja so datumot na ragjanje, a ne na toj na termin. Bebe e vo skok po simptomi i odnesuvanje od datum na ragjanje ili si haluciniram i tek treba da bide skokot.
Исто исто претходна недела беа сите симптоми на скок а демек од денес ни почнува, денес е баш мирен се смее гледа во се живо се фасцинира
Имав пишано и предходно сите тренери за спиење што се ги кажуваат регресиите во спиење и скоковите во развој по месеци. Пример во 4ти месец имаш и регресија и скок и тоа хаотично. Да апликацијата наведува датум на термин но не е точно тоа. И првото дете и второво ми се со скоковите по датум на раѓање.
Ни Ние мислам делиме роденден. Моево бебе ок беше до пред некој ден, сега хорор.... уживаше во количка, сега урла ја мислам дека 5 скок му е почнат (одговара со дата на раѓање)
Да, роденден делат девиците наши педантерии како бре 5ти скок, јас чекам 4ти да заврши хаха. И ова во количка почна малку да се мешколи во последно време, но подносливо. Се потсмири овие 3-4 дена, инаку беше плачки со мали паузи од 8 до 8. И речиси ич дневни дремки. Да не пропушти нешто
Искуства за 8ми скок Дали заодуваат по скокот? Се враќа ли во "нормала" спиењето? Се мачи сред ноќ се буди и не може да продолжи, се нервира што е буден, се вртка, бара положба, нејќе во раце, во креветче сака тапкање ама ни така не помага. Не знам како и кога да му помогнам. Всушност дали воопшто постои начин да се научи на поврзување циклуси? Да помине скокот, да почнам од цуцла да го одвикнувам, навечер не цица, во креветче сам заспива ноќе, ии уште што не ми е досредено? Тоа е, цуцлата уште. Ама како да спојува циклуси се мислам. Ајде давам кредит на одењето дел, тој сега распентерен е, ама многу клатав, со мешлак е, којзнае кога ќе заоди. За дремки преку ден полесно заспива и спие, ама ноќе партал.